Целата наша содржина е со Creative Commons License, односно е слободна за дистрибуција во согласност со лиценцата Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported (CC BY-NC-ND 3.0). Тоа значи дека:

  • Може да споделувате, копирате или реобјавувате содржини се додека не ги (зло)употребувате за обликување на погрешни или лажни информации и за комерцијални цели;
  • МОРА да наведете соодветно споменување на авторот на оригиналот и на www.respublica.edu.mk и да обезбедите линк/ови до оригиналната објава и до лиценцата - https://creativecommons.org/licenses/by-nc-nd/3.0/
  • НЕ смеете да менувате, мешате или да изведувате заклучоци од оригиналот или со припишување и наведување линк до оригиналот, како и менување на оригиналот. Охрабруваме преводи и реобјави, но ако сакате да направите превод или да реобјавите некоја содржина Ве молиме контактирајте не на info@respublica.edu.mk.

Слободно ставете хиперлинк до нашите објави. Ако сакате да ги цитирате објавите на нашиот блог на потрадиционален начин, ве молиме сторете го тоа со следниве информации:

Автор; Датум на објава; Наслов на објава, Преземено од ResPublica; Институт за комуникациски студии, Скопје; Датум на преземање.

Ако го реобјавувате целиот блогпост онлајн, мора да ги користите истите хиперлинкови од нашата статија. Ако немате доволно простор да го реобјавите целиот блогпост, превземете го првиот параграф од текстот и потоа додадете: „Прочитај го целиот блог на ResPublica“ со линк кон статијата/страницата.

ResPublica може да содржи линкови до други веб-страници за кои мислиме дека можат да бидат од ваш интерес. Сепак, ние немаме контрола над овие страници или нивната содржина. Треба да бидете свесни дека кога ќе го напуштите www.respublica.edu.mk и се префрлите на друга веб страница, таа страница има сопствени кориснички правила и уредувачка политика, кои ќе треба да ги прочитате.

Политика за коментари

Сакаме да поттикнеме здрава дебата за јавниот интерес и затоа ги охрабруваме читателите да оставаат разумни и конструктивни коментари на сите наши блогови, вклучувајќи и силни критики. Објавувачот, а не коментаторот е одговорен за содржината на коментарите. Затоа, уредувачкиот одбор го задржува правото за менување, бришење, преместување или обележување како несоодветен комерцијален текст (спам) за сите коментари. Тие имаат и право да спречат поединец или група на луѓе да коментираат. Коментарите нема да се објавуваат автоматски и ќе бидат видливи за јавноста дури откако ќе бидат проверени согласно со следниве насоки:

  • Јазик и пристојност: Коментарите не треба да содржат навредлив или несоодветен јазик и не треба да содржат јазик кој може да се смета како говор на омраза или поттикнување;
  • Не се дозволени лични напади: Не се дозволени лични напади во коментарите на блогот. Коментарите треба да одговараат на содржината, но не и да го напаѓаат авторот или други коментатори;
  • Коментарот мора да биде релевантен: Коментарот кој не придонесува кон разговорот, кој води во несоодветна насока или не е поврзан со темата може да биде избришан;
  • Линкови во коментарите: Коментарите може да содржат најмногу два линка до релевантни извори, но линковите наменети за продажба, рекламирање на производи или собирање лични податоци од читателите нема да бидат дозволени.

Секој кој нема да ја почитува политиката за коментирање ќе биде спречен да коментира на овој блог. Коментаторот треба да остави негова/нејзина електронска адреса, која нема да се објавува на блогот ниту пак ќе се споделува. Е-адресата може да се искористи за лично да се стапи во контакт со коментаторот.

Ако сте се обиделе да оставите коментар на овој блог, а тој не се појавил во разумен временски рок, и ако знаете дека истиот не ги прекршува овие политики за коментирање, Ве молиме пишете ни на info@respublica.edu.mk.

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: