fbpx

Јадранка Иванова

Јадранка Иванова речиси 20 години работеше во Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Таа беше одговорна за изработка на законодавството во областа на животната средина и негово усогласување со она на ЕУ. Воедно, како раководителка на Секторот за ЕУ беше одговорна за евроинтегративните процеси за Поглавјето 27 и ја раководеше соодветната работна група. Од ноември 2013 година па сè до нејзиното заминување, раководеше со ИПА фондовите на ЕУ за животна средина како ИПА координатор и постар службеник за програмирање. Од јули 2018 година, работи во Тирана, Албанија, како раководителка на програмата финансирана од Владата на Кралството Шведска „Поддршка на Албанија за пристапните преговори во областа на животната средина - Поглавје 27 (SANE27)“, во која корисник е Министерството за туризам и животна средина на Албанија. Како стипендистка на програмата „Чивнинг“ на Владата на Велика Британија има завршено магистерски студии за наука за животната средина и менаџмент на Универзитетот Брунел во Лондон, а има завршено и магистерски студии за јавна политика и менаџмент на Универзитетот Питсбург во САД.

Најважните случувања во 2023 година

Мајкл Џ. Боскин

29.12.23

Изминатава 2023 година ќе биде запаметена по големиот број на значајни економски, политички и технолошки...

Водата како јавно добро: како да стигнеме дотаму?

Јадранка Иванова

17.09.21

м-р Јадранка Иванова Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода! Сите наши размислувања, грижи и...