fbpx

Работилница за локални и регионални медиуми за новинарство од јавен интерес

ВЕСТИ - ИНФО

27.10.15

Прегледи

konfer cam1

Институтот за комуникациски студии (ИКС) организира работилница со претставници на локални и регионални медиуми во Македонија која ќе се одржи в петок, 30 октомври 2015 година од 11 до 14 часот во просториите на ИКС. Целта на оваа работилница е да се утврди дали во медиумите во Македонија постои новинарство од јавен интерес и ако постои, кои се практиките и начините на кои тоа се манифестира и применува. Работилницата ќе биде во форма на дискусија која ќе ја модерираат предавачи на Институтот. Мислењата и ставовите на учесниците ќе бидат анонимни.

Оваа средба е прва од вкупно четирите, кои ИКС ќе ги организира во текот на октомври и ноември. Заклучоците од дискусиите со новинарите и уредниците ќе бидат анализирани во Насоките за уредувачка политика за новинарство од јавен интерес, кои во форма на новинарски прирачник, ИКС ќе ги промовира во март 2016 година. Прирачникот ќе содржи практични совети за новинарите, уредниците и другите медиумските професионалци за успешно справување со уредувачките предизвици при продуцирање содржини од јавен интерес. Документот ќе содржи и т.н. Тест за јавен интерес, кој треба да им помогне на новинарите да постапат професионално и совесно во секојдневните дилеми при известувањето за теми кои се однесуваат на општото добро на граѓаните и јавноста.

ИКС ќе ги покрие трошоците за автобуски превоз за сите учесници вон Скопје (задолжително да ги понесат автобуските карти). Молиме да потврдите присуство на претставници на медиумот, назначувајќи го нејзиното/неговото име и презиме, контакт телефон и е-адреса, најдоцна до 28.10.2015 (среда).

Лице за контакт од ИКС: Александра Теменугова, , тел. 070 359 876.