fbpx

За КАИРОС

КАИРОС: Журнал за медиуми и комуникации е меѓународно научно списание со отворен пристап и платформа за размена на знаења и идеи на наставници, академици, истражувачи, студенти и други професионалци кои сакаат да го споделат своето знаење за одредена тема со своите колеги и јавноста. КАИРОС е наменет за академици и професори, студенти, медиумски експерти, истражувачи, и други професионалци од областа.

Цели и опсег

Списанието има за цел да биде научен форум на академици и практичари во следните области:

  • нови медиуми, дигитални технологии, писменост за вести;
  • медиумска писменост поврзана со специфични форми на комуникација, како што се медиумска уметност, игри и учење, социјални медиуми и трансмедија;
  • различни перспективи обезбедени од дигитално раскажување приказни, младински медиуми, граѓански ангажман и критичка педагогија;
  • прашања за политика, историја, проценка и евалуација;
  • како и теми поврзани со популарната култура, глобалните медиуми, образованието на наставниците и идентитетот, образовните науки: управување со образованието, образовните технологии, иновации во образованието, истражување во образованието.

Освен овие области, добредојдени се и други текстови кои нудат нови перспективи и решенија релевантни за медиумското образование, критичкото размислување и медиумската писменост и ќе бидат разгледани за објавување во списанието.

Рецензија

Сите написи подлежат на double blind рецензија. Меѓународни експерти од академската заедница се вклучени во процесот на анонимна двојна рецензија како членови на меѓународниот уредувачки одбор. Целта на ова е да им се понуди на авторите можност да ги подобрат своите текстови користејќи во согласност со најдобрите академски и истражувачки стандарди. Рецензентите не се институционално поврзани со авторот на написот доставен за објавување.

Надоместоци за поднесените текстови

Нема никакви трошоци за поднесување и рецензија на текстовите.

Авторски права и лиценцирање

Ова списание е лиценцирано според Creative Commons Attribution-NonCommercial 4.0 International (CC BY-NC 4.0). Авторите ги доделуваат авторските права или ги лиценцираат правата за објавување во нивните статии, вклучително и апстракти, на Институтот за комуникациски студии. Ова ни овозможува да обезбедиме целосна заштита на авторските права и да ја дистрибуираме статијата до најшироката можна публика.

Извори на поддршка

КАИРОС е објавен во рамките на проектот за медиумска писменост YouThink, имплементиран од ИРЕКС заедно со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Активностите на YouThink се овозможени со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).