Арбер Фетаху ги завршил своите додипломски студии по политички науки на Универзитетот во Приштина, а магистрирал по глобални студии на Државниот универзитет во Мисури. Во моментов е ангажиран како научен соработник во Групацијата за правни и политички студии (ГЛПС) во Приштина, Косово. Претходно работел како истражувач во Истражувачкиот институт за развој и европски прашања (РИДЕА) а пред тоа како новинар на телевизијата Клан Косова. Неговата работа е првенствено фокусирана на надворешна политика, јавна политика, демократизација, европска интеграција и владеење на право.