fbpx

Истражувањето на вселената како „стратешка неопходност“

Алфред Марлеку

Политика

02.03.20

Прегледи

Алфред Марлеку

alfred marleku200x250Креаторите на политики, државите и проучувачите на меѓународното законодавство за Вселената, треба да размислат за ажурирање и унапредување на законодавството од оваа област, со цел вселената да продолжи да се смета како потенцијал за развој на целото човештво и во следните 50 години.

Напредокот во науката и технологијата отсекогаш биле користени од страна на државите како алатки за проширување на нивното влијание и промовирање на нивните интереси, истражувајќи ги и искористувајќи ги новите пространства, со цел да се консолидира суверенитетот и да се зголеми потенцијалот за проектирање на моќ. Според меѓународното право, знаеме дека државите не го спроведуваат суверенитетот само на нивната копнена и водна територија, туку и воздушниот простор е територијален дел на државата. Сепак, како што се зголемуваат технолошките капацитети, државите ги зголемија нивните способности за истражување и експлоатација на Вселената. Врвот се постигна со стапнувањето на човекот на Месечината, во 1969 година, што истовремено ја означува технолошката и идеолошката предност на САД против СССР. Денес, 51 година по овој настан, започна новата ера на истражување на вселената. Истата се гледа како на бојното поле, во блиската иднина. Но, овој пат не само државните актери кои имаат претензии, туку и недржавни актери од приватниот сектор, имаат за цел да ја играат својата улога.

Главната употреба на вселената во последните 51 години се фокусираше пред се на потребите за комуникација, создавање на можности за пренос и навигација. Ова е постигнато преку лансирањето и употребата на разни сателити. Во моментов се проценува дека во вселената оперираат над 2,000 разни сателити . Но, во последно време, вселената се враќа на политичката сцена како една од областите каде што економски развиените држави, со политичко влијание на глобално ниво, сакаат да инвестираат. Во однос на ова, претседателот Претседателот Трамп изјави дека САД и НАСА не само што треба да ја разгледуваат само можноста до 2024 година да се вратат на Месечината, туку и да се фокусираат на поголеми работи, вклучително и одењето на Марс. Од друга страна, кинеските власти планираат до 2035 година да испратат луѓето на Месечината.

Вселената како воен потенцијал на државите

Покрај ова, тоа што е уште поважно, развиените држави вселената ја гледаат како соодветен воен потенцијал. Американскиот Претседател Доналд Трамп неколку пати ги објасни своите планови во однос на формирање на Вселенските воени сили (Space Force). На крајот на 2019 година, тој го конкретизираше овој проект со потпишување на „Законот за овластување за национална безбедност 2020„ (2020 National Defense Authorization Act), каде конкретно се предлага формирање на Вселенските воени сили на САД (US Space Force – USSF) како шеста гранка на Вооружените сили. Тој, овој потег го смета од витално значење за иднината на американската држава, и заради ова го дефинира и како „стратешка неопходност“.

Istrazuvanjeto na vselenata kako strateska neophodnostИзвор: new.asgsr.org

Слично нешто изрази и францускиот претседател Eмануел Maкрон, кој кој во воената парада, која се одржа на 14 јули 2019 година, најави формирање на нова вселенска команда. Според него, за да и се даде суштина на оваа доктрина, и за да гарантираме консолидација на нашите вселенски капацитети, прво ќе се формира една вселенска команда, па понатаму истата ќе се трансформира во „Вселенски и воздушни воени сили. Ниту, Кина и Индија, не сакаат да заостанат во овој поглед. Овие земји исто така инвестираат значителни финансиски, технолошки и човечки ресурси за градење и лансирање на сателити со вселенска, со воени функции и воени цели. Само во текот на 2018 година, Кина реализираше 25 успешни лансирања во Вселената. Околу тоа колку е значајна Вселената за Кина, потврдува и дефиницијата која се дава во однос на Вселената во „Воената Стратегија на Кина“. Во Стратегијата, Вселената се смета како голем потенцијал кој ќе и овозможи на државата Кина “нови командни височини во една стратешка конкуренција”.

Вселената како можност за бизнис за приватниот сектор

Сепак, најинтересниот развој во однос на вселената како можност за истражување е инвестицијата на приватниот сектор во оваа област. Се чини Вселената денес се гледа како можност бизнис и за профит, покрај неговиот воен и стратешки потенцијал. Податоците покажуваат дека од 1959 до 2009 година речиси сите трошоци и истражувања направени во вселената се реализирале од државните институции, главно американските. Важно е да се напомени дека во последните 10 години инвестициите во приватниот сектор во вселенски проекти значително се зголемија, што претставува 15% од сите инвестиции што се остваруваат денес во вселената. Во овој поглед, проектот на Elon Musk, SpaceX, само минатата година (2019 година) реализираше 21 успешени лансирање на сателити во вредност од 33 милијарди американски долари. Формирана во 2002 година, мисијата на SpaceX, е да им овозможи на луѓето да станат вселенска цивилизација и мулти планетарен вид, градејќи самоодржлив град на планетата Марс. Кога ќе се прочита за прв пат, ова изгледа како научна фантастика. Но, во суштина, овој не е единствениот проект во оваа област, кој се превзема од една иницијатива и од една приватна компанија. Друг познат мулти милијардер, основачот на Амазон, Џеф Безос, годишно одвојува околу една милијарда американски долари од своето богатство и ги инвестира во неговиот вселенски проект Blue Origin. Визијата на овој проект е во иднина, да им овозможи на луѓето за живеат и работат во Вселената.

Неопходноста од унапредување на меѓународното законодавство за Вселената

Врз основа на овие податоци, се чини дека вселената, за некои приватни компании, претставува добра можност за инвестиции и профит, создавајќи цела вселенска индустрија. Од друга страна, исто така се зголемува и вниманието на државите за нови истражувања. Но, додека приватните иницијативи имаат за цел да ја искористат можноста, пред се, за да им овозможат на богатите луѓе да патуваат во вселената, државите тоа го гледаат како можност да ги унапредат воените способности, преку што ќе можат да ја проектираат својата моќ, не само на земјата, туку и надвор од неа. Затоа, соочувајќи се со овие случувања, се смета дека е неопходно регулирањето на оваа област со цел да се создаде соодветна и ажурирана правна инфраструктура што би ја регулирала работата во вселената.

Моментално, оваа област е регулирана со Договорот за Вселената (The Outer Space Treaty), кој стапи во сила во 1967 година и служи како основна рамка, нудејќи неколку основни начела околу меѓународното законодавство за Вселената. истражувањето и користењето на Вселената треба да се прави за доброто и интересот на сите држави и треба да биде провинција на целото човештво, Вселената треба да биде слободна за истражување и за користење подеднакво за сите држави, Вселената не треба да биде предмет на национално присвојување претендирајќи суверенитет и употребувајќи средства за нејзино усвојување, државите треба да бидат одговорни за вселенските национални активности, било ти да се изведуваат од владините или невладините институции, државите треба да бидат одговорни за нанесените штети од страна на нивните вселенски објекти, и државите треба да го одбегнат штетното загадување на Вселената и на другите небесни тела. Како што може да се види, сите овие начела, имаат примарен фокус, регулирање на однесувањето на државите во однос на нивното делување, или тоа што потенцијално можат да направат, што се однесува до истражувањето на Вселената. Но, овие начела не ги третираат аспектите што би значеле нормирање и уредување на делувањето и активностите кои можат да ги превземаат приватните компании. Јасно е дека овие начела, би можеле да се усогласат и спроведат и за овие компании, особено за оние кои што се фокусирани на истражување на Вселената за доброто и придобивка на целото човештво, сепак по се изгледа постои очигледен вакуум во оваа насока.

Со оглед на неодамнешниот технолошки развој и конкретниот потенцијал на државите и приватните компании, се чини дека креаторите на политики, државите и проучувачите на меѓународното законодавство за Вселената, треба да размислат за ажурирање и унапредување на законодавството од оваа област, со цел вселената да продолжи да се смета како потенцијал за развој на целото човештво и во следните 50 години.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Алфред Марлеку

Алфред Марлеку е доктор по политички науки и професор по меѓународни односи и компаративна политика на Факултетот за политички науки во рамки на УБТ Колеџ, Косово. Автор е и коавтор на голем број научни трудови од областа на политичките науки во релевантните регионални и меѓународни списанија. Покрај тоа, тој е коавтор на серија стратешки документи, главно во областа на високото образование. Неговите истражувачки интереси вклучуваат, но не се ограничени на, меѓународните односи, мали држави и процесот на градење на државата. Повеќе од 8 години работи како проект-менаџер во различни програми финансирани од Европската комисија, УСАИД, амбасадата на САД и други, кои главно се однесуваат на реформите во високото образование во Косово, особено фокусирајќи се на истражување и развој, одлив на мозоци, развој на наставни програми итн.