fbpx

Одржана дебата „Правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае“

ВЕСТИ - ИНФО

24.03.16

Прегледи

Privatnost i javniot interes 001

Околу 50 претставници на медиумите, невладините организации, академската заедница и јавната администрација учествуваа на дебатата „Приватност, информирање и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае“. Тие дискутираа за различните гледишта околу законското уредување на различните аспекти и заштитата на правото на приватност од една, и правото на информирање и на јавноста да знае, од друга страна.

Понатаму, се дискутираше и улогата на медиумите во заштитата на приватноста на поединците при објавување на новинарски прилози, но и за улогата на други актери, како што е Дирекцијата за заштита на личните податоци, од овој аспект. Се зборуваше и за праксата на Европскиот суд за човекови права во случаи каде што се работи за правото на приватност и правото на слободно изразување, а предмет на дискусија беа и „бомбите“, односно правните аспекти околу објавувањето на бомбите, и предизвици за во иднина и како правниот систем треба да се справи со различните аспекти од нивното објавување.

На дебатата беше промовиран и документот за јавна политика „Приватност, информирање и јавниот интерес: правото на приватност наспроти правото на јавноста да знае“ чија цел е да понуди систематско разбирање и споредбена анализа на начинот на кој различни актери (треба да) постигнуваат баланс помеѓу правото на приватност и правото на информирање во Република Македонија и Европската Унија. Документот содржи препораки за подобрување на политиките од областа.