fbpx

Помеѓу мисијата и бизнисот: Кој е предуслов за медиумите во Западен Балкан да станат поодржливи?

м-р Давор Марко

Медиуми

22.12.18

Прегледи

ALB   SR

м-р Давор Марко

davor marko 200x250За новите бизнис модели, особено за оние кои се рекламираат (огласувачите), но и за алтернативните извори на финансирање кои се засновани на директна врска со медиумската публика, клучни се две работи: квалитетната и автентична медиумска содржина, како и бројноста или лојалноста на медиумската публика (или заедница) што следи одреден медиум и редовно ги консумира неговите содржини. И, секако, подготвеноста на оваа публика, или заедница што го следи медиумот, да ја поддржи медиумската содржина или самиот медиум.

На неодамна одржаните „Денови на медиумите на Западен Балкан“  во Скопје, каде што најмногу се зборуваше за слободата на медиумите и квалитетот на медиумското известување, една од основните пораки на претставниците на медиумските заедници од сите земји во нашиот регион беше: Европската Унија треба да продолжи да ги поддржува независните медиуми, преку техничка помош и финансирање на производството на медиумски содржини. Иако една од панел групите на оваа средба се осврна на можностите за инвестирање во медиумскиот сектор, новите бизнис модели на медиумите во дигиталната средина и начините за монетизација на квалитетни содржини преку алтернативни модели (како што се кампањите за групно финансирање (crowdfunding), разни форми на претплата и сл.), јасната порака и заклучокот беа дека сите овие модели сè уште се далечна иднина за медиумите.

Овој исход од дискусијата за многу важниот панел за одржливост на медиумите нè наведува на заклучокот дека „донаторската култура“, развиена врз основа на многу интензивна медиумска помош во текот на 90-тите години од 20 век и на почетокот на 21 век, остави белег на развојот на медиумските бизниси во земјите од регионот. Прво, „културата на донирање“ влијаеше да се развие специфичен начин на размислување што ги спречува медиумските работници да размислуваат за други извори на приходи, покрај јавните приходи (финансирање од буџетот), донации, маркетинг и комерцијални активности, особено во доменот на дигиталниот бизнис. За да се реши оваа „трансформациска рубикова коцка“, самите медиуми треба да си постават две важни прашања:

Која е целта на нивното постоење, дали тој медиум претставува невладина организација или бизнис, и на кој начин едната или другата определба влијае на нивната одржливост?

Која е нивната вредност и како таа вредност може да се искористи за претставување пред рекламната индустрија и инвеститорите?

Медиумите не се цел сама по себе, ниту нивната мисија и определбата дека се „независни“ повеќе не е доволна за развивање на бизнис моделите.

media western balkan

Што се медиумите денес: Мисија или бизнис?

Како се дефинираат самите медиуми, кој е нивниот статус? Дали тие се првенствено бренд (како што некогаш во Србија Б92 беше симбол на отпор на режимот на Слободан Милошевиќ), или имаат мисија со своите публикации да понудат медиумски содржини што недостигаат (да речеме, тоа е случајот со разни истражувачки портали) или, пак, да известуваат на јазиците на малцинствата во нивните земји? Или тие се компании кои имаат регистрирано медиумска дејност како дел од нивните дејности, односно обезбедуваат медиумски и информативни услуги (како што е случај со големите медиумски корпорации). Или тие се регистрирани како невладини организации чија примарна дејност е објавување, па издаваат печатени изданија или имаат веб-страници. Сите овие опции се легитимни, но не сите ја обезбедуваат истата почетна позиција за развивање на бизнис моделот.

Голем број медиуми кои биле корисници на донаторска помош, да ја земеме Босна и Херцеговина за пример, се регистрирани како невладини организации со специфична мисија да придонесат за „демократизација и создавање информирани и свесни граѓани“. Ова звучи одлично за донаторите, но бизнисот не познава ваква категорија.

Од друга страна медиумите на граѓанското општество или медиумите на заедницата (community media) претставуваат модел што е признат како од праксата така и од законодавството во развиените европски земји и во земјите на Западенн Балкан. Таквите медиуми исклучиво зависат од донации и од јавно финансирање, додека сè уште немаат капацитети за привлекување некакви други извори на приход.

Сè повеќе и повеќе медиуми се регистрирани како бизниси, односно компании (на пример, од 2.200 медиуми во Србија, малку повеќе од 800 се регистрирани на овој начин), чија примарна цел е монетизација на основната дејност. За оние медиуми кои се големи, особено оние кои работат во главните градови или во поголемите градови или, пак, се дел од некои поголеми корпорации, нема проблеми - тие се на радарот на оние што се рекламираат, но за помалите, особено за локалните медиуми, ова е голем предизвик.

Затоа е важно секој медиум да биде подготвен и способен да ја процени својата вредност и да ја „продаде“ пред потенцијалните финансиери.

Која е вистинската вредност на медиумите?

Друго важно прашање за медиумите е - која е нивната вистинска вредност, или кои се основните елементи што ја сочинуват таа вредност? Самото тврдење дека некои медиуми се независни, а не политички компромитирани и дека редовно ги критикуваат властите, веќе не е примарна детерминанта за новите бизнис модели.

За новите бизнис модели, особено за оние што се рекламираат, но и за алтернативните извори на финансирање, врз основа на директна врска со медиумската публика, клучни се две работи: квалитетна и автентична медиумска содржина, како и бројноста или лојалноста на медиумската публика (или заедница) што следи одреден медиум и редовно ги консумира неговите содржини. И, секако, подготвеноста на оваа публика, или заедница што го следи медиумот, да ја поддржи медиумската содржина или самиот медиум.

Студијата „Вистинската вредност на медиумите“ анализира какви податоци постојат за медиумите во Србија до кои е можно да се стигне преку јавно достапни податоци и извори, какви системи постојат за мерење на личните приоритети на медиумска публика, односно што недостасува во медиумската индустрија за да се утврди вистинската вредност на еден медиум. Вредноста со која медиумот може да се претстави на огласувачите, маркетинг индустријата и други потенцијални извори на финансирање. Студијата нуди компаративен преглед на ситуацијата во регионот, вклучувајќи ги и Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија и Словенија. Една од општите констатации е дека нивото на медиумската индустрија, како и различните системи на мерење и вреднување на медиумските понуди треба да наведуваат минимални стандарди и да развијат единствена и општо прифатена методологија за медиумско мерење. Ова ќе им помогне на огласувачите и инвеститорите да препознаат во кои медиуми вреди да се инвестира, како и самите медиуми да можат да се претстават себеси на сигурен и мерлив начин.

Што значи тоа во пракса?

Што би значело тоа во пракса? Ако вие сте локален медиум XX од местото ББ, и имате лојална публика која брои 2.000 луѓе кои редовно ве следат, без оглед дали причината е специфичната содржина (локални информации, квалитетни репортажи или интересни приказни) или со вас се идентификуваат поради вашата мисија или поради тоа што ги симпатизираат вашите новинари или вашиот бренд, вие имате добра почетна точка за да побарате финансиска поддршка во директна врска со публиката. Оваа поддршка може да има елементи на претплата (subscription) или донација (поддршка на медиумот базирана на микро уплати – мали суми на пари), групно финансирање (crowdfunding) врз основа на донации или награди. Ако самата публика препознае вредност во вас, таа ќе биде подготвена да ве поддржи. Таквите примери во регионот нема многу, но неколку неодамнешни примери, како Лупига (Lupiga) од Хрватска, Aвтономија (Аutonomijа) или КРИК (КRIК) од Србија, покажуваат дека таквите извори на финансирање се можни. Силната врска со публиката, односно заедницата што постои околу одреден медиум, дава можност за подобро претставување пред рекламната индустрија, а тоа веќе е добра основа за нови бизнис модели кои на медиумите во нашиот регион многу им се потребни.

Напомена: Мислењата и ставовите во овој напис се на авторот и тие не ги одразуваат ставовите на Институтот за комуникациски студии или донаторите.

м-р Давор Марко

Davor Marko holds PhD in communication and culture from the Faculty of Political Sciences, University of Belgrade. He has expertise in analysis of communication trends in off line and online sphere among youth, and capacity building in domains of communication, policy making and advocacy. He is the author of many local and regional research papers, publications, publications and assessments, and has worked with leading academic, research and international institutions from the region of the Western Balkans and abroad. He collaborated with USAID, OSCE, EBU, Thomson Foundation, and was research fellow of Open society fund in BiH, UNESCO, and Zeit Stifftung from Hamburg. His professional interests include media development, strategic communication, the future of public service media, media and diversity, and the language of the media.