Abdulmenaf Bedzeti 120x160Абдулменаф Беџети е  професор на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и е редовен член во МАНУ. Во 2002 година, докторира на Економскиот факултет при УКИМ и има над 80 објавени научни трудови, четири книги и над 300 артикли (анализи, колумни, есеи, и сл.). Активен е во општествениот живот и учесник во професионални, научни и разни тркалезни дебати во земјата и пошироко. Беџети беше член на Владата на Република Македонија од 1996 до 1998 година, а претходно беше заменики в.д. директор на Управата з ајавни приходи.

Aleksandar Samardjiev120x160Александар Самарџиев е магистрант на Институтот за комуникациски студии. По завршувањето на студиите по новинарство во 2004 година, почнува да работи во локалната телевизија Кисс од Тетово. Во 2007 по стекнување на меѓународен сертификат за интернет новинарство во Холандија, е назначен за уредник на интернет страницата. Од 2009 година станува главен и одговорен уредник на ТВ Кисс. Од 2004 година работи и како дописник за повеќе национални медиуми. Со весникот Време соработувал од 2004 до 2007 година, а од 2008 со ТВ Сител и весникот Нова Македонија. Од јули 2013 е дописник и на Радио Слободна Европа.

aleksandra zivkovic 120x160Александра Живковиќ е магистар по правни науки. Во 2016 година ја одбранува тезата “Корупција во високо образование: Анализа со посебен осврт на работата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„-Скопје“. Нејзиниот главен фокус на работа е политики во средното и високото образование, со посебен акцент на областите студентски права и студентско организирање, дискриминација и социјални политики. Во изминатите години е активна во неколку студентски иницијативи, од кои и во Студентскиот пленум. Во 2016 година учествува во комисијата на УКИМ за измени на Статутот во поглед на студентското организирање.

aleksandra filipovaАлександра Филипова е студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Се интересира за областа на граѓански и човекови права, а ужива во организирање на општествено корисни настани. Граѓански активист кој три години активно е вклучен во граѓанскиот сектор. Вработена во Младински образовен форум како локален координатор на медиа-арт клубовите во Скопје.

Atidze selman120x160Атиџе Селман е дипломиран новинар и студент на магистерските студии на Институтот за комуникациски студии. Има долгогодишно работно искуство како новинар во Редакцијата за емисии на ромски јазик при Македонска радио телевизија. Нејзина сфера на интерес е истражувањето и известувањето во областа на социјалата и образованието.

ardita abazi imeri 120x160Ардита Абази Имери е програмски координатор за ЕУ Acquis и секторски политики во Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје. Магистрира на правниот факултет при Универзитетот во Мастрихт. Помеѓу 2008 и 2010 работеше во Секретаријатот за европски прашања.  Моментално работи на проекти поврзани со реформите на јавната администрација и Поглавјето 23.

ana nesovksaАна Нешовска е студент на Првниот Факултет Јустинијан Први во Скопје, на правни науки. Особен интерес и претставуваат човековите права и нивното реализирање низ интердисциплинарната призма на право и социологија, право и филозофија, како и право и литература. Ужива да чита дистописки книги.

aneta sijakovaАнета Шијакова магистрира на меѓународна политика на Правниот факултет, по што работи на докторска дисертација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универизитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Како сертифициран тренер за новинарство и односи со јавноста предава во областа на неформалното образование во Македонија и регионот. Како стручњак од областа го предава предметот односи со јавност на „Бизнис Академијата Смилевски“, по претходно искуство на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи. Таа е активен новинар во националната ТВ Канал 5 и неделникот „Јавност” и е соработник од Македонија на американскaта веб публикација “JustLuxe”. 

Blagica Novkovska 120x160Благица Новковска е универзитетски професор, доктор по економски науки и магистер по социјална политика. Работела 27 години во Државниот завод за статистика од кои десет години како директор на институцијата. Како експерт работела на многу проекти на меѓународните институции од кои најзначајни се: Светската Банка, Меѓународниот монетарен фонд, Меѓународната организација за труд, УНИЦЕФ, Европската комисија, како во Македонија, така и на Западен Балкан и во Африка. Коавтор е на повеќе книги и автор на многу научни трудови објавени во национални и меѓународни списанија.

blagica petreskiБлагица Петрески е главен економист и извршен директор на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики во Скопје. Таа е истражувач во областа на банкарскиот систем и економијата, залагач за подобри економски политики и интензивен советник на политиките. Има силна професионална позадина во анализи за банкарскиот систем, која произлегува од нејзиното петгодишно работно искуство во една од најголемите комерцијални банки во Македонија. Благица е добитник на Наградата за млад истражувач на годината од НБРМ и на Наградата за најдобар труд во областа на ризици и осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

blagoja markovskiБлагоја Марковски е доктор по военополитички науки. Основач е на Службата за односи со јавноста во Министерството за одбрана на Република Македонија, а има извршувани работни функции на раководител на Службата, портпарол на АРМ и МО и советник на министерот за одбрана за военополитички прашања Денес, во улога на претседател раководи со Балкански форум за безбедност чија сфера на интерес се теоретско-емпириските согледувања и анализи на политичко-безбедносните проблеми во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Blazen avtor 120x160Блажен Малески е студент на политички науки при Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Се интересира за областите родова еднаквост, граѓанско и младинско учество како и правата поврзани со јавните собири. Во граѓанскиот сектор активен повеќе од четири години како член и помлад истражувач на тинк тенк организацијата Реактор – Истражување во акција.

borjan gjuzelovБорјан Ѓузелов е докторант на Queen Marry University of London. За главно поле на научен и професионален интерес ги има демократизацијата на постсоцијалистичките општества и доброто владеење. Автор е на неколку трудови од областа на социјалниот капитал, неформалните практики и антикорупцијата.

bojan georgievskiБојан Георгиевски ги завршува магистерските студии на Правниот факултет, на катедрата по Меѓународно право и меѓународни односи, Toj е избран во наставното звање предавач од областа на правните науки на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Неговите истражувачки интереси се движат во неколку полиња: правото на приватност и заштитата на лични податоци, медиумското право и новите социјални медиуми. Автор е на неколку академски и истражувачки статии.

vesna andonovaВесна Гарванлиева Андонова магистрира деловна администрација на Универзитетот Лајден, Холандија од 2006 година. Таа е постар истражувач во Центар за економски анализи (ЦЕА) во областа на микро и макро економија, деловно опкружување, анализа на политики итн. Поседува повеќегодишно искуство во областа на управување на деловен развој и проектно управување.

vesna soparВесна Шопар е долгогодишен есперт во областа на информирањето и комуницирањето, масовните медиуми, јавното мислење, интеркултурното комуницирање, информациско-комуникациските теории и системи, медиумското право, деловното комуницирање, политиката и медиуми. Таа има објавено повеќе од 40 научни публикации, книги, монографии, учествувано во голем број научни собири, конференции и семинари како и учествувано во повеќе од 30 научно-истражувачки проекти во земјата и во странство. Професор Шопар била и е член на бројни организации и асоцијации во Македонија и во странство.

V Mitkovski blogeriВлатко Митковски е дипломиран филолог по македонска книжевност и хрватски јазик и книжевност. Стипендист и учесник на Славистичката школа при Филозофскиот факултет во Загреб, Република Хрватска. Постојан судски преведувач од македонски на хрватски јазик и обратно. Моментално студент на магистерски студии за менаџирање на стратегиски комуникации на Институтот за комуникациски студии. Долгогодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи од областа на меѓународната соработка каде моментално раководи со билатералната соработка на министерството. Поле на особен интерес му е јавната дипломатија, надворешната безбедносна политика, преговори, лобирање и кризно комуницирање. 

vuko bbВуко Мелов е роден во Кавадарци во 1994 година. Моментално е студент во четврта година на Економскиот факултет во Прилеп. Сфери на негов личен интерес се јавните финансии. 

voislav s 120x160Воислав Стојановски е активист за човекови права, правен советник на Хелсиншкиот комитет и предавач во Академијата за судии и јавни обвинители. Дипломира на правни студии во Македонија, магистрира во Германија и докторира во Чешка. Поранешен стипендист на Германскиот Бундестаг, Владата на Обединетото Кралство и Макс-Планк Институтот, автор на една книга и дваесетина стручни трудови објавени во неколку држави.

boger gabiГабриела Димовска е дипломиран економист и студент на магистерски студии на департмантот Монетарна економија финансии и банкарство на Економскиот факултет во Скопје. Моментално работи како постар истражувач во Центарот за економски анализи (ЦЕА) во областа на макроекономијата,  социо-економијата, анализа на јавни политики, но и е дел од управувачкиот одбор на организацијата.  Автор е на повеќе публикации од областа на фискалната транспарентност и социо-економијата.

goran temenugovГоран Теменугов има 21 година новинарска кариера. Работел во телевизии, радио, дневни весници и неделници. Во моментов е ангажиран во Алсат-М ТВ како новинар, уредник на вести и уредник на економската редакција. Скоро 17 години се специјализира како новинар за економија. Освен дневното новинарство, во кариерата има авторство и водење на повеќе емисии, дел од областа на економијата, дел и од политиката. Во моментов примарни полиња на известување му се: фискална и монетарна политика, како и телекомуникацискиот сектор.

gorica nadjinska 120x160Горица Наџинска моментално ја изработува магистерската теза во областа на геноцидот на магистерските студии по Меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје. Во 2014 година остварува студиски престој на Филозофскиот факултет во Љубљана, Словенија. Била практикант во Македонското здружение на млади правници, канцеларијата на Народниот правобранител на РМ и во адвокатска канцеларија. Од 2015 година работи во Центарот за правни истражувања и анализи на позицијата програмски асистент.

Гоце Трпковски како новинар работи повеќе од 11 години, а во последниве пет години ги следи настаните, тековите и процесите во внатрешната и во надворешната политика. Посебно ги следи движењата на политичката сцена, однесувањето и активностите на политичките актери, односите меѓу нив, политичката култура, надворешно-политичките прашања (ЕУ, односите со соседите) од аспект на нивните рефлексии врз внатрешно-политичките односи, како и медиумите и медиумската слобода.

daneДане Талески докторираше на политички науки на Централно европскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимптешта. Ко-автор е на две книги поврзани со процесот на ЕУ интеграции и регионална соработка. Неговите трудови се објавени во Democratization, Ethnopolitics, Suedosteuropa и New Balkan Politics, и како поглавја во повеќе книги. Во 2014 година, тој доби Civil Society Scholar Award од Институтот Отворено oпштество од Њуjорк. Од октомври 2015 е визитинг истражувач на Центарот за југоисточно европски студии на универзитетот во Грац, а од март 2016 година е истражувач i на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа на Универзитетот во Ријека.

portret200250Деа Здравковска е студент на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Член е на Истражувачко друштво на студенти биолози и на Македонското еколошко друштво. Особен интерес има за научно-истражувачката работа, како и за студентското организирање и младите во општеството.

dejan donev120x160Дејан Донев има докторирано на Катедрата за философија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кадешто претходно го одбранил и магистерскиот труд. Тој предава на повеќе додипломски и последипломски студии во областа на етиката во медиумите и односите со јавноста, менаџерска и бизнис етика, политичка етика, етика и јавната админситрација, како и организациска теорија и развој, теории за глобализација и методологија на научни истражувања.

dimitar apasiev120x160Димитар Апасиев (1983, Велес) е доктор на правни науки. Тој е долгогодишен активист на Движењето за социјална правда „Ленка“. Работи како доцент на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право. Предава Римско право, Судскa реторика и Философија на правото.

Драган Малиновски дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Aдвокат од 1988 година. Во периодот 2002-2007 година е член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Аналитичар на политичкиот и правосудниот систем.

avtor blogeriЃорѓи Митревски  има повеќе од петнаесет години искуство во истражување на пазарот, истражување на медиумскиот сектор и испитување на јавното мнение. Во текот на својата кариера водел голем број на истражувачки проекти во земјава и регионот. Експерт е во областа на квалитативните и квантитативните методи за истражување. Во последниве девет години бил на позицијата извршен директор за Македонија и Косово на меѓународната истражувачка агенција Ипсос, а во моментов работи како независен консултант за истражување при што е посебно фокусиран на дизајнирање на методологии за истражување   и анализа на податоци.

Gjorgji Spasov120X160Ѓорѓи Спасов (роден 1949) е универзитетски професор. Има објавувано трудови во областа на политичките науки, комуникациските науки и односите со јавноста. Бил генерален секретер на СДСМ, пратеник во Собранието на Република Македонија, министер за правда и амбасадор на Македонија во Бугарија и во Велика Британија. Еден е од основачите на агенцијата за јавно мислење и комуникации „Рејтинг“. Објавува колумни во дневните и неделните весници и учествува во телевизиски дебати за актуелните политички прашања. Автор е и на прирачниците „Десетте одредници на социјалдемократијата денес“ и „Развојот на социјалдемократијата“ издадени од Фондацијата Фридрих Еберт, кои се користат за обука на младите социјалдемократи во земјава.

Elena Ignovska 120x160Елена Игновска е доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Институтот по граѓанско право, катедра за семејно и наследно право.

sekirarska elizabetaЕлизабета Секирарска е професор во СОУ „Перо Наков“ – Куманово. Активно работи на имплементација на современи интерактивни методи и техники во наставата и како обучувач и развивач на компјутерски алатки за работа во наставните предмети. Член е на уредувачкиот одбор на педагошката ревија „Воспитни крстопати“, каде објавува свои стручни трудови, од кои дел се наградени. Во 2013 година е прогласена за просветен работник на годината на државно ниво во категоријата средни училишта.

zhaklina svekjarovskaЖаклина Филипова - Свеќаровска e професор по книжевност и македонски јазик. Пишува поезија, есеи и слемира. Посебно е осетлива на кршење човекови права. Длабоко е уверена дека постои една единствена универзална вистина која бескрајно ја почитува - животот.

zdravko saveskiЗдравко Савески (1976) е доктор на политички науки, синдикалец и долгогодишен активист. Член е на Президиумот на Левица. До февруари 2016 бил секретар на Мултиетничкиот синдикат на образование, а претходно, професор на ФОН Универзитет – Скопје.

zlatko 120x160Златко Јакимовски е студент на магистерските студии по Казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во текот на додипломските студии на Правниот факултет престојувал неколку месеци на Универзитетот Ломоносов Москва и работел како правен советник во неколку адвокатски канцеларии. Бил анагажиран како предавач во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ по предметот Вовед во правото како надворешен соработник на НВО „Коалиција сите за правично судење“. Јакимовски учествувал и бил говорник на неколку конференции и семинари.

zoran bojarovski 200x250Зоран Бојаровски, новинар. Во својата триесетгодишна кариера бил новинар и уредник и заменик главен уредник и главен уредник во МРТ, А1 Телевизија, „Форум“ и порталот „Кирилица“ и во Алфа ТВ. Дваесеттина години е посветен во сферата на неформалното медиумско образование како тренер и предавач во Македонскиот институт за медиуми, на Високата школа за новинарство и односи со јавноста и во други граѓански организации. Автор е, и коавтор на десеттици истражувања и публикации од сферата на медиумите и граѓанскиот и медиумски активизам.

zoran gega 120x160Зоран Гега Маџовски е фриленс новинар и радио водител со новинарско искуство повеќе од 20 години. Започнал како новинар во Студенско Радио и работел во повеќе локални радио станици. За секојдневието и актуелностите пишувал како дописник на весникот Дневник, новинската агенција МИА и Радио Канал77. Од формирањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) активен е во заштитата на работничките права.

zoran dimitrovskiЗоран Димитровски е новинар, политички аналитичар и уредник со долгогодишно искуство. Со новинарство почнал да се занимава уште од 1985 година во Студентски збор и Млад Борец, каде кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, заедно со група млади новинари учествувал во македонската демократска пролет, давајќи сопствен придонес со своите политички анализи. Од 2014 година Димитровски е главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“. 

zoran kjukaЗоран Ќука работи како новинар во Слободна Европа во Прага од нејзиното формирање во 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското независно 101 радио и Лубљанското студент радио. Како новинар, меѓу другото, покривал настани од конфликтите во Македонија, на Косово и разни меѓународни настани и конференции. Има пишувано текстови и колумни во повеќе дневни и неделни весници во Македонија.

Ivan Anastasovski 120x160Иван Анастасовски e продекан за наука и меѓународна соработка на Факултет за физичко образование, спорт и здравје.

ivan vckov 120x160Иван Вчков дипломирал на Универзитетот од Оулу, Финска во областа на финансиите и на Универзитетот од Велс – Институт, Кардиф, во областа на управувањето со агробизнис. Неговите интереси се во областите на макроекономијата, финансиските пазари и финансиските инструменти. Член e на Финската асоцијација на дипломци од бизнис школи. Од 2015 е дел од тимот на Finance Think  каде што работи на прашања поврзани со фискалната транспарентност, дознаките и родовиот јаз во платите.

Ivan Durgutov 120x160Иван Дургутов е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Моментално е студент на последипломски студии од областа на казненото право на истиот факултет. Неговите полиња на интерес се казненото и уставното право особено од аспект на проучување на човековите права преку овие две дисциплини.

Ивана Туфегџиќ е дипломиран политиколог на Политички науки при Правниот факултет „Јустинијан Први“ и студент на магистерската програма по Уставно право на Правниот факултет. Област на особен интерес ѝ се човекови права со акцент на малцински права, политички систем и избори и изборни системи, како и процесите на демократизација и влијанието на религијата и политичката култура во истите.

 

Иво Босилков е магистер во областа на политичката комуникација од Универзитетот во Амстердам, како дел од програмата Еразмус Мундус Новинарство, медиуми и глобализација. Тој е дипломиран комуниколог на Универзитетот на Југоисточна Европа. Работел како новинар во информативната редакција на националната телевизија Канал 5 и бил уредник на спортската редакција. Теми на негов интерес се евроинтеграциите, јавното мислење, меѓународните односи, и секако, спортот.

Ilina Mangova 120x160Илина Мангова магистрира на компаративна политика – демократија на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ) во Лондон, Велика Британија. Моментално е докторант на Правниот факултет, отсек политички студии каде ја истражува улогата на лидерите во транзиции кон демократија. Таа ја раководи програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Македонија.

llo Trajkovski 120x160Ило Трајковски е редовен професор на Филозофски факултет во Скопје и визитинг професор на Државниот универизтет на Аризона во Теми, САД и на Јагелонскиот Универзитет во Краков, Полска. Неговиот научен и истражувачки интерес е во областите на социологијата на политиката и политичкиот систем, социологијата на граѓанственоста и човековите права и современата социолошка теорија. Има објавено повеќе трудови и преводи на социолошка литература од англиски на македонски јазик. Раководел и учествувал во повеќе домашни и странски научно-истражувачки проекти и бил научен консултант на повеќе апликативни проекти.

koalicija irena 120Ирена Цветковиќ е магистер по родови студии. Моментално работи на својата докторска теза од областа на родовите студии. Како млад истражувач работела на многу истражувачки проекти од областа на социологијата, родовите студии и медиуми. Беше авторка на општествено ангажираниот блог Фемгерила, а потоа и колумнистка во дневниот весник Дневник. Таа е активистка за човековите права на маргинализираните заедници, а особено се бави со активизам за правата на ЛГБТ лицата, корисниците/чките на дроги и сексуалните работници/чки. Активна е во неколку формални и неформални активистички здруженија. Во моментов е извршна директорка во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје.

ismail slikablogeriИсмаил Камбери има магистрирано казнено право на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата област на интерес се основните човекови права со посебен акцент на правата на Ромите и се стреми да ги застапува нивните правни интереси. Тој има искуство во меѓународни организации како ОБСЕ/ОДИХР и во  различни ромски организации. Во досегашното работно искуство, Исмаил учествувал на голем број на обуки, семинари и конференции. Моментално работи како помлад истражувач во Институтот за европска политика (ЕПИ) од Скопје на проект кој го истражува проблемот на ограничување на правото на движење на Ромите во Македонија.

Jorde Jakimovski 120x160Јорде Јаќимовски од вработувањето во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во 1979 година па до денес, работи во областа на регионален и рурален развој, структура на популацијата и социјална диференцијација, социјална и структурна политика, животен стандар и одржлив развој и пазар на трудот.

Кирил Арсовски Пржо е биолог-еколог. Се занимава со истражувања на националниот биодиверзитет и урбаната екологија. Поранешен претседател на Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), член на Македонското еколошко друштво (МЕД) и стипендист на Бугарската фондација за биодиверзитет. Граѓански активист, пишува анализи и држи предавања од областа на заштита на животната средина.

kostantin bitrakov 120x160Константин Битраков е магистер по правни науки во областа на управното право и граѓански активист во повеќе формални и неформални здруженија. Негово особено поле на интерес е токму управното право, но и целокупната правна проблематика.

 

Kristijan FidanovskiblogКристијан Фидановски е студент на политички науки и источноевропски студии на Универзитетскиот Колеџ Лондон. Негови примарни интереси се политиката и општеството на ексјугословенските простори.

Лепосава Огњаноска е дипломиран правник при Правниот факултет „Јустинијан Први“, а моментално е студент на магистерската програма по Меѓународно право и меѓународни односи. Нејзино поле на особен интерес е концептот на демократија и владеење на правото, низ призмата на интеграција на општествата.

liljana pecova ilieskaЛилјана Пецова-Илиеска е магистер на филолошки науки. Долгогодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи од областа на меѓународна соработка и ЕУ интеграција, од каде што преминува во Дирекцијата за заштита на личните податоци во последните три години како советник и лице за односи со јавност. Автор и ко-автор на повеќе истражувања, анализи и медиумски текстови од областа во која работии. Координатор на проектот „Час по приватност“ во средните училишта на Град Скопје; едукатор и активист за човекови права, во континуирана работа со млади луѓе и подигање на јавната свест. Особен интерес и’ е книжевноста и компаративни анализи од структуралистички аспект.

Magdalena Lembovska 120x160Магдалена Лембовска е истражувач за безбедносни прашања во Аналитика Тинк Тенк. Авторка е на повеќе анализи и студии за добро владеење, реформи во безбедносниот сектор, нерегуларна миграција и заштита на човековите права и слободи. Има завршено магистерски студии по Глобален криминал, правда и безбедност на Универзитетот во Единбург.

magdalena petkovaМагдалена Петкова е студент по биологија. Член на Истражувачкото друштво на биолози и Македонското еколошко друштво. Активно работи во областа на лимнологијата и палеолимнологијата, моментално со посебен осврт кон Охридското Eзеро.

Maja Stojanova 120x160Маја Стојанова е доктор на политички науки на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Претходно магистрирала на катедрата за политички науки на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ на ТЕМПУС програмата за Политички менаџмент. Истражува во областите јавно мислење и истражување на јавното мислење, современи политички теории и модерна политичка мисла. Колумнист и автор е на повеќе научни трудови во земјата и во странство. Добитник е на повеќе сертификати и признанија од меѓународни асоцијации.

Marija Topuzovska 120x160Марија Топузовска Латковиќ работи во Институтот за социолошки и политичко–правни истражувања – УКИМ од 2006 година. Професор е на постдипломските студии по Менаџмент на човечки ресурси и на докторските студии по Организациски науки (Менаџмент) и Социологија на организација. Редовно објавува научни трудови во домашни и меѓународни научни списанија, а како раководител и главен истражувач или член на истражувачки тим, учествувала во повеќе национални и меѓународни проекти. Како член на работна група непосредно учествувала во креирањето на Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри (2013-2020), како и во консултативниот процес за изготвување на Националната стратегија за млади (2015-2026). Теми од истражувачки интерес: младите и вработувањето, организациско однесување, доживотно учење, квалитет на работен живот.

Марјан Вучковиќ дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, каде и магистрирал на катедрата за политички науки во областа на цивилното општество и меѓуетничките односи во Република Македонија и регионот. Претседател е на Македонски политиколошки дорум, здружение на политиколози на Македонија, како и долгогодишен колумнист на неделниот магазин „Его“. Се занимава со политичките и општествените случувања во државата и пошироко, притоа давајќи сопствени согледувања и размислувања за истите.

slika blogerМарјан Николов има докторирано на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, а магистрирано меѓународна економија и финансии на Економскиот факултет во Рејкјавик, Исланд. Тој е претседател на Центарот за економски анализи и независен консултант. Активно работи во повеќе економсми области, како макроекономско моделирање, економетрија и статистика, фискална децентрализација и јавно-приватно партнерство. Работел на градење на капацитетите на јавната администрација и на локалната власт во Република Македонија преку разгледување и реинженеринг на даночните постапки, нализа на фискалните капацитети, подготовка на стратегии и физибилити студии итн. Николов работел како професор на неколку факултети во Македонија, автор е на повеќе публикации и бил учесник на голем број конференции, семинари и обуки.

mpetreski bloger120x160Марјан Петрески е вонреден професор по економија и проректор за истражување и развој на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Тој има големо теоретско знаење и практично искуство во широката област на макроекономијата и развојната економија, особено до делот на критичката анализа и креирањето на политики. Учествувал во многубројни проекти поврзани со економски анализи, анализи на инфраструктурни проекти и финансиски анализи на проекти и компании во држави со економии во развој и транзиција, како Македонија, балканските држави и земји од Далечниот Исток и од Африка.

MartinManaskov nova bloger 120x160Мартин Манасков е истражувач-практикант во Аналитика тинк тенк од Скопје, каде што е дел од програмата за безбедносни политики. Тој е студент на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Неговото работно искуство вклучува истражувачка дејност во тинк тенк организации и новинарски ангажмани во македонските медиуми. Неговите полиња на интерес се безбедноста, дипломатијата, демократијата и медиу

Milorad Stojmanovki 200x250Милорад Стојмановски е новинар со тридецениско искуство, главно во печатените медиуми. Почнал како хонорарен соработник во Македонската телевизија, а првото вработување му е како спортски новинар во Вечер. По неколкугодишното искуство како уредник во магазинот „Скок“, заедно со колегите е еден од основачите на „Дневник“, во кој ги минува сите позиции, заклучно со позицијата заменик главен уредник. Има кусо работно искуство и со порталот „Спортмедиа“, а моментно работи во весникот „Слободен печат“. Долгогодишен дописник на странски спортски магазини, агенции и портали, како и член на Собранието на Македонскиот олимписки комитет. Известувал од повеќе значајни спортски настани, како Олимписките игри во Атина и светски и европски првенства во фудбал и кошарка.

milco balevskiМилчо Балевски е роден во Скопје 1992 година. Дипломирал на Правниот факултет во Љубљана, кадешто во моментов е студент на магистерските студии. Негов личен интерес се сферата на уставното право и правната теорија. Учествувал на повеќе симулации на судење од областа на уставното право и на конференции и семинари од областа на спортското право.

minas bakalcevМинас Бакалчев е архитект и професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал на Универзитетот во Белград во 1991 година, а докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2004 година. Учесник и ко-куратор на Македонскиот национален павилјон на Венециското биенале за кој добил посебно признание со проектот „Град на можни светови” за 2008 година.

mirjana lazarova trajkovskaМирјана Лазарова Трајковска e судија и претседател на секција во Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Предходно била судија во Уставниот суд на Република Македонија, претседател на Државната изборна комисија, раководител на Секторот за човекови права во Министерството за надворешни работи, како и помошник министер за управни постапки во Министерството за внатрешни работи. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје. Магистрирала и докторирала на Правниот факултет во Љубљана.

najcevska120x160Мирјана Најчевска е доктор по правни науки и редовен професор и научен советник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ. Клучните квалификации се од областа на човековите права (дискриминација, права на малцински и маргинализирани групи, слобода на мислата и изразувањето, владеење на правото и правна држава), меѓуетнички односи, децентрализација и локална самоуправа. Посветена е на промоција на концептот на човековите права и слободи и механизмите за нивна заштита и практикување. Вклучена е во работата на повеќе невладини организации и неформални граѓански здружувања (поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и сегашен претседател на Центарот за човекови права и разрешување конфликти). На меѓународен план била дел од работата на неколку професионални и експертски тела во рамките на ООН, ЕУ и Советот на Европа.

Miroslav Draganov 120x160Мирослав Драганов е извршен директор на Институтот за човекови права (ИЧП). Магистрирал уставно право на Правниот факултет во Скопје, а положил правосуден испит во 2013 година. Има работно искуство како демонстратор на Правниот факултет, соработник за инвестициски фондови и во адвокатско друштво и правник во банка. Полиња на интерес за истражување му се судство, слобода на изразување и пристап до информации, недискриминација и локална самоуправа.

nenadНенад Живановски има докторирано на тема „Говор на омраза во политичкиот дискурс во медиумите“. Како новинар работел за повеќе македонски и странски медиуми, а еден период бил и извршен директор на НВО „Коалиција сите за правично судење“, раководител за односи со јавност во претставништвото на Каритас Есен – Национална секција Скопје. Како професор-лектор бил ангажиран во „Пекснас“ за предметите новинарство, медиуми и меѓународни односи. Професионално се дообразувал со студиски престоји на London College of Communication во Лондон, Radio Deutsche Welle во Келн, Frankfurter Allgemeine Zeitung во Франкфурт/М и ПР службата на Novartis во Нирнберг. Автор е на повеќе научни трудови објавени во македонски и меѓународни научни списанија како и на книгите „Говор на омраза“ и „Некои аспекти на косовската криза – Косово помеѓу историските митови и реален европски проблем“.

nenad novkovski 120x160Ненад Новковски е редовен професор на Природно-математичкиот факултет и е раководител на постдипломските студии на Институтот за физика. Автор е на научни трудови, објавувал статии во меѓународни списанија со импакт-фактор и раководел со научно-истражувачки проекти. Тој е член на македонското, европското и американското друштво на физичари и соработува со институти за физика во Србија, Бугарија и Швајцарија. Во периодот од 1998 до 2002 година бил министер во Владата на Република Македонија. Раководел и учествувал во изработката и донесувањето на Стратегијата за развој на образованието 2001-2010 и Програмата за технолошки развој 2001-2006.

nenad tonic 120x160Ненад Тониќ е дипломиран сообраќаен инжењер и магистер по инжењерство за заштита на човековата околина. Тековно е вработен во Секторот за сообраќај на Град Скопје, на прашања од областа на планирањето и развојот на сообраќајот. Дополнително е ангажиран како стручен соработник од областа на сообраќајното инжењерство во списанието за урбанизам, архитектура и екологија „Порта3“.

nikola popovski 120x160Никола Поповски е доктор на економски науки и универзитетски професор. Предава група на предмети од областа на макроекономијата. Има објавено повеќе книги со економска проблематика и универзитетски учебници, како и голем број на трудови во домашни и странски списанија. Извршувал повеќе значајни државни функции. Живее во Скопје.

petar goshevПетар Гошев е магистар по економски науки. Тој е поранешен гувернер на Народната банка на РМ и екс министер за финансии. Основач е и беше лидер на Либерално-демократската партија, а во три мандати е биран за член на Собранието на РМ. Гошев беше шеф на делегацијата на Република Македонија во Сојузното собрание на поранешната СФРЈ и претседател на Комиисијата за монетарна политика (1991). Во 80-тите, беше активен во Сојузниот совет за општествено економски прашања на бившата СФРЈ и во претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија. Тој беше член и на претседателството на ЦКСКМ и последен лидер на СКМ кога е трансформирана во Социјал-демократски сојуз.

petrit saraciniПетрит Сарачини, дипломирал новинарство на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, магистрант на Институтот за комуникациски студии. Работел и објавувал како новинар, уредник, продуцент, водител и колумнист во “Дневник”, “Лоби”, “Прес онлајн”,“Фљака”, “Лајф Радио”, “Слободен печат”, “ТВ21”. Има долгогодишно искуство во медиумските истражувања, стекнато како раководител на програми во Македонскиот институт за медиуми, каде што учествувал и раководел со повеќе национални и регионални проекти од областа на медиумите.  Автор е и коавтор на повеќе домашни и меѓународни истражувања и стручни трудови од областа на медиумите, меѓу кои “Косово и медиумите”, “Состојбата со медиумите на заедниците во Република Македонија”, “Прирачник по медиумска писменост за наставниците по мајчин јазик”, “Балканските соседи во медиумите”, “Говорот на омраза на Интернет во земјите на Југоситочна Европа” “Македонија во дигиталната ера – меѓу правата и одговорностите при комуницирањето на интернет”.

Pece Nedanovski 120x160Пеце Недановски е професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Во периодот 2008-2012 година ја извршуваше функцијата Проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ, а од 2013 година раководи со постдипломскиот студиум по Управување во јавниот сектор на Економски факултет. Автор е на неколку студии, книги и учебници со економска проблематика.

predrag tasevskiПредраг Тасевски е магистер по инженерство во областа на кибернетичката безбедност, се стекнал со пост-магистериум во безбедноста во компјутерски системи и комуникации на елитна школа во Франција и има добиено повеќе меѓународни сертификати. Неговите истражувачки интереси се во областа на кибернетичката безбедност, интернет одбраната, сајбер ризикот и социо-техничките аспекти. Тој е автор на две книги, има објавено повеќе статии  и научни трудови во Македонија и во странство.

radica todorovskaРадица Тодоровска е дипломиран новинар и магистер на политички науки од 2009 година. Моментално е актуелен докторант на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Студиската програма од докторските студии е од областа „Демократија во услови на глобализација“. Активно учествува на конференции од областа на политичките науки, а предмет на научен интерес е развојот на демократијата во политичките системи особено од аспект на интеринституционална комуникација. Транзициониот и посттранзициониот период во постсоцијалистичките земји е особен предизвик за компаративни истражувања со развиените и модерни демократии.

risto soluncevРисто Солунчев (06.11.1976), роден во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Моментно работи како вонреден професор на Институтот по философија, на Филозофскиот факултет во Скопје, и ги предава предметите Нововековна философија, Германска класична философија и Современа философија. Пишувал есеји во домашни и странски списанија од областа на философијата, естетиката и културологијата. Бил колумнист на списанието Форум.

sally broughton micovaСали Браутон Мицова е асистент професор по политичка комуникација на Универзитетот на Источна Англија (UEA) во Норвич, Велика Британија. На Институтот за комуникациски студии таа предава предмети во областа на медиумите и комуникациите. Повеќе од три години го има раководено академскиот блог за медиумска политика на Лондонската школа за економија и политички науки (LSE) каде и предавала на програмата за постдипломските студии за медиуми и комуникации, а работи и како консултант на теми за медиумски и комуникациски политики Таа е автор на бројни публикации во академски списанија и поглавја во книги, како и на повеќе документи за јавни политики и експертски резимеа. Редовно е поканувана како говорник на меѓународни експертски конференции. 

svetomir skarik 120x160Светомир Шкариќ е пензиониран универзитетски професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

sefer tahiriСефер Тахири има докторирано на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“. Предава предмети од областа на медиумите и комуницирањето при Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и на Институтот за комуникациски студии во Скопје. Тахири има 15-годишно новинарско искуство. Работел како новинар и уредник во весникот Факти, Програмата на албански јазик на МТВ, ТВ АЛСАТ-М и бил дописник на Радио Слободна Европа од Скопје - Програма на албански јазик. Има учествувано во различни истражувачки проекти во областа на медиумите и комуникациите.

sibel amet120x160Сибел Амет e правен советник во Хелсиншкиот комитет за човекови права. Студент по меѓународно право и односи и право na ЕУ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје. Особен интерес ѝ претставуваат човековите права и нивното реализирање во контекст на невронауката и развитокот на технологијата. Ужива во стрипови и sci-fi филмови.

Slavica Biljarska bv 120x160Славица Биљарска е магистер по односи со јавноста и граѓански активист. Веќе петнаесет години им помага на граѓанските организации нивните каузи и активности да добијат на видливост. Своите истражувачки способности ги гради со учество во регионални и меѓународни тимови за истражувачки проекти. Моментално работи како консултант и обучувач за односи со јавноста на неколку граѓански организации и компании во земјата. Поле на особен интерес и се онлајн односи со јавноста, развој и имплементирање на стратегии за односи со јавноста и градење бренд. Еден е од идејните творци и ко-организатор на првата интернет маркетинг и онлајн ПР конференција во Македонија AllWeb.

silvana mojsovska 120x160Силвана Мојсовска е редовен професор на Економскиот институт – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Нејзиниот истражувачки интерес е главно насочен на прашања од областа на меѓународната економија и ЕУ интеграциите. Автор е на бројни научни трудови, работела на многу апликативни проекти, реализирала истражувачки престои на престижни универзитети во странство и учествувала на голем број меѓународни и домашни конференции.

slavko miladinovskiСлавко Миладиновски е дипломиран политиколог на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ и студент на магистерски студии по Уставно право на Правниот Факултет. Особен интерес му се областите, владеење на право, политички систем, избори и изборни системи, политичката култура и процесите за демократизација.

sonja risteska 120x160Соња Ристеска е истражувачки и менаџмент координатор во Аналитика тинк тенк. Таа е истражувач кој активно работи на полето на енергетски реформи во Република Македонија.

slika stojadinovicСоња Стојадиновиќ е родена во 1979 година во Велес. Таа е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кадешто магистрирала на отсекот Меѓународна политика на тема „Ненасилната борба во политиката: фактори за успех и неуспех“. Работи како фриленс автор за хрватските регионални портали Lupiga и Bilten и е активист на левичарското движење Солидарност.

Suzana Josevska Anastasovska 120x160Сузана Јошевска Анастасовска работи како адвокат во адвокатска канцеларија „Станковиќ и Јошевска“, по претходно тригодишно работно искуство во адвокатската канцеларија Панчевски и едногодишна работа во Основниот Суд Скопје 2. Таа е предавач на Законот за работни односи во МОТИВА-менаџмент консалтинг центар. Членува во Адвокатската комора на Македонија, Македонско здружение на млади правници, Млади европски федералисти и Центарот за информатичко општество и интелектуална сопственост.

tatjana eftimoskaТатјана Б. Ефтимоска работи како професор по Современ македонски јазик во Меѓународните училишта НОВА и на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Магистрирала и докторирала врз теми од македонската книжевност. Авторка на многубројни текстови и неколку книги од областа на македонистиката.

Todor Cepreganov 120x160Тодор Чепреганов е доктор на историски науки и истражувач на современата историја, со посебен интерес кон политичката историја и историја на дипломатијата. Ангажиран е во наставата на последипломските студии на Институтот за национална историја и бил раководител и соработник на повеќе од 20 домашни и странски реализирани проекти од историјата на Балканот и Македонија. Има објавено над 36 монографии, зборници на документи и учебници и над 50 статии во домашни и странски списанија.

filip nacoski 120x160Филип Нацоски дипломирал италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и ја завршил едногодишната школа по новинарство во МИМ. Уредник е на Офсајд, спортската рубрика на порталот Офф.нет.мк, а претходно бил уредник и на спортскиот месечен магазин „Еспорт“ и новинар во информативните редакции на тв А2 и тв Канал 5, како и во емисијата за истражувачко новинарство „КОД“.

filip spirovski 120 160Филип Спировски е еден од основачите е на невладината организација: „Новинари за човекови права“, каде што денеска работи како извршен директор. Во моментот е постдипломец на магистерски студии за Менаџирање на стратегиски комуникации на Институтот за комуникациски студии во Скопје. Претходно работел во поранешната „Нова Македонија“,како  технички уредник на повеќе списанија и магазини: Пулс, Форум, Време, Детство...

Xhelal blogeriЏелал Незири има магистрирано во областа на комуникациите и односите со јавноста на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој има богато новинарско искуство. Веднаш по дипломирањето на Филолошкиот факултет во 1999, се приклучи како новинар во дневниот весник на албански јазик Факти. Во 2002 станува уредник на дневниот весник Глобал, а работи и како соработник на неделникот Лоби. Во 2003 беше ангажиран како дописник на весникот Коха Диторе Македонија, додека работеше во неделникот Јава. Во 2005 беше уредник во весникот Лајм Ексклузивно, а во 2007 го основа неговиот неделник Национал. Од 2011 година е основач и претседател на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија во Скопје.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: