Кои се Види Вака?
Види Вака се нов тип на медиум, Види Вака нуди видео и друга интерактивна содржина прилагодена за онлајн употреба на дигиталната генерација. Види вака креира вести за генерацијата која ги добива вестите на своите мобилни уреди преку социјалните мрежи.
Тие доминантно креираат видео содржина која е веродојстојна, лесна за гледање и штеди време за пренесување на клучните информации.
Види Вака Facebook – https://www.facebook.com/vidivakamedia
Види Вака Instagram – https://www.instagram.com/vidivaka/
Види Вака Twitter – https://twitter.com/vidivakavideo
Види Вака YouTube – https://www.youtube.com/channel/UCpfYcWDYyzmKyOzeU60Reqw
Види Вака вебсајт – https://vidivaka.mk/grafickivesti/
Зошто ја обработуваат оваа тема?
Графичките вести беа дел од еден поголем проект на ИДЕА ЈИЕ, организацијата која стои за Види Вака. Со овој проект односно овие содржини тие се стремеа да го сменат неагативниот наратив за ромската заедница.
Преку лични приказни се обидуваа низ серија на (видео и графички) содржини да го сменат негативниот преовладувачки наратив со позитивен.
Основната цел е ромската заедница да ги добие здравствените услуги кои што им следуваат, да се потсетат докторите на нивните обврски и да се информира јавноста за здравствените права на објективен и добро стуктуриран визулен начин.
Основна цел на активноста
Причината е едноставна, зголемување на видливоста на проблемите со кои ромите се соочуваат при барањето на здравствени услуги. Ова активност има за цел да охрабри промена на преовладувачката негативна перцепција спрема ромите во здравствениот систем и да се зголеми информираноста за здравствените права и пристапот кон здравствените услуги.
Александар Манасиев – главен и одговорен уредник на Види Вака
Избор на канали за комуникација
Изработка на новинарска приказна за комплексен општествен проблем кој треба да го привлече вниманието не е лесна задача. Задачата станува особено комплексна кога проблемот вклучува маргинализирана целна група а целната публика е генералната публика која не е премногу заинтересирана да се запознае со проблемот.
Дополнителен предизвик е заштитата на личниот идентитет на лицата чии приказни се раскажуваат, заради сензитивноста на проблемите со кои се соочува оваа заедница.
Затоа решението беше употреба на визуелно-графичкото раскажување на приказни во стрип техника односно техниката на графички новели. Оваа техника е визуелно атрактивна за да привлече публика и многу посоодветна да раскаже комплекси приказни на едноставен начин. Дополнително, графичките панели беа минимално, но довоно анимирани со што се зголемуваше интеркативноста на читателот со самата приказна
За потребите на овој проект креиран беше посебно дизајниран вебсајт, приказните беа споделени и како Инстаграм мултифото есеј (1, 2, 3), а некои од нив беа пренесени и преку Инстаграм сторис.
Времетраење на активноста
Целиот прокет во кој покрај графичките стории се беше креирана и друга видео содржина која доминантно беше споделувана на Facebook и Instagram каналите на Види Вака трае 9 месеци. Делот со план и изработка траеше во текот на првите 7 месеци. Споделувањето беше оставено за крај на овие 9 месеци, по објавата на другите содржини.