Уредувачкиот одбор на ResPublica ги објави темите за месец ноември на кои експерти, професори, граѓански активисти, медиумски професионалци, студенти и други заинтересирани можат да пишуваат академски блогови.
Авторот треба да го испрати текстот во Word документ (поткрепен со слика/и и/или графинкон/и), со своја фотографија и куса биографија на Со неговата експертиза и искуство, авторот преку академискиот блог треба да го подобри разбирањето кај јавноста за актуелните проблеми во општеството и да понуди решенија содржани во академски статии и истражувања.
Темите за академски блогови за месец ноември се следните (темите и насловите не се конечни, можете да предложите и Ваша тема):
- Политичката криза после договор од Пржино (застој и блокирање на преговорите, губење на препорака и што понатаму)
- Зошто преговорите на политичките партии по Договорот од Пржино се одвиваат тајно? Потреба од јавност – транспарентност
- Буџетско или приватно финансирање на политичките партии – јавност и законитост
- Има ли функционалност во работата на Собранието по враќањето на опозицијата?
- Дали државното рекламирање во медиумите во Македонија е јавна кампања?
- Политичко рекламирање во медиумите за време на изборите - да или не?
- Медиумите и политичката криза во Репубика Македонија (казни, цензура, нови закони)
- Екстерно тестирање во образованието (нови законски решенија, протести, потреба или обид за политичка контрола)
- Студентски собири и избори за промени на студентскиот стандард
- Реобновување на граѓанските протести – зошто се повторно потребни?
- Зголемено загадување - кој е изворот и како да се намали во зимската сезона?
- Дали МПЦ има право на монопол врз верниците Македонци во Австралија?
Пред пишувањето на блогот, авторите треба да се запознаат со насоките за блогирање, дополнителните ресурси и правилата за уредување. Поднесените текстови ќе ги разгледува Уредувачкиот одбор кој има право да даде сугестии за подобрување на академскиот блог во делот на аргументирањето, стилот, структурата и референцирањето, а врз чија основа авторите ќе треба да го направат конечното уредување на текстот.
ResPublica се реализира во рамки на проектот „Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија“, што го реализира Институтот за комуникациски студии, а е поддржан од Британската амбасада во Скопје.