fbpx

Промоција на проектот „Изразување на јавниот интерес“

ВЕСТИ - ИНФО

29.09.15

Прегледи

eu info

Проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“ беше промовиран на прес конференција што се одржа на 24 септември во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.

На присутните претставници од медиумите и од граѓанските организации им беа објаснети трите компоненти кои ќе бидат реализирани во текот на проектот: (1) креирање документи за јавни политики и организирање дебати за истите, (2) развивање упатства за уредувачка политика кои ќе им помогнат на редакциите и медиумските професионалци да вршат новинарство кое ќе му служи на јавниот интерес и (3) поттикнување на граѓаните и експертите активно да се вклучат во јавната дебата за прашања од јавен интерес преку иницијатива за дигитално граѓанство Res Publica.

За да се достигне поширока публика и да се зголеми свеста на јавноста за значењето на јавниот интерес, Институтот за комуникациски студии потпиша меморандум за соработка со осум медиуми - телевизиите „Телма“ и „24 Вести“, националното радио „Канал 77“, дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“ и информативните веб-страници „Нова ТВ.мк“, „Фактор.мк“ и „Мкд.мк“. Исто така, медиумите се согласни да учествуваат во претстојниот процес за креирање упатства за уредувачка политика и новинарство од јавен интерес, вклучувајќи го и тестот за јавен интерес во новинарството.

На прес конференцијата беше промовиран и академскиот блог www.respublica.edu.mk, кој е дел од иницијативата за дигитално граѓанство Res Publica.

 

Галерија
 

 

Видеа