fbpx
 

Бојан Перков е истражувач во Фондацијата SHARE во Белград. Неговите истражувачки интереси и полиња на работа се слобода на изразување и онлајн медиуми, како и сите други прашања поврзани со изразување на Интернет, како што се говор на омраза, нет неутралност, цензура, итн. Преку својата работа во SHARE, тој се стекна со знаење и во областа на заштитата на личните податоци и безбедноста на информациите, пред се во областа на заштитата на новинарите и нивните извори.

Брама Челани е професор по Стратегија на Центарот за истражување на политики во Њу Делхи и соработник на академијата „Robert Bosch“ во Берлин, автор на девет книги, меѓу кои „Азиска супер сила“, „Вода: Новото бојно поле на Азија“, и „Вода, мир и војна: Соочување со глобалната водна криза“

Стивен С. Роуч, професор на Универзитетот Јеил и поранешен претседавач на „Морган Стенли Азија“, е автор на Unbalanced: The Codependency of America and China, („Неврамнотежено: Зависноста помеѓу Америка и Кина“).

Милош Будимир е студент на Факултетот за електро-технички науки во Белград. Тој повеќе години е дел од иницијативата „Ne davimo Beograd". Особен интерес му се теми поврзани со дигитална демократија и грасрутс граѓански иницијативи.

Лука Павиќевиќ е гимназијалец во Меѓународни училишта НОВА како стипендист на Меѓународната фондација Борис Трајковски. Активен во невладиниот сектор. Особен интерес му причинуваат прашањата од областа на образованието.

Шанг-Јин Веи, поранешен директор на Секторот за економија во Азиската банка за развој, е професор по финансии и економија на Бизнис школата на Колумбија и на Факултетот за меѓународни и јавни прашања на Универзитетот Колумбија.

Професорката Мариана Мацукато е основач и директор на Институтот за иновации и јавна намена (IIPP).

Ана Паласио е поранешна министерка за надворешни работи на Шпанија и поранешен виш потпретседател и генерален советник на Светска банка. Таа е вонреден професор на Универзитетот Џорџтаун.

Славомир Шираковски, основач на движењето „Политичка критика“, е директор на Институтот за напредни студии во Варшава и виш соработник во германскиот совет за надворешни односи.

Марк Ленард е директор на Европскиот совет за надворешни односи.

Андреј Петровски има завршено магистерски студии по компјутерски криминал. Тој е Технички директор во Фондацијата SHARE во Белград. Неговиот фокус се сајбер нападите на онлајн медиумите и граѓанските организации во Србија. Тој е автор на повеќе дела од областа на компјутерската безбедност, приватноста на информациите и сајбер-криминалот.

Јошка Фишер е поранешен германски министер за надворешни работи и заменик канцелар од 1998-2005 година, период обележан со силната поддршка на Германија за интервенцијата на НАТО на Косово во 1999 година, проследена со спротивставување на војната во Ирак. Фишер влезе во политика откако учествуваше во анти-естаблишмент протести во 1960-тите и 1970-тите и имаше клучна улога во основањето на Германската партија на Зелените, која ја водеше речиси две децении.

Грета Тунберг е шветски активист за климатски промени.

Лујза Нојбауер е германски активист за климатски промени

Ејнџела Валензуела е координатор на Петоци за иднина во Сантијаго

Ендру Шенг, почесен член на Азискиот Глобален Институт на Универзитетот во Хонг Конг и член на Советодавната комисија за одржливи финансии на Програмата за животна средина на ООН, поранешен претседател на Комисијата за хартии од вредност на Хонг Конг. Неговата последна книга е „Од Азија до глобалната финансиска криза“.

Чао Генг, претседател на Институтот за меѓународни финансии во Хонг Конг, професор и директор на Институтот за истражување на поморскиот пат на свилата на ХСБЦ Универзитетот за Бизнис во Пекинг.

Јанаки Митровски магистрира на правниот факултет ,,Јустинијан Први" при УКИМ во 2014 година на тема "Легализацијата како начин на сузбивање на трговијата со наркотиции". Тој е основач на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА Скопје.

Бесарт Лачи е Чивнинг (Chevening) стипендист на Британската влада. Тој ги завршил своите магистерски студии по Маркетинг на Универзитетот во Единбург, Обединето Кралство. Бесарт е координатор на иницијативите „Мрдни со прст“ и има долгогодишно работно искуство во невладиниот сектор.

Нгер Вудс е декан на Школата за принципите на власта „Блаватник“ на Универзитетот во Оксфорд.

Гордан Калајџиев е редовен професор по кривична постапка, малолетничка правда, компаративно казнено право, меѓународно кривично право, философија на правото и меѓународно право за човекови права на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, а исто така предава на Полициската академија во Скопје и на Академијата за судии и обвинители во Скопје. Тој е автор и на повеќе од 200 објавени трудови и статии за прашања од кривичното право и постапка, полициски овластувања и човекови права. Во моментов, тој е претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не