fbpx

Како да се предизвикаат промени преку социјалните медиуми

ВЕСТИ - ИНФО

05.10.16

Прегледи

DSC 02462

Популарноста на социјалните медиуми не е значи и влијателност. Влијателноста подразбира да се предизвика промена кај публиката преку онлајн комуникација, секако со фокус на активностите и содржините на организацијата. Ова беше темата на работилницата „Правење влијание преку блогирање“, која Институтот за комуникациски студии ја организираше за претставници на граѓански организации.

Обучувачот Дарко Булдиоски, основач на NewMediaMК, вели дека содржината треба да биде лесна за читање и гледање и за споделување преку социјалните медиуми. Таа треба да се прилагоди на начин на кој ќе ги искомуницира главните пораки брзо и со што е помалку пречки во пренесувањето. Затоа препакување на иста содржина, истакнување на различни аспекти од неа и презентирање на информациите на различен (аудио-визуелен) начин е неопходна практика.

„Веројатноста дека содржината ќе стигне до поголема публика и ќе ја продолжи нејзината актуелност се зголемува со нејзината дистрибуција на различни канали и на различен начин. Важно е да се познаваат карактеритиките на каналот на кој се комуницира содржината и сооветно на тоа да се адаптира содржината.“, рече Булдиоски.

Учесниците разговараа и дека треба да се познаваат навиките на публиката за користење различни канали за комуникација. Еден ист корисник различно се однесува и клика на содржина ако е таа на Твитер или на Фејсбук, кога е пред компјутер или на мобилен телефон.

Работилницата се одржа во рамките на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на граѓанските организации“, кој е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

 

Галерија од работилницата