mediumite javniot interes

Ве покануваме на дебата на која ќе биде презентиран документот за јавна политика „Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“. Дебатата ќе се одржи на 23-ти февруари (вторник) во хотел „Холидеј Ин“ (сала Милениум 2), со почеток во 10:00 часот.

Документот нуди систематско разбирање и анализа на улогата на медиумите во штитењето на јавниот интерес во Република Македонија. Тој го анализира начинот на кој македонските медиуми, вклучително и јавниот радиодифузен сервис, го третираат јавниот интерес во нивното известување. Документот се осврнува и на случаи од практиката во Македонија каде што медиумите известувале за прашања и теми кои го засегале јавниот интерес и нуди препораки за тоа како подобро медиумите да ја остваруваат својата улога на заштитници на јавноста.

Агендата за дебатата можете да ја преземете на овој линк.

Дебатата ќе можете да ја следите во живо на следните веб-страници: 24vesti.mk, kanal77.com.mk, novamakedonija.com.mk, novatv.mk, mkd.mk, faktor.mk и koha.mk.

Ве молиме Вашето присуство на дебатата да го потврдите најдоцна до 18-ти февруари (четврток), 12:00 часот на тел. 0230 90 004 или на е-маил: lsaban@vs.edu.mk. Лице за контакт: Лејла Шабан.

Документот за јавна политика и дебатата се реализираат во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, имплементиран од Институтот за комуникациски студии, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: