fbpx

Промоција на Прирачник за јавен интерес во новинарството

ВЕСТИ - ИНФО

10.03.16

Прегледи

Институтот за комуникациски студии Ве поканува на промоција на Прирачникот за јавен интерес во новинарството којaшто ќе се одржи на 15-ти март 2016 г., во ЕУ Инфо-центарот во Скопје од 11-13 часот.

Во Прирачникот се сублимирани општоприфатените вредности, принципи, професионални стандарди и практики во новинарството. Содржината е во тесна корелација со искуствата и потребите на медиумите и новинарите во Македонија, етичките новинарски кодекси и политики за работа во навлијателните медиумски куќи во светот. Прирачникот соодветствува и со домашната и странска регулатива која третира етичко и професионално информирање. Во него се наведени критериуми за утврдување на јавниот интерес во новинарството, а прв пат се воведува концептот за Тест за јавен интерес во новинарството.

Публикацијата е наменета за новинарите, за студентите по новинарство, уредниците и за останатите медиумски професионалци, без разлика дали доаѓаат од јавен или од комерцијален, од традиционален или од нов медиум. Исто така тој може да им користи и на граѓаните кои треба да знаат што да очекуваат од новинарите, критички да ги восприемаат информациите и да умеат да препознаат непрофесионално новинарство.

На промоцијата ќе говорат авторите: Весна Шопар, Сефер Тахири, Зоран Димитровски и Александра Теменугова. Погледнете ја АГЕНДАТА.

Прирачникот за јавен интерес во новинарството е печатен на македонски и на албански јазик, а ќе биде достапен во електронска форма на англиски јазик. Сите три јазични верзии ќе бидат ставени на www.respublica.edu.mk.

Прирачникот е креиран во рамките на проектот Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија. Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.