fbpx
 

Д-р Ѓорѓи Спасов (роден 1949) е универзитетски професор. Има објавувано трудови во областа на политичките науки, комуникациските науки и односите со јавноста. Бил генерален секретер на СДСМ, пратеник во Собранието на Република Македонија, министер за правда и амбасадор на Македонија во Бугарија и во Велика Британија. Еден е од основачите на агенцијата за јавно мислење и комуникации „Рејтинг“. Објавува колумни во дневните и неделните весници и учествува во телевизиски дебати за актуелните политички прашања. Автор е и на прирачниците „Десетте одредници на социјалдемократијата денес“ и „Развојот на социјалдемократијата“ издадени од Фондацијата Фридрих Еберт, кои се користат за обука на младите социјалдемократи во земјава.

Конспиративните теории за коронавирусот

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Лажните вести во врска со вакви појави можат да ги остават земјите неподготвени за одбрана од ваква опасност и да ги изложат сопствените граѓани на голем ризик.

Повеќе
  2091 Кликови
  0 Коментари

Се вмешува ли Русија во македонските избори?

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Пред изборите на 12 април, се чини дека Москва го има својот фаворит во Македонија. Таа од свои најегоистични причини, полага надеж во можната победа на Мицкоски на изборите, кој е единствената надеж ВМРО да остане продолжена рака на руската дипломатија во Македонија. Зошто? Затоа што Мицкоски е единствениот лидер на сериозна политичка партија кој од една страна постојано повторува дека неговата партија е за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, но истовремено е и за поништување или измена на „капитулантскиот договор“ со Грција со кој беше овозможено тоа членство.

Повеќе
  5081 Кликови
  0 Коментари

Договорот за добрососедство е брана за негирањата од Бугарија

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Бугарија не може да бара со некаков нов договор или со декларација да прифатиме дека македонската нација и македонскиот јазик се без сопствена историја и корени. Тоа не спаѓа во сферата на политичките одлуки. Тоа е сфера на политичкото убедување, на научното докажување, па и на човечкото верување кое се гради во секоја нација и опстојува врз основа на вистини, но и на митови и митологизации. Тоа е сфера во која никој не може да тврди дека има монопол на вистината.

Повеќе
  2753 Кликови
  0 Коментари

Зошто Договорот со Грција не е „капитулантски“?

проф. д-р Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Секое бојкотирање на Договорот значи застанување на страната на оние кои немаат сериозни и валидни аргументи за неговата штетност. Тоа значи застанување на страната на оние кои не сакаат да дадат одговор што ќе се случува со нашата земја ако ја пропуштиме и оваа можност за интегрирање во НАТО и во ЕУ, незвисно од тоа кој е на власт сега.

Повеќе
  5799 Кликови
  1 Коментар

Прво промена на Уставот, а потоа референдум за членство во НАТО!

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот. Оттука владиното и парламентарното мнозинство треба да се концентрираат на најважната цел. Обезбедување мнозинство за промена на Уставот, негова промена заедно со импичмент на претседателот Иванов и дури тогаш референдум кој е задолжителен при влегување во сојуз со други држави и за проверка на исправноста на одлуките.

Повеќе
  9335 Кликови
  1 Коментар

Се крчка решение за името по примерот на Договорот со Бугарија

проф. д-р Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Потпишување договор за добрососедство со Грција, по примерот со Бугарија, на Грција ѝ обезбедува гаранција од немeшање во внатрешните работи, а не задира во идентитетот на македонската нација.

Повеќе
  16363 Кликови
  12 Коментари

Зошто се во право реформаторите на партиите?

проф. д-р Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Менувањето на сликата за партијата не се постигнува со шминкање или со „гола пропаганда“, туку со промена на нејзиното дејствување, нејзините клучни политики и на носителите на тие политики. Враќајќи го СДСМ на неговиот граѓански концепт и отфрлајќи го кокетирањето со финансиската олигархија, Заев и новото политичко раководство ја ребрендираа партијата. И иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ се на добар пат со барањата за внатрешно демократизирање на партијата.

Повеќе
  3723 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè