fbpx
 

Priracnik za mediumska pismenost 150x215
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и Институтот за различности во медиумите од Лондон го изработија „Прирачникот за медиумска писменост за млади, за медиуми и за граѓански организации“. Во него се содржани корисни совети како сите овие групи можат да ја промовираат медиумската писменост.

Преземи (МКД)    Преземи (ALB)    Преземи (ENG)

Mediumskata pismenost vo Makedonija obid za impelementacija vo osnovnoto obrazovanie 150x215
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, со поддршка на Бирото за развој на образованието го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: обид за имплементација во основното образование“, со цел да се утврди како се третира овој концепт во наставните планови и програми, кои облици на стекнување знаења за медиумска писменост се користат (дидактички материјал, опрема, просторни услови и сл.) и каква е едукацијата на наставниот кадар за медиумска писменост.

Преземи (МКД)    Преземи (ALB)    Преземи (ENG)

Priracnik za gragjanskite organizacii edicija 150x215
Прирачникот „Како поефикасно да комуницирате со граѓаните преку дигиталните медиуми: прирачник за граѓански организации“ нуди преглед на можностите кои ги нудат дигиталните медиуми наспроти традиционалните. Дополнително, се осврнува кон тоа како дигиталните медиуми можат да им помогнат на граѓанските организации во промовирање на нивните активности, проекти и иницијативи. Прирачникот содржи и практични совети за креирање на ефективни пораки, сегментирање на публиката, и совети за тоа кои дигитални алатки се најсоодветни за одредени публики, како најлесно да се измери влијанието на социјалните медиуми и како да се подготви план за социјални медиуми што ќе им помогне на граѓанските организации да се доближат до својата целна публика.

Преземи (МКД)

pogolema odgovornost ili zasilena propaganda novinarska etika vo digitalnata era 150x215
Документот „Поголема одговорност или засилена пропаганда: новинарската етика во дигиталната ера“ се фокусира на предизвиците и проблемите со кои се соочува новинарството во дигиталната ера. Документот нуди осврт кон легислативата од областа, преглед на случаи од практиката, и препораки за тоа како медиумите и новинарите да известуваат професионално и етички.

Преземи (МКД)    Преземи (Резиме - МКД)    Инфографик (МКД)

Govor na omraza vo mediumite vo Makedonija
Документот „Слободата на изразување наспроти говорот на омраза во медиумите во Македонија“ се фокусира на проблемот со говорот на омраза кој постои во медиумската заедница во Македонија. Документот нуди осврт кон европската и македонска легислатива од областа, нуди преглед на случаи од практиката, како и препораки за ефективно и систематско справување со говорот на омраза.

Преземи (МКД)    Преземи (Резиме - МКД)    Инфографик (МКД)

povrzuvanje so gragjanite edicija 150x215
Анализата „Поврзување на граѓаните: дигитални комуникации во граѓанскиот сектор во Македонија“ се осврнува кон користа и потребата од ефикасно и ефективно комуницирање на граѓанските организации со своите целни групи и пошироката јавност користејќи современи комуникациски алатки и техники. Дополнително, ги истражува капацитетите и ресурсите со кои располагаат граѓанските организации, а кои се однесуваат на дигиталните комуникации и степенот до кој тие применуваат дигитални алатки за да ги пренесат своите пораки до јавноста и целните групи.

Преземи (МКД)

Regulacija na onlajn mediumi za web FINAL 150x215
Документот „Зајакнување на професионалните стандарди или ерозија на слободниот говор: регулација на онлајн медиумите во Македонија“ се осврнува кон проблематиката поврзана со регулирање на онлајн медиумите и предизвиците и проблемите кои произлегуваат од овој процес. Документот го анализира домашното и европското законодавство од областа, и нуди препораки за подобрување во областа, применливи за различни чинители во македонското општество.

Преземи (МКД)    Преземи (Резиме - МКД)    Инфографик (МКД)

Building Trust in Media in SEE 150x215
Анализата „Потрага по нови решенија: Креирање на идеален курикулум по новинарство за Југоисточна Европа“ има цел да ги утврди составните елементи на идеалниот курикулум за студии по новинарство во Југоисточна Европа (ЈИЕ), земајќи ги предвид различните структурални и општествено-политички околности со кои се соочува новинарското образование во овој регион. Истражувањето има цел да ги поттикне високообразовните институции да ги следат препораките опфатени во него како и да ги оценуваат и модификуваат своите курикулуми по новинарство преку следење на индикаторите утврдени во ова истражување.

Преземи (ENG)    Преземи (МКД)    Инфографици (МКД)    Инфографици (ENG)

Idninata na javniot radiodifuzen servis MK 150x215
Како Македонската радиотелевизија (МРТ) да се трансформира во модерен радиодифузен медиум близок на граѓаните? За да се направи тоа, потребен е поинаков нормативен модел на јавен сервис од оној што е сега вграден во законската регулатива – партиципативен модел на јавен медиумски сервис. Промените кои треба да се направат мора да бидат сеопфатни – од измени на регулативата, обезбедување соодветни независни и стабилни извори на финансирање, изготвување сеопфатна стратегија за развој на МРТ и внатрешни организациски и технолошко-продукциски зафати. Документот за јавни политики „Партиципативен модел за јавните медиуми во Македонија: Заживување на една идеја“ е изготвен во рамки на проектот „Перспективи и развој на јавните медиумски сервиси: Компаративна студија на развојот на јавните радиодифузни сервиси од Западен Балкан во светлината на евроинтеграциите“.

Преземи (МКД)    Преземи (ENG)

kampanji za javen interes dokumenti i rezime 150x215
Анализата „Кампањи од јавен интерес на македонски начин: информирање на граѓаните или политичка пропаганда?“ има цел да утврди дали кампањите од јавен интерес кои беа спроведувани во медиумите во Македонија изминативе неколку години беа од јавен интерес или служеа на интересите на политичките елити или на други институции? Анализата се осврнува и на македонското законодавство и на тоа дали истото се почитува при спроведување на овие кампањи. Во документот се наведени и препораки за подобрување во областа.

Преземи (МКД)    Преземи (Резиме - МКД)    Инфографик (МКД)

baranje za sistemski mediumski reformi 150x215
Во пресрет на претстојните реформи во медиумската сфера кои произлегуваат од Пржинскиот договор, група медиумски организации до Владата поднесоа Барање за спроведување системски медиумски реформи во кое се нагласени приоритетните прашања за кои се неопходни итни законски измени и практични мерки што треба да ги спроведат надлежните институции. Од Владата, исто така се бара да започне инклузивен и транспарентен процес на јавна расправа со сите засегнати субјекти, како за приоритетните така и за другите проблеми чие решавање може да доведе до подобрување на слободата на изразување и на состојбата во медиумскиот сектор.

Преземи (МКД)

pod oko na javnosta 150x215
Целта на анализата „Под окото на јавноста: правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е да утврди дали информации за јавни личности објавени во медиумите го задоволуваат т.н. „тест на јавен интерес“, односно дали медиумите правилно ги балансираат правото на приватност на тие личности со правото на јавноста „да знае“. Документот нуди и преглед и анализа на легислативата во областа, и оценува дали истатата ги задоволува европските стандарди.

Преземи (МКД)

Mediumska pismenost komplet FINAL 150x215
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше истражувањето „Медиумската писменост во Македонија: алката што недостасува за активно граѓанство“. Во извештајот освен што се објаснува концептот „медиумска писменост“ и како тој е дефиниран во меѓународната регулатива, се анализираше состојбата со оваа област низ локална перспектива, односно како медиумската писменост се разбира и практикува во средното образование, во граѓанскиот сектор и во медиумите во Македонија. Истражувањето се реализираше со поддршка на Европската Унија.

Преземи (МКД)    Преземи (Заклучоци - МКД)    Преземи (Заклучоци - ENG)

Komunikacija protesti FINAL za web malaslika 150x215
Целта на истражувањето „Здружени за промени: враќање на владината отчетност преку граѓански протести“ е да ги согледа комуникациските практики на медиумите, активистите и претставниците на државните институции за време на некои од граѓанските протести кои се одржаа во Македонија во 2014 и 2015 година. Односно, на кој начин овие чинители комуницираат со своите целни групи, и како нивните активности се врамувани во медиумите.

Преземи (МКД)     Преземи (ENG)

BP MKD FINAL 08.07 150x215
Група експерти и граѓански организации, меѓу кои и Институтот за комуникациски студии ИКС подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.

Преземи (МКД)    Преземи (ALB)    Преземи (ENG)

Privatnost i javniot interes 150x215
Целта на овој документ е анализа на балансот помеѓу правото на приватност и правото на информирање на јавноста. Документот се осврнува на европското и македонското законодавство од областа на приватноста, на примери од праксата на медиумското известување во Македонија од овој аспект, и нуди препораки за подобрување на политиките во областа на приватност и информирање.

Преземи (МКД)    Преземи (ENG)

priracnik mediumite 11 03 2016 150x215
„Прирачникот за јавниот интерес во новинарството“ ги сублимира општоприфатените вредности, принципи, стандарди и практики во новинарската професија. Базиран на етичките новинарски кодекси, на домашната и странската медиумска регулатива и политиките за работа во највлијателните информативни куќи во светот, прирачникот дава јасни критериуми за утврдување на јавниот интерес во вестите. Освен 10-те основни принципи во новинарството, книгата го воведува тестот за јавен интерес во новинарството.

Преземи (МКД)   Преземи (ALB)    Преземи (ENG)

policy Brief 150x215
Институтот за комуникациски студии направи Резиме за јавните политики во кое прави проценка на состојбата во медиумскиот сектор во Македонија во контекст на препораките изнесени од Групата високи експерти предводена од Рајнхард Прибе. Резимето содржи прецизни докази чијшто заклучок е дека Македонија нема создадено елементарни услови за да се одржат фер и демократски избори во април 2016 година.

Преземи (МКД)   Преземи (ENG)

mediumite i javniot interes vo mk 150x215
„Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“ ја анализира улогата на медиумите во штитењето на јавниот интерес во Македонија, и начинот на кој македонските медиуми го третираат јавниот интерес при известувањето. Документот го анализира медиумското законодавство на Македонија и нуди препораки за зајакнување на улогата на медиумите во заштитата на јавниот интерес во Македонија.

Преземи (МКД)   Преземи (ENG)

sudovi i Javen interes 150x215
„Судовите: чувари на јавниот интерес или на поединечни интереси“ се занимава со позначајните прашања врзани за јавниот интерес од аспект на уживањето на основните слободи и права на граѓаните и правните субјекти во Република Македонија. Целта на документот е да ги прикаже различните гледишта околу улогата на судовите во однос на балансирањето помеѓу индивидуалните слободи и права  и јавниот интерес.

Преземи (МКД)   Преземи (ENG)

dekonstruiranje 25 09 2015 150x215
Појдовниот извештај „Деконструирање на концептот на јавен интерес во Република Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните“ овозможува сеопфатен преглед на тоа што претставува јавен интерес, и како овој термин е употребуван во различни правни и етички контексти. Дополнително, извештајот ги утврдува клучните чинители кои го штитат јавниот интерес во едно општество и ги идентификува најдобрите практики во областа.

Преземи (МКД)    Преземи (ENG) 

znacenjeto zad naslovite 150x215
„Известувањето за меѓурелигиските и меѓуетничките тензии: значењето зад насловите“ се фокусира на медиумското покривање на прашањата од мултиетнички и мултирелигиозен карактер и на почитувањето на професионалните новинарски стандарди во информирањето на јавноста.

Преземи (МКД)     Преземи (ENG)

mediumite na zaednicite 150x215
„Известување од паралелни светови: медиумите на заедниците во Македонија“ отворa сериозни прашања за правата на етничките заедници во медиумската сфера во Македонија, за регулаторната политика во оваа област и за предизвиците што се поставуваат пред новинарската професионална заедница.

Преземи (МКД)       Преземи (ENG)

sozdavanje vesti 150x215
„Различностите низ призмата на редакциите: Поглед одблизу врз создавањето на вестите“ ја прикажува состојбата во редакциите и ставовите и перцепциите на уредниците, новинарите и на дел од сопствениците за темите поврзани со известувањето за различностите.

Преземи (МКД)    Преземи (ENG)

audiovizuelni kreativni industrii 150x215
Во оваа публикација се објавени најважните документи што произлегоа од проектот „Мерење на економскиот придонес на аудиовизуелните индустрии во Македонија“. Насоките за развој на аудиовизуелните индустрии ги содржат идеите и мерките што ги предложија претставници на овој сектор во многубројните дискусии и средби, заедно со Оперативен план за нивната реализација.

Преземи (МКД)    Преземи (ENG)

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

logo modem

Следете не