Наташа Ковачевиќ е дипломиран правник и е во фаза на финализација на магистратурата за заштита на животната средина на Природно-математичкиот факултет во Црна Гора. Од 2003 година работи во НВО ”Green Home” достигнувајќи го нивото на виш експерт за одржлив развој и политика за животна средина. Автор е и коавтор на повеќе истражувачки трудови за политиката за заштита на животната средина и на природата и член е на IUCN CEL (Комисија за закони за животна средина), Националниот совет за одржлив развој на Црна Гора, како и преговарачката работна група за Поглавје 27 – Животна средина во рамките на процесот на пристапување на Црна Гора кон ЕУ. Во последните три години работи како Главен извршен директор во Green Home, одговорна за стратешкото планирање и јавната застапеност.