fbpx
 

Super User has not set their biography yet

Поповски: На парцелата пред Холидеј ин да се изгради Републички центар

Popovski Na parcelata pred Holidej in da se izgradi Republicki centar 1

Поранешниот министер за екологија, архитектот и политиколог Тони Поповски, кој повеќе години живее и работи во Брисел, будно ги следи настаните во Македонија и вели дека хаосот во урбаниот развој е директна последица на несоодветно почнат и воден процес на почетни, широки, инклузивни и транспарентни консултации. Тој како решение за парцелата пред Холидеј ин ја враќа старата идеја за изградба на ново собрание, кое ќе биде од корист и во контекст на односите со соседите, а особено со Бугарија.

Повеќе
  3767 Кликови
  0 Коментари

Д-р Крсте Роџевски: Забораваме дека медицинските работници ќе имаат трауми од пандемијата

D r Krste Rodzevski Zaboravame deka medinskite rabotnici ke imaat traumi od pandemijata intervju

„Луѓе кои прележале КОВИД 19 ни се чувствуваат поуспорени, имаат малку променета перцепција за дистанца, имаат бранови на многу непријатен мирис, на гума, на ѓубре, на леш. Се истражува и се вели дека вирусот го напаѓа офлакторниот нерв, го напаѓа автономниот нервен систем и преку мозочното стебло оди во белата маса, каде сите овие кортикални функции можат да бидат успорени“. Вака Крсте Роџевски – невропсихијатар со приватна пракса, кој работи како психофармаколог и психоаналитички терапевт во Њујорк, ја објаснува т.н. „когнитивната КОВИД магла“. Со него разговараме за бремето од траумите на медицинските работници. Нашата јавност д-р Роџевски го познава како гласот и музиката од филмовите на Милчо Манчевски „Сенки“ и „Бикини Мун“ и „До Балчак“ на Столе Попов, од кои извира многу топлина и љубов.

Повеќе
  22041 Кликови
  0 Коментари

Балканот далеку од колективен имунитет против КОВИД 19

Во БиХ група граѓани поднесе кривична пријава против властите. Бараат одговорност за доцнењето на вакцините и големиот број смртни исходи од вирусот. И покрај масовното вакцинирање, со 15 % имунизирани, Србија е далеку од колективен имунитет. За да се успори ширењето на корона вирусот треба да е вакцинирано 70 до 80 отсто од населението. Претпоставките се дека секој трет човек во С. Македонија имал контакт со корона вирусот. Во видео поткастот на #ResPublicaMK зборуваме за перспективите и динамиката на процесот на вакцинација во регионот.

Повеќе
  468 Кликови
  0 Коментари

Наум Пановски: Во Македонија владее волјата на нејзините непријатели, волјата на фамилиите што наизменично доаѓаат на власт

Naum Panovski Vo Makedonija vladee voljata na nejzinite neprijateli voljata na familiite sto naizmenicno doagaat na vlast

Македонија мора радикално да се соочи со себе и да се пресмета со своите заблуди, од својот паразитизам, да се ослободи од сиот тој самодеструктивен баласт, да се ослободи од ова зло што ја разјадува државата однатре, и најважно, да се ослободи од примитивизмот и диктатурата и на македонскиот и на албанскиот етноцентризам и клерикализам. Македонија мора да се извлече од наметнатиот коњски ам, кој ја зароби и ја претвори во бинационална државна заедница, со октроирано име и октроиран устав, и да се врати, односно да ги обнови од корен вистинските хуманистички, етички и граѓански вредности, вели во интервјуто за МКД.мк и за #ResPublicaMK, д-р Наум Пановски, професор по хуманистички науки и уметности, режисер што откако ја напушти Македонија, веќе 30 години живее во САД.

Повеќе
  3128 Кликови
  0 Коментари

Ивановска од ДКСК: Ќе истражуваме кој ги цртал и одобрил плановите за градба спроти „Холидеј Ин“

Антикорупциската комисија ќе истражува кој ги цртал и одобрил ДУП-овите спроти „Холидеј Ин“ и зошто Општината не ги суспендирала плановите коишто не се усогласени со ГУП-от. Билјана Ивановска, претседателката на ДКСК вели дека следат зошто е тајна колку пари добиваат сопствениците на мали хидроцентрали како субвенции за струја од обновливи извори. Во подолгото интервју на #ResPublicaMK, ја прашавме и за софтверот на Драги Рашковски, за случајот со родилката од Струга, платформите на Матка кои се уште стојат. 

Повеќе
  544 Кликови
  0 Коментари

Божин Павловски: Мора ли годинава Македонците да одат во мајчината за да дојдат кротки Северномакедонци или не мора?

Bozin Pavlovski Mora li godinava Makedoncite da odat vo majcinata za da dojdat krotki Severnomakedonci ili ne mora

Со многу горчина и иронија академикот Божин Павловски ја портретира иднината на Македонија. Без многу оптимизам. Прецизно и јасно, како и во неговите 22 романи. Тој веќе 60 години учествува во општествениот и културниот живот на својот народ. И во неговиот последен роман насловен „На пат за Ахасферија“ пишува за тој народ, но овојпат за неговото исчезнување. Видовме како заврши авантурата на Груевски, оваа година е пресудна за експериментот на Заев, вели тој.

Повеќе
  15005 Кликови
  0 Коментари

Балканот испраќа сè посилни евроскептични тонови

Европската Унија не ги исполни ветените очекувања на Балканот и затоа луѓето од овие земји се лути и разочарани. Соговорничките од регионот коишто ги следат европските процеси, во поткастот на #ResPublicaMK велат дека ЕУ нема лесно да го врати изгубениот кредибилитет. Но и покрај евроскептицизмот, младите заминуваат во ЕУ бегајќи од домашните клиентелистички системи.

Повеќе
  453 Кликови
  0 Коментари

Пандемијата и земјотресот го урнисаа туризмот во Албанија

За година и пол, Албанија ја погодија две катастрофи - земјотресот во Драч на крај на 2019-тата и КОВИД -19. И двете непогоди оставија сериозни последици по туристичката индустрија. Во #ResPublicaMK зборуваме со Клинтон Грџани, од Асоцијацијата на тур-оператори во Албанија за ситуацијата во која се затекнаа луѓето од овој бизнис, но и научените лекции за во 2021 година.

Повеќе
  340 Кликови
  0 Коментари

Еврејската заедница повеќе од 70 години чека извинување и признавање од Бугарија

Горан Садикаријо од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија вели дека секој медал има две страни: за Бугарија едната е спасувањето на Евреите, а другата е депортацијата. „Кога самите ќе бидат подготвени и свесни за злосторствата кои што ги имаат направено нивните претходници, мислам дека ќе дојде време и ќе созрее моментот тоа да се признае“, додава тој. Ернест Херцог од Светскиот еврејски конгрес вели дека историјата не може да се прикажува селективно и во моментот кога ќе почне да се избира кои вистини ќе бидат прикажани, а кои ќе се скријат под килимот, се случува негативна ревизија на историјата која никако не може да се оправда.

Повеќе
  652 Кликови
  0 Коментари

Урошевиќ: Меѓу македонскиот и бугарскиот јазик постои ’различна сличност‘

Влада Урошевиќ (1934, Скопје) е авторот којшто ја одбележа и сѐ уште ја одбележува македонската книжевност. Автор на два века, на огромно поетско, прозно и преведувачко творештво, со еден куп нијанси во него: стихови, раскази, есеи, романи, преводи и препеви, критики, научноистражувачки трудови.

Повеќе
  6469 Кликови
  0 Коментари

Горан Черкез: Имунизацијата е само почеток на крајот на кризата со КОВИД 19

Босна и Херцеговина иако нема доволно ресурси за справување со пандемијата на корона вирусот, ситуацијата ја смета за стабилна, a според најавите на Горан Черкез, помошник министер за јавно здравје во Федералното министерство за здравство, вакцините ги очекува на почетокот на следната година.

Повеќе
  2584 Кликови
  0 Коментари

Регионот дели исти маки во борбата со КОВИД-19

Бројките на новозаразени се намалуваат, се засилуваат рестриктивните мерки во пресрет на празниците. Коронавирусот ги откри слабите точки на здравствените системи од регионот - недостиг од инфраструктура, кадар, опрема. Во поткастот на Рес публика од студиото на МРТ 1 разговаравме со првите луѓе на фронтот со корона вирусот во Хрватска, Албанија и Македонија.

Повеќе
  1815 Кликови
  0 Коментари

Игор Радев: Бугарија тежнее да нè задуши во „прегратка“, но колку повеќе таа стега, толку ние пожестоко се оттргнуваме

Igor Radev Bugarija teznee da ne zadusi vo pregratka no kolku povee taa stega tolku nie pozestoko se ottrgnuvame

Докторот по кинеска филологија Игор Радев во интервјуто за актуелните јазични прашања со Бугарија вели дека правото на слободно носење одлуки за вакви прашања е дел од дефиницијата на државен суверенитет, и тука нема што некој од страна да се меша.

Повеќе
  9541 Кликови
  0 Коментари

Кнаус и Бибер: Софија е под притисок да се откаже од ветото за Скопје

„Сѐ повеќе европски влади се јавуваат во Софија и велат дека ветото е неразумно. Мора да попуштите, да го укинете. Ако тоа не се случи никој нема да го обвини Скопје и тоа е важно“, вели Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност. Според професорот Флориан Бибер не е европска позиција да се блокира Северна Македонија од започнување на преговорите, додавајќи дека е важно да се градат сојузништва за да се продолжи притисокот врз Бугарија.

Повеќе
  670 Кликови
  0 Коментари

Пандемијата не ги погоди исто мажите и жените

Пандемиите не се родово неутрални, покажуваат наодите од глобалните статистики според кои 54% од жените ги изгубиле работните места, вели Даниела Антоновска која долги години истражува и работи на родови прашања. Во Македонија немаме такви податоци, но забележан е пораст на јавувања за семејно и родово базирано насилство. Антоновска очекува поголем ангажман од пратеничките во Собранието, токму за овие прашања.

Повеќе
  3234 Кликови
  0 Коментари

Ние дефинитивно не сме во војна, но не сме ниту во целосен мир

Цели 25 години по завршувањето на војната во Хрватска, високата политика реши да се обиде да ја разбие хрватско-српската спирала на омраза. Секое лето, од војната па натаму, едните ја прославуваат „Олуја“, воена акција на хрватската армија (ХВ) со која се стави крај на војната, додека други ги одбележуваат злосторствата врз цивилните жртви извршени од припадници на ХВ и полицијата во српските села по „Бура“.

Повеќе
  1383 Кликови
  0 Коментари

Поддршката од најблиските е клучна за менталното здравје на младите

Пандемијата, донесе промени во секојдневието на младите луѓе. Придржувајќи се до мерките за превенција, физичката дистанца ја подразбираат како социјална дистанца, која дополнително ги ранува во овој за нив бурен животен период. Психолозите советуваат да се следат промените во однесувањето на младите и да им се пружи поддршка за да го зачуваат менталното здравје. Училишните психолози ги охрабруваат учениците да им се обратат кога им треба помош. #РесПубликаМК поткаст со училишниот психолог, Јасмина Дечков од О.У. „Партенија Зографски“ во Скопје и психологот Иво Куновски од Клиниката за психијатрија.

Повеќе
  1037 Кликови
  0 Коментари

Велевски: Во Скопје не вирее био-светот, туку пробисветот

Скопје е град којшто е уморен од профитерски урбанизам, вели професорот Слободен Велевски, од катедрата за Урбанизам на Архитектонскиот факултет. Во интервјуто на Республика, тој посочува на важноста на осмислувањето на „Треска“, на „Расадник“, на паркингот кај „Холидеј Ин“ оти архитектите ги гледаат како последни бастиони што носат шанса на Скопје да му дадат похумано и поквалитетно живеење.

Повеќе
  3629 Кликови
  0 Коментари

Внимавајте со кого комуницирате онлајн

Пандемијата донесе нови правила на живот. Интернетот е сè поприсутен во нашиот живот. Но, за помалку вештите за онлајн комуникација тоа носи ризик да бидат мета на предатори. ИТ инженерите упатуваат на поголема свесност со кого комуницираме на далечина. Психијатрите велат дека пандемијата е пролонгирана стресогена состојба која од нас бара претпазливост на сите нивоа, но и која ќе доведе до оттуѓување! #ResPublicaMK поткаст со невропсихијатарот Методија Чепреганов и ИТ инженерот од ФИНКИ, Владислав Бидиков.  

Повеќе
  757 Кликови
  0 Коментари

Црна Гора не може да биде фактор на нестабилност во регионот

По три децении на изборите, граѓаните на Црна Гора ја сменија Демократската партија на социјалистите, предводена од постоечкиот претседател Мило Ѓукановиќ. Владата,очигледно е дека ќе формира три разновидни коалиции „За иднината на Црна Гора“ ориентирана околу претежно просрпскиот демократски фронт, граѓанската коалиција „Мирот е наша нација“ предводена од Демократска Црна Гора и про-црногорската „Црно на бело“ предводена од Граѓанското движење УРА. Доминантна тема дискутирана пред и по гласањето беше контроверзниот Закон за слобода на вероисповед, поради кој десетици илјади граѓани низ Црна Гора протестираа во последните шест месеци. Граѓаните имаат големи очекувања од новата Влада, а напнатите тензични денови што следуваа по 30 август, според мислењето на долгогодишниот новинар Душко Вуковиќ, ќе продолжат само доколку се усвојат закони со кои досегашната власт ќе треба да докажува како го стекнала енормното богатство.

Повеќе
  1242 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè