fbpx

ResPublica видео подкаст: Новата влада да води зелена економија

ПОДКАСТ - ЌЕ СЕ БРИШЕ

30.06.17

Прегледи

Отворањето на рудници во југоисточна Македонија воопшто не е оправдано зашто ќе бидат темпирани еколошки бомби. Од другата страна на државата, Шара треба да се прогласи за национален парк заради нелегалното сечење дрвја и лов на дивеч и неконтролираното пробивање патишта и градење куќи и хотели. Новата влада треба да води т.н. зелена економија, која ќе овоможи приходите од искористувањето на природните ресурси да ја унапредуваат животната средина, а не да профитираат само мал број луѓе. За еколошките приоритети во државата, во ResPublica видео подкаст зборуваат Антонио Јованоски од еколошкото-младинско здружение „Гоу Грин“ и биологот Кирил Арсовски.