fbpx
 

Кристијан Фидановски е магистер по политички науки и источноевропски студии од Унивеерзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Додипломски студии има завршено во истата област на Универзитетскиот колеџ Лондон. Уредник е на онлајн-магазинот на англиски јазик за политички и општествени прашања на Балканот, „Востокијан“. Негови примарни полиња на експертиза се партиските системи и јавното здравје во источна Европа, како и стратешките комуникации и руската надворешна политика. Има објавувано академски трудови и новинарски текстови на македонски, англиски и италијански јазик за десетици домашни и меѓународни публикации.  

Дали либерализмот може да го победи коронавирусот – пред тој да го победи либерализмот?

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogПолицискиот час не бара од тебе да знаеш дали надвор има вирус, невреме или терористички напад – бара само да знаеш дека има полициски час.

Повеќе
  961 Кликови
  0 Коментари

Наместо една изборна единица, попис и подобрување на Донтовиот систем

Овој текст е продолжение на блогот „Зошто моделот на една изборна единица е лоша идеја“ објавен на 16 октомври, 2019 година.

Кристијан Фидановски

Граѓаните мора да сфатат дека изборниот модел е сепак само математичка формула, а не магично стапче за демократизација.

Повеќе
  1818 Кликови
  0 Коментари

Зошто моделот на една изборна единица е лоша идеја

ALB

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogДобар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење. Една изборна единица е најрепрезентативниот изборен модел, но и убедливо најштетниот за формирање одржлива владејачка коалиција.Овој модел не само што најверојатно не би ја запрел доминацијата на „големите“ партии, туку и би отворил неколку нови проблеми.

Повеќе
  3839 Кликови
  0 Коментари

Марихуаната треба да се легализира, но со цел да се конзумира помалку, а не повеќе

ALB

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogЕдинствениот начин легализаторскиот табор да допре до мнозинството граѓани е да ги убеди дека забраната на марихуаната не е само финансиски и логистички неисплатлива, туку и контрапродуктивна. За разлика од забраната, легализацијата на марихуаната значително ја намалува нејзината атрактивност, но и нејзиниот потенцијал за зависност и штетни ефекти.

Повеќе
  3021 Кликови
  3 Коментари

Две причини зошто Гордана Силјановска-Давкова би била претседателка која следи, наместо претседателка која води

Рес Публика почнува со објава на серијал текстови „Политички профили на претседателските кандидати“. Во рамки на серијалот, во наредните четири денови ќе бидат објавени блогови за секој од кандидатите на претстојните претседателски избори - проф. д-р Блерим Река, проф. д-р Стево Пендаровски, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова како и блог за потребата од независност за успешно вршење на претседателската функција. Третиот блог е посветен на претседателскиот кандидат проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова.

Кристијан Фидановски

Двата главни столба на сите досегашни јавни настапи на Гордана Силјановска-Давкова – слепото следење на јавното мислење и одбивањето да ги согледа реалните политички последици од своите ставови – покажуваат силен идеолошки континуитет помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната претседателска кандидатка.

Повеќе
  3368 Кликови
  2 Коментари

Две причини зошто Гордана Силјановска-Давкова би била претседателка која следи, наместо претседателка која води

Кристијан Фидановски

Двата главни столба на сите досегашни јавни настапи на Гордана Силјановска-Давкова – слепото следење на јавното мислење и одбивањето да ги согледа реалните политички последици од своите ставови – покажуваат силен идеолошки континуитет помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната претседателска кандидатка.

Повеќе
  310 Кликови
  0 Коментари

Македонија помеѓу бриселскиот „камшик“ и сопствената (не)способност: дали воопшто сакаме своја држава?

МК   ALB

Кристијан Фидановски

Додека довербата во домашните институции вртоглаво опаѓа, поддршката помеѓу граѓаните за членство во ЕУ останува константно висока. За првпат досега, ваквата поддршка е лош знак. Овојпат, таа значи дека сме кренале раце од сопствената држава.

Повеќе
  1994 Кликови
  0 Коментари

Брзата храна во Македонија: вкусна и крцкава или сериозно штетна по здравјето?

МК   ALB

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogБрзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

Повеќе
  2147 Кликови
  0 Коментари

Четири мита во Илинденскиот говор на Иванов и во кампањата за бојкот на референдумот

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogКако во медиумите, така и на социјалните мрежи, Илинденскиот говор на Иванов привлече далеку повеќе внимание од говорот на премиерот Заев. Но тој што зборува погласно, не секогаш кажува повеќе.

Повеќе
  8692 Кликови
  0 Коментари

Името, моралот и Шредингеровата мачка на Мицкоски

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogПрвата работоспособна генерација во Македонија по осамостојувањето, која во целост ја сноси вината за тридецениското одолговлекување на спорот за името, сега има историска шанса да си ја исправи грешката. Оваа генерација има морална обврска да ни пружи можност самите да си создадеме понормален свет од оној кој тие ни го оставија.

Повеќе
  7000 Кликови
  1 Коментар

Како денес ја паметиме „А1“

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogКако прва приватна телевизиска куќа во Македонија со национална концесија, „А1“ со своето дводецениско постоење одбележа една цела генерација, и тоа во клучниот период на редефинирање на македонското општество по осамостојувањето.

Повеќе
  6067 Кликови
  0 Коментари

Зошто не ми се допаѓа терминот „Западен Балкан“

Кристијан Фидановски 

Kristijan FidanovskiblogЕтикетата „Западен Балкан“ веќе петнаесет години ги продлабочува стереотипите за балканската заостанатост и за балканскиот идентитет како „недооформен“ западен идентитет, ги врти државите од (Западниот) Балкан една против друга, и ги одложува нивните евроинтеграции.

Повеќе
  3271 Кликови
  0 Коментари

Четири мита во македонската јавност околу спорот за името

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogДоколку Нимиц нè разочара, Владата ќе биде исправена пред тешка дилема дали да стави помалку поволен предлог на референдум или да чека поповолен за да ги максимизира шансите референдумот да успее, но притоа и да ризикува губење на моментумот.

Повеќе
  8089 Кликови
  1 Коментар

Три причини зошто ВМРО-ДПМНЕ треба да замине во историјата

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogМакедонското општество треба да расчисти дали го доживува Никола Груевски како франкенштајновска аномалија на ДПМНЕ или како вмровски производ пар екселанс. Оваа дилема на „кокошката VS jajцето“ не може да ја реши никакво обвинение на СЈО, ниту пак судска пресуда. Кажано со груевистички речник, неа навистина мора да ја реши – народот.

Повеќе
  9367 Кликови
  0 Коментари

11 декември и неопределените – лекции од Брегзит и Трамп

Кристијан Фидановски

ааПроблемот со пристапот на повеќето опозициски настроени интелектуалци во Македонија не е толку пристрасноста кон СДСМ, колку правењето мечкина услуга на отпорот против актуелната власт. Игнорирајќи ги неопределените гласачи, тие всушност паѓаат во стапицата во која неодамна толку ефектно паднаа противниците на Брегзит и на Доналд Трамп.

Повеќе
  8108 Кликови
  0 Коментари

ДПМНЕ и името: како се пропушти историска шанса

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogМнозинството гласачи на архинепријателските партии се неверојатно сложни во отпорот кон компромис за името и промена на името би била рамна на политичко самоубиство за која било власт и под кои било околности. Сепак, ВМРО-ДПМНЕ пропушти историска шанса да искористи три уникатно поволни околности за решавање на спорот за името со Грција.

Повеќе
  12608 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè