fbpx

Теофил Блажевски е уредник и новинар во Фондацијата Метаморфозис, на медиумските проекти Сервис за проверка на факти во медиумите и на Вистиномер од 2015 година. Тој е дипломиран новинар, и има 33-годишно работно искуство во новинарството, од кои над 27 професионално и тоа како репортер, уредник и главен уредник (9 години), во повеќе печатени и електронски медиуми. Тој е член и на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија од 2014 година, член на Извршниот одбор на ССНМ, како и член на Управниот одбор на Транспаренси интернешнл – Македонија

Лилјана Поповска е граѓански активист од Зелен институт, работи на јавни политики за животна средина, зелена економија, социјална правда, човекови права. Координаторка на Граѓанскиот инспекциски совет, формиран во рамките на кампањата „Разбистри сè“. Порано активна во политиката и дел од европското зелено движење. Инжинер по хемиска технологија, м-р по технички науки, д-р по политички науки (интеркултурализам и граѓанско општество).

Иван Суботиќ (1997) ги завршил своите додипломски студии по новинарство во 2020 година на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Истата година почнува со работа во порталот FakeNews Tragač како новинар. Тој е автор на повеќе од 50 текстови објавени на порталот FakeNews TragaNews и коавтор на повеќе публикации на Новосадската школа за новинарство. Тој е добитник на наградата на Универзитетот во Нови Сад за студентска научна и стручна работа во академската 2019/2020 година. Во моментов е запишан на магистерски студии по комуникологија на Филозофскиот факултет во Нови Сад.

Ивор Фука е главен уредник на непрофитниот онлајн портал Lupiga.com. Тој ги завршил своите додипломски студии по историја на Филозофоскиот факултет во Загреб, а со новинарство се бави од 2001 година. Работел во повеќе медиуми во Хрватска како Novog lista, Vjesnika, Radio Studenta и Poslovnog dnevnika а соработувал и со повеќе регионални и европски медиуми. Во фокусот на неговиот новинарски интерес се теми од областа на човековите права и медиумски политики.

Вилиам А. Хаселтин е научник и претприемач во областа на био-технологија и е експерт за заразни болести, како и претседавач и претседател на глобалната експертска група за здравство ACCESS Health International.

No posts currently available

Никола Цветкоски е политиколог по применети политики и политички систем, долгогодишен општествен активист, стипендист на фондацијата Конрад Аденауер и член на МПФ - Македонски политолошки форум.

No posts currently available

Ида Мантон е обучувач и научник во областа на преговори, медијација и решавање на конфликти. Таа предава меѓународни преговори, дипломатија и современа пракса на разни дипломатски академии, институти, организации и универзитети низ цела Европа (ЕУ, ОБСЕ, НАТО Колеџ за одбрана, ВСЕ во Прага, Колеџ на Европа итн.). Нејзина претходна професионална работа вклучува главно работа во меѓународни организации (Мировен корпус, НАТО, ОБСЕ) во областа на демократизација, малцински права, односи со јавност и добро владеење. Има објавено статии кои се презентирани на меѓународни конференции и била поканувана како судија во преговори во меѓународни рамки. Член е на Програмата за меѓународна обука за преговори – ПОИНТ, поврзана со мрежата на експерти за преговори ПИН (процеси на меѓународни преговори). Исто така е и претставник на „Дипломатски дијалог“ (тинк тенк организација со седиште во Женева) во Академската мрежа на ОБСЕ а од 2018 година е виш советник за глобалните стратегии на ПАЦЕ, со седиште во САД. Мантон дипломирала компаративна книжевност со втора диплома по англиски јазик и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирала по дипломатија и меѓународни односи на универзитетите во Лајден и Клингендаел во Холандија. Таа е американски и македонски државјанин, со постојан престој во Чешка.

Никола Донев е студент по право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Тој е Програмски асистент во Центарот за миграција и право на бегалци при Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Претседател на Комитетот за наука при Универзитетското студентско собрание на Св. Кирил и Методиј “- Скопје.

Радован Спиридонов е студент по меѓународни односи и филозофија на УКИМ. Ангажиран во Центарот за истражување и креирање политики, тој исто така предава дебата во МОФ, соработувал со ОБСЕ, и е стипендист на фондацијата Конрад Аденауер. Работи на проекти од областа на документарната фотографија. Негови главни полиња на интерес се политичката филозофија, светската политика, историјата и футорологијата.

No posts currently available

Димитар Христов е дипломиран политиколог, и студент на постдипломски студии на насоката ,,Применета политика и политички систем“ при Правниот факултет ,,Јустинијан Први“ во Скопје.

No posts currently available

Шломо Бен-Ами е поранешен израелски министер за надворешни работи. Тој е потпретседател на меѓународниот центар за мир во Толедо. Автор е на книгата Лузни од војната, рани на мирот: Израелско-арапска трагедија.

No posts currently available

Џозеф Е. Стиглиц, Нобелов лауреат за економија и универзитетски професор на Универзитетот Колумбус, е поранешен главен економист на Светската банка (1997-2000) и претседавач на Советот на економски советници на претседателот на САД, како и главен автор на Извештајот за климатската состојба на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) од 1995 година и ко-претседавач на Меѓународната висока комисија за цените на јаглерод.

 

Лори Валах е директор на Public Citizen’s Global Trade Watch, организација која ја следи состојбата со глобалната трговија.

No posts currently available

Виктор Јакимовски е дипломиран политиколог. Своите студии ги завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први" - Скопје. Во моментов ги изучува своите магистерски студии по меѓународни односи, европски интеграции и дипломатија на истиот факултет.

No posts currently available

Стефан Митиќ е студент на Њујоршкиот универзитет во Абу Даби (NYU Abu Dhabi) каде студира на факултетот за Политички науки и факултетот за Општествени истражувања и јавни политики. Тој е новинар во студентскиот весник Д Газел (The Gazelle) и е член на организацијата „Модел Обединети Нации“ при универзитетот. Области од особен интерес му се човековите права, климатските промени, климатската правда и можните решенија, етиката при користење социјалните мрежи, употребата на лични податоци и безбедноста на интернет, како и поврзаноста помеѓу политиката и технологијата. 

No posts currently available

Џејсон Диган (Jason Deegan) ја подготвува својата докторска дисертација и е научен соработник на Универзитетот во Ставангер, а неговиот истражувачки фокус е на регионалната политика за иновации во областа на паметната специјализација. Џејсон има завршено магистерски студии по јавна политика на Универзитетскиот колеџ во Даблин и има диплома за маркетинг од Технолошкиот универзитет во Даблин. Со оглед на тоа што потекнува од Даблин, Ирска, темата на неговата магистерска теза е влијанието на усвојувањето на Конвенцијата на ООН против корупцијата (UNCAC) врз резултатите од Индексот на перцепцијата на корупцијата (CPI), објавена во Журналот за антикорупциско право (Journal of Anti-Corruption Law).

Феликс Амелунг (Felix Amelung) е магистер по меѓународни работи на Школата за управување со финансиски, човечки и други ресурси во Берлин и има диплома за меѓународна деловна администрација од Универзитетот во Тибинген. Неговата магистерска теза е на тема влијанието на развојната помош од ЕУ за борба против корупцијата во посткомунистичките земји. Феликс, исто така, работи повеќе од 3 години како консултант за усогласување со законската регулатива во приватниот сектор и им нуди поддршка на младите, одржливи старт-ап компании во своето слободно време.

Јулијана Караи e магистер по европски студии на Универзитетот во Болоња и е член на Собранието на ЕПИ. Има работено во Секретаријатот за европски прашања во областа на политичките критериуми, поконкретно, демократија и владеење на правото, реформа на јавната администрација, децентрализација и борба против корупцијата, како и во Министерството за информатичко општество и администрација.

No posts currently available

Арбер Фетаху ги завршил своите додипломски студии по политички науки на Универзитетот во Приштина, а магистрирал по глобални студии на Државниот универзитет во Мисури. Во моментов е ангажиран како научен соработник во Групацијата за правни и политички студии (ГЛПС) во Приштина, Косово. Претходно работел како истражувач во Истражувачкиот институт за развој и европски прашања (РИДЕА) а пред тоа како новинар на телевизијата Клан Косова. Неговата работа е првенствено фокусирана на надворешна политика, јавна политика, демократизација, европска интеграција и владеење на право.

Вања Стокиќ е дипломиран новинар, којa живее и работи во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Таа е специјализирана за известување за човекови права и права на маргинализирани групи. Таа е дел од тимот на eTrafika.net, и соработува со неколку медиуми кои известуваат за прашања поврзани со ранливи категории на општеството. Добитник е на неколку награди, како што се наградите „Срѓан Алексиќ“ и УНИЦЕФ. Неодамна беше прогласена за шампион за родова еднаквост во БиХ.

Д-р Огнен Вангелов е доцент по политички науки на УАКС и истражувач при Центарот за демократија и разновидност на Квинс универзитетот (Queen’s University), Канада. Тој е член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Д-р Љупчо Ристески е редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ. Член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Владимир Атанасов е консултант за финансии, ризици и мерење на учинокот како FX трговец. Дипломирал меѓународни односи на Американскиот универзитет во Рим, а потоа магистрирал и финансии на Лондонската школа за бизнис. Во 2019 година го има стекнато правото да ја користи ознаката Certificate in Investment Performance Measurement™. Од 2020 година е исто така менаџер за финансиски ризици – сертифициран од Глобалното здружение ‘Global Association of Risk Professionals’.

  • Start blogging +

    Join our team of authors by proposing a topic or submitting a text, along with your photo and short bio on info@iks.edu.mk.

    More

  • Guidelines +

    The blogs should be between 900 and 1300 words long, and written in concise and short paragraphs in an informal style.

    More

  • Republish +

    The content on Res Publica is free for sharing and readers can leave constructive and reasonable comments on the published products.

    More

  • 1

Follow us