fbpx

Дебата „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“

ВЕСТИ - ИНФО

22.12.15

Прегледи

sudovi

Околу 60 претставници на судството, адвокатурата, медиумите, невладините организации, академската заедница и јавната администрација учествуваа на дебатата „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“. Тие дискутираа за различните гледишта за тоа која е улогата на судиите во македонскиот правен систем, како судиите (не) оддолеваат на разни притисоци и кои предизвици им претстојат на судството и на специјалното јавно обвинителство во наредниот период.

На дебатата беше промовиран и документот за јавна политика „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“. чија цел е да понуди систематско разбирање и споредбена анализа на начинот на кој судовите го штитат јавниот интерес во Република Македонија и Европската Унија. Документот ги анализира и случаите во кои треба да претежне јавниот интерес наспроти индивидуалните права, и дали судовите во Република Македонија и ЕУ го применуваат т.н. тест на штетност кога одлучуваат во случаи од јавен интерес.

Видео

Галерија
 

Фотографии од денешната дебата „Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“.

Posted by Институт за комуникациски студии on Friday, 18 December 2015

 

Медиумски објави