Академскиот блог ResPublica претставува иницијатива за дигитално граѓанство која ја јакне улогата на академската и стручната заедница во јавните политики и овозможува учество на граѓанското општество во штитењето на јавниот интерес во Македонија.

Главната цел на ResPublica е да ги поттикне граѓаните, новинарите, експертите и припадници на други заедници да учествуваат и да дебатираат за прашања од јавен интерес, креирајќи професионална мрежа која ќе ги анализира овие теми. ResPublica ги проценува и презентира информациите на фактички, објективен и неутрален начин и е независен извор на ставови, пред се`, од академската и истражувачката заедница. Нејзините соработници се професионалци, кои се експерти во своите области или креатори на политики директно вклучени во настаните за кои тие дискутираат. На овој начин, се поттикнува јавноста да формира ставови и да донесува одлуки на информиран начин.

Приклучи се кон ResPublica

Независниот уредувачки одбор на ResPublica им нуди на професори, студенти, медиумски и политички експерти, јавни службеници и други професионалци да пишуваат блогови на теми за кои тие имаат докажана експертиза и искуство. Преку блоговите треба да се подобри разбирањето за тековните проблеми и комплексните прашања во општеството, при тоа нудејќи одржливи решенија содржани во академски статии и истражувања. Сите заинтересирани пишувачи можат и сами да се приклучат на иницијативата и да испратат блог или да предложат тема за анализа до уредувачкиот одбор.

Академскиот блог ResPublica има тенденција да достигне широка публика и да ја запознае јавноста со проблемите кои се од јавен интерес. Тој е бесплатен ресурс: сите заинтересирани граѓани може слободно да читаат и да споделуваат или објавуваат во согласност со нашите правила.

Исто така, ResPublica го пополнува јазот што постои меѓу медиумите и нивната потреба за континуиран и сигурен извор на информации со цел да продуцираат длабински анализи за прашања кои инаку не би биле забележани од пошироката јавност. Затоа на медиумите им се овозможува да ги извлечат содржините од блогот и да имаат пристап до професионално разработени теми.

Конечно, ResPublica за креаторите на политиките обезбедува навремен и лесен пристап до релевантни истражувања и ставови на клучни чинители во општеството.

Академски блог на Институтот за комуникациски студии

Институтот за комуникациски студии (ИКС) e научно-истражувачка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. ИКС во Македонија има двоен фокус: со академските и применетите истражувања да ја унапредува науката и да им биде поддршка на практичарите; и преку постдипломските студии да изгради мрежа на млади истражувачи кои ќе ги зајакнуваат столбовите на овие научни дисциплини.

Институтот ги има следниве основни цели:

  • развива академски и применети истражувања кои ќе го надградуваат знаењето во сферата на комуницирањето, медиумите и односите со јавноста;
  • гради темелна истражувачка база која ќе биде користена за процесот на образование во областа на комуницирањето, медиумите и односите со јавноста;
  • промовира иновативни идеи во истражувањата што се поврзани со потребите на индустријата;
  • го поттикнува развојот на младите кадри во истражувачката дејност преку вклучување на студентите и на младите истражувачи во оваа област;
  • ги вложува своите ресурси во јакнењето на професионалните стандарди во областа на новинарството, односите со јавноста и корпоративното комуницирање.
  • со публикување на резултатите од истражувањата за актуелни теми и прашања дава придонес во јавната дебата и во градењето на политиката во областите во кои работи Институтот.
ResPublica дел од „Изразување на јавниот интерес“

ResPublica е дел од проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на граѓанските организации во Македонија“, што го спроведува Институтот за комуникациски студии, а е финансиран од Британската амбасада во Република Македонија. 

Проектот нуди онлајн платформа со ресурси и иновативни производи кои ќе ја информираат и едуцираат јавноста за различни прашања од јавен интерес, овозможувајќи граѓаните да се вклучат во јавната дебата. Оваа платформа ќе ги промовира резултатите од работата на граѓанското општество во различни области и ќе обезбеди интерактивна комуникација со публиката преку новите медиуми и социјалните мрежи. Во текот на проектот, граѓански организации, креатори на јавното мислење и новинари ќе бидат обучени како да произведат и да споделат комуникациски производи за да постигнат најголемо влијание во општеството. Проектот нуди можности и за иницијативи во медиумската сфера, правејќи истражувања за теми поврзани со медиумските политики.

Kонтакти

info@iks.edu.mk
02 30 90 004
ул. „Јуриј Гагарин“ 17/1-1, Скопје

Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: