Александар Грижев

Д-р Александар Грижев е вонреден професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје и раководител на Катедрата за општествени и хуманистички науки. Неговиот наставно-истражувачки фокус е на безбедносно-одбранбените студии, постконфликтната стабилизација и реконструкција, реформите на безбедносниот сектор (SSR), радикализација и насилен екстремизам, когнитивни операции и родова перспектива во вооружените сили и поширокиот безбедносен сектор. Има оперативно искуство од меѓународни мисии, вклучително и учество во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина (2019–2021), како и претходни ангажмани во конфликтни и постконфликтни средини. Редовно учествува на меѓународни форуми и е дел од различни проекти и активности со национални и меѓународни партнери (NATO Science and Technology Organization, NATO Committee on Gender Perspective, OSCE, UN, RACVIAC, PfP Consortium). Со посебен интерес во културните и религиозните димензии во операциите, го истражува градењето институционална отпорност кон хибридните закани, со посебен фокус на странското мешање и манипулирање со информации (СММИ), институционална координација, јавна отпорност на манипулативни наративи и етичка комуникација во безбедносниот сектор.

Како Северна Македонија да изгради национален систем против странско мешање и манипулирање со информации

Александар Грижев

08.12.25

Интегриран национален механизам за одговор на СММИ не е луксуз, туку предуслов за заштита на изборите, јавниот дискурс и довербата во институциите...

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

Александар Грижев

02.12.25

Северна Македонија се движи во особено чувствителен период: евроатлантски интеграции, чести изборни процеси, комплексни регионални и глобални...