fbpx

Декемвриски теми за блогирање

ВЕСТИ - ИНФО

25.11.15

Прегледи

blogiranje

Уредувачкиот одбор на ResPublica ги објави темите за месец декември на кои експерти, професори, истражувачи, активисти, медиумски професионалци, студенти, јавни службеници и други заинтересирани можат да пишуваат академски блогови.

Пред да почнете со пишување, Ве молиме пријавете ја темата на и запознајте се со насоките за блогирање, дополнителните ресурси и правилата за уредување. За темата можете да се консултирате и со Уредувачкиот одбор. Треба да го испратите текстот во Word документ и да содржи слика/и и/или графика, како и Ваша фотографија и куса биографија. Уредувачкиот одбор ќе го разгледа поднесениот текст и има право да даде сугестии за подобрување на академскиот блог во делот на аргументирањето, стилот, структурата и референцирањето. Врз основа на сугестиите, ќе треба да го направите конечното уредување на текстот.

Темите за академските блогови за месец декември се следните (темите и насловите не се конечни, можете да предложите и Ваша тема):

Надворешна политика

  • Односот на ЕУ кон бегалците и мигрантите: економските мигранти – жртва на бегалската криза
  • Шенген зона – дали со бегалската криза замира овој концепт?
  • Раст на исламофобијата во светот и во Македонија после терористичките напади во Париз
  • Геостратешко преструктурирање на големите сили во борбата против ИСИС
  • Дали Република Македонија ги усогласува своите позиции за надворешна политика со оние на ЕУ?

Државни органи и администрација

  • Трансапретност, заслуги и правична застапеност за деполитизација и професионализација на јавната администрација
  • Нефункционален надзор врз разузнавачките служби
  • Органичување на улогата на УБК во следењето на комуникациите – заштита од законски пресретнувања или нарушување на безбедноста во државата
  • Поголема автономија на институциите во борбата против корупцијата

Судство

  • Деполитизација на процесот на назначување и унапредување на судиите и јавните обвинители
  • Како да се заштити судството од влијанијата врз нивната независност?

Избори

  • Одвојување на државата и политичките партии во изборните реформи
  • Буџетско или приватно финансирање на политичките партии – јавност и законитост

Медиуми

  • Дали новиот закон за свиркачи го ограничува истражувачкото новинарство?
  • Дали и какви промени претстојат во законската регулатива за медиумите?
  • Можни ли се промени во Македонската Радио Телевизија – сервис на граѓаните или на власта
  • Политичко рекламирање во медиумите за време на изборите – да или не?

Економија

  • Континуираното зголемување на јавниот долг - назадување во фискалната дисциплина и управувањето на јавните финасии
  • Што се случува со слободните економски (индустриски) зони – подем или постепено замирање?
  • Дали македонската економија е подготвена за справување со конкуретните притисоци во ЕУ?
  • Колку сивата економија го ограничува развојот на приватниот сектор?

Човекови права

  • Зошто не се применуваат препораките на Народниот правобранител од државните органи
  • Дискриминација и хомофобија врз ЛГБТИ заедницата – напади без сторители

Живот

  • Студентски собири и избори за промени на студентскиот стандард
  • Дали МПЦ има право на монопол врз верниците Македонци во Австралија?
  • Урбанизмот и загадувањето на воздухот

ResPublica се реализира во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, што го реализира Институтот за комуникациски студии, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје.