fbpx

Промовиран е Прирачникот за јавен интерес во новинарството

ВЕСТИ - ИНФО

15.03.16

Прегледи

priracnik 15 03 2016

Институтот за комуникациски студии го промовираше Прирачникот за јавен интерес во новинарството, во којшто се сублимирани општоприфатените вредности, принципи, професионални стандарди и практики во новинарството.

Прирачникот е во тесна корелација со искуствата и потребите на медиумите и новинарите во Македонија, етичките новинарски кодекси и политики за работа во навлијателните медиумски куќи во светот. Тој соодветствува и со домашната и странската регулатива која третира етичко и професионално информирање. Во него се наведени критериуми за утврдување на јавниот интерес во новинарството, а прв пат се воведува концептот за Тест за јавен интерес во новинарството. Автори се Весна Шопар, Сефер Тахири, Зоран Димитровски и Александра Теменугова.

Публикацијата е наменета за новинарите, за студентите по новинарство, уредниците и за останатите медиумски професионалци, без разлика дали доаѓаат од јавен или од комерцијален, од традиционален или од нов медиум. Исто така тој може да им користи и на граѓаните кои треба да знаат што да очекуваат од новинарите, критички да ги восприемаат информациите и да умеат да препознаат непрофесионално новинарство.

Прирачникот за јавен интерес во новинарството е печатен на македонски и на албански јазик. Прирачникот е креиран во рамките на проектот Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија. Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 

Фотографии од настанот

 

ПРИРАЧНИК ЗА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ВО НОВИНАРСТВОТО: МКД  ALB