ТВ НОВА во периодот од 21 до 29 ноември 2016 објави најмногу прилози за предизборните активности на партиите и за двојазичноста и федерализацијата што произлезе од предизборните обвинувања на релација власт-опозиција. Оваа телевизија објави речиси ист број прилози за двете најголеми политички партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, но кога ќе се направи квалитативна анализа на врамувањата, е присутен позитивен, пофален и често пати пропагандистички став кон ВМРО ДПМНЕ, додека има негативен пристап во известувањето за СДСМ. Двојазичноста и федерализацијата, кои власта во предизборната кампања и ги припишува на опозицијата, доминираат во прилозите со негативен став кон СДСМ. Во фаворизирачкото известување за власта, програмата на ВМРО ДПМНЕ е претставена како „реална“, а тезата дека тие се сигурни победници се поткрепува со анкети објавени во провладини весници.

ИЗВЕШТАЈ - МКД  ENG        ЗАКЛУЧОЦИ - МКД  ENG       ИНФОГРАФИК-1

tv nova