ТВ Алсат М во вестите на албански и на македонски јазик активно ги следи сите актуелни случувања во земјава и им дава простор на различните политички субјекти да ги изнесат своите ставови и гледишта. Во најголем дел случаи медиумот ја исполнува својата информативна функција на начин што го открива и заштитува јавниот интерес, и нуди сеопфатен поглед на настаните и на процесите што се тема на известувањето. Иако сите теми од интерес на јавноста се покриени, телевизијата има посебен фокус кон темите што ги засегаат етничките Албанци. Во однос на известувањето за политичките актери и нивните гледишта, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, заедно со нивните функционери и институциите што ги водат, се позастапени во споредба со СДСМ и ДПА. Но, тоа се должи пред се на поголемата застапеност на овие субјекти во рамките на институциите. Телевизијата во најголемиот дел од емитуваните прилози користи по два, три или повеќе извори, кои најчесто се со различни или спротивставени гледишта, а поретко се служи со еден извор.

ИЗВЕШТАЈ - МКД            ЗАКЛУЧОЦИ - МКД           ИНФОГРАФИК-1       ИНФОГРАФИК-2 

logo alsatm1