fbpx

Појдовен извештај за деконструкција на јавниот интерес

ВЕСТИ - ИНФО

22.09.15

Прегледи

javen interes

„Деконструкција на јавниот интерес во Македонија: (зло)употреба во име на граѓаните“ е насловот на појдовниот извештај во проектот „Изразување на јавниот интерес“ што Институтот за комуникациски студии ќе го презентира на конференција на крајот на септември.

Целта на појдовниот извештај е да овозможи сеопфатен преглед на тоа што претставува јавен интерес, да испита како тој е употребуван во различни правни и етички контексти, да ги утврди главните чинители кои го штитат јавниот интерес во едно општество и да ги идентификува најдобрите практики во областа. Оваа публикација дава посовремен преглед на релевантните дефиниции за јавен интерес и нуди препораки за идни практики во оваа област во Македонија.

Поле од особен интерес е ставен на јавниот интерес во правото, политиката и медиумите, а особено на неговата примената во дејствата и реториката на медиумите, како и улогата која медиумите ја играат во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес.

Извештајот има цел да поттикне дебата помеѓу медиумите, невладините организации, јавната администрација и пошироката јавност за нивната одговорност во штитењето на јавниот интерес. За таа цел, ќе биде организирана конференција на која правници, економисти, новинари, аналитичари, професори и претставници на граѓанското општество ќе дискутираат за различните гледишта за тоа што претставува и опфаќа јавниот интерес, зошто медиумите и граѓанското општество се важни за јавниот интерес и дали македонските медиуми успешно ја остваруваат својата улога на чувари на јавниот интерес.