fbpx
 

Сајмон Џонсон е поранешен главен економист во Меѓународниот монетарен фонд, професор на Слоун факултетот за менаџмент на МИТ и копретседавач на Алијансата за политики за КОВИД-19. Заедно со Џонатан Грубер, тој е коавтор на „Рестартирање на Америка: Како напредната наука може да го оживее економскиот раст и американскиот сон“.

Данијал Хаџовиќ ги завршил своите додипломски студии на Факултетот за политички науки во Сараево. Првата работа како новинар му била во Радио 202 во 2009 година. Потоа работел во Депо Портал, Федерација ТВ и неделникот Слободна Босна. Автор е на неколку стотици статии: коментари, колумни, анализи, истражувачки стории и интервјуа објавени во босанско-херцеговински и регионални медиуми. Во 2015 г. со неколку истомисленици го основа Либералниот форум и здружението посветено на промовирање и ширење на политиките и вредностите на отвореното и слободно општество.

Орнела Липери е главна уредничка на списанието Монитор, единственото неделно економско списание во Албанија, од 2002 година и уредник на економскиот портал www.monitor.al од 2012 година. Дипломирала во 1997 година во Тирана на Економскиот факултет (маркетинг). Таа има MBA по „Менаџмент на претпријатија“, од Францускиот институт за администрација, Тирана и Универзитетот во Бордо, Франција. (Дипломата ја доделува Универзитетот во Бордо, Франција) и е академски истражувач на Универзитетот Оксфорд, Велика Британија веќе шест месеци. Автор е на повеќе истражувачки трудови, студии, написи и публикации за макро-економската состојба во Албанија, и процесот на интеграција.

Лирим Гаши е дипломиран правник на Правниот факултет како и дипломиран историчар на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Приштина. Магистрирал по меѓународно право. Во моментов работи како адвокат во својата адвокатска канцеларија.

Стефан Мариќ е дипломиран на Економскиот факултет на Универзитетот во Белград, насока Економска анализа и политика. Тој бил практикант во Тимот за социјална инклузија и намалување на сиромаштијата и работел на неколку проекти на Иницијативата за економски и социјални права - А11. Тој е автор на економски и социо-политички текстови за домашни и регионални портали како што се Машина, Билтен и Слободен Филозофски.

Милош Кривокапич ги има завршено своите додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора, а дополнителни ги завршил своите студии по Меѓународни односи и Политички науки на истиот универзитет. Веќе подолго време пишува за различни медиуми во Црна Гора на тема економија и финансии.

Мила Кисјова е долгогодишна новинарка и пишува главно на економски теми – банкарство и финансии, пазар на труд, социјална политика. Од 1997 до 2010 година работела за финансискиот весник „Пари“, потоа во националниот дневен весник „Стандард“. Од почетокот на 2017 година таа е новинар во весникот „Сега“. Дипломирала на Институтот за хемиска технологија во Бургас, потоа на Факултетот за новинарство на универзитетот во Софија „Св. Климент Охридски“. Во 2003 година ги завршила своите магистерски студии по бизнис и администрација (МБА) на Градскиот универзитет во Сиетл, САД.

Николина Леднички е дипломиран комуниколог. За време на студиите, таа волонтирала во неколку студентски здруженија, за што добила две награди од раководителот на хрватските студии. Таа се здобила со искуство во канцеларијата на Европскиот парламент во Хрватска, агенции за односи со јавност и маркетинг како М + Интернешнл, Лабораторија за комуникации и Медиуми и во медиуми како Poslovni dnevnik и Večernji list. Денес таа работи во Гласот на претприемачи (Glasu poduzetnika), најголемата и најбројната асоцијација која ги обединува претприемачите во Хрватска како асистент за маркетинг и ПР. Таа работи и на својот блог за комуникации.

Александар Фридман е ко-основач на Jackson Hole Economics, и поранешен главен извршен директор на GAM Investments, главен директор за инвестиции на UBS, главен финансиски директор на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и соработник на Белата куќа.

Каан Бајракошан е студент на магистерските студии по политички науки на Универзитетот во Варшава во Полска. Завршил додипломски студии по новинарство на Универзитетот Еге во Турција. Тој исто така студирал на Универзитетот Вилнус во Литванија во оваа област како дел од програмата за размена на студенти. Тој има новинарско искуство во локалните медиуми за време на неговите студии во Измир, Турција.

Филип Клетников дипломирал германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистрирал интердисциплинарни средновековни студии (германистика, филозофија, историја на уметност) на Универзитетот „Ото-Фридрих“ во Бамберг, Германија, како стипендист на DAAD. Покрај тоа што е активен како поет, есеист, преведувач и раскажувач, има одржано јавни предавања и организирано трибини кои третираат современи општествени проблеми разгледувани низ призмата на автори/дела/правци од областа на книжевноста и филозофијата.

Слаѓана Коматина ги заврши магистерските студии на Факултетот за политички науки во Белград, на смерот по јавна администрација, локална самоуправа и јавна политика. Во Центарот за слободни избори и демократија, таа е ангажирана во проекти кои се фокусираат на изборните процеси, локалната самоуправа и медиумите. Таа работеше во деловниот сектор во период од три години, каде нејзиниот главен фокус беше на организирање на настани и координација на секторот за набавки.

Хјуго Дрошен е асистент по политичка теорија на Универзитетот во Нотингем, и автор на „Големите политики на Ниче“.

Хауард Дејвис е првиот претседател на Агенцијата за финансиски услуги на Велика Британија (1997-2003), е претседател на Royal Bank of Scotland. Тој беше директор на London School of Economics (2003-11) и беше заменик гувернер на Централната банка на Англија и генерален директор на Конфедерацијата на британската индустрија.

Катарина Блажина Мукавец е родена во Загреб. Таа ги завршила своите маагистерски студии по комуникации на Факултетот за хрватски студии, Универзитет во Загреб во 2015 година. Од 2012 година, таа е активен член на Друштвото за комуникација и култура на медиуми и учествува во креирање едукативни содржини и предавања за ученици од основно и средно училиште, како и веб-конференции за едукатори од цела Хрватска. Од 2016 година, таа е координатор на секторот предавачи и волонтери во проектот „Деца на медиуми“, што Здружението го спроведува со цел подобрување на медиумската писменост на граѓаните на Република Хрватска.

Ен О. Кругер е поранешен главен економист на Светска банка и поранешен прв заменик директор на Меѓународниот монетарен фонд, е научен советник/професор за меѓународна економија на Универзитетот Џон Хопкинс, Факултет за напредни меѓународни студии, и виш соработник во Центарот за меѓународен развој на Универзитетот Стенфорд.

Тина Хруби ги завршила своите магистерски студии по комуникациски студии на Факултетот за хрватски студии во Загреб, специјализирана за односи со јавност. Дипломирала на универзитетот „Вилнус“ во Литванија и Националниот универзитет „Сун Јат-сен“ во Тајван преку програмата за размена на студенти. Од 2013 година, таа е активен член на Друштвото за комуникација и култура на медиуми, а како дел од проектот „Умот над медиумите“, го создаде првиот пропаганден наставен план наменет за едукација на мигрантите и барателите на азил. Во моментот е вработена во Друштвото за комуникација и култура на медиуми како координатор на проектните активности и е заменик директор на канцеларијата.

Амар Мециновиќ е активен студент при катедрата на Политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Зборува македонски и српско-хрватски како мајчини јазици, додека англискиот го зборува на академско ниво, згора на тоа има разговорно познавање од рускиот јазик, како и почетно знаење во турскиот и италијанскиот јазик. Победник е на ораторската вечер „Иво Пухан“ во организација на матичниот факултет во 2017 г.

Артан Лимани е доктор на науки од областа на високото образование. Докторирал на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) под покровителство на светски познатиот професор од универзитетот Индиjана во Индиjанаполис, САД, д-р. Џон Периш-Спрол. Магистрирал на комуникациски науки на Универзитетот „Пурдју“ во Форт Вејн, САД, каде работел и како асистент. Во академската 2003/2004 година престојувал на Универзитетот Индиjана во Индијанаполис за академска надградба и специализација за научни истражувања. Од 2004 до 2014 година работел како предавач на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) каде покрај предавањата бил вклучен и во развојот на наставните програми и придонел за интеграција на академските вештини во наставата по англиски јазик за специфични цели при тоа обезбедувајќи мулти-димензионален пристап кон учењето. Во 2009 година тој повторно престојува во САД каде се сертифицирал за стратегии за предавање и учење на универзитетот „Боулинг Грин Стејт“. Од септември 2014 година, тој се префрли во Технолошкиот институт Рочестер во Приштина (РИТ Косово), за да управува со академскиот дел на една од највлијателните образовни програми на Косово по војната, финансирана од УСАИД Косово. Тој е составувач на Програмата за обука на американскиот универзитет, програмата за пред-универзитетски подготвyвања и Летниот камп во РИТ Косово. Предавал низа предмети од комуникациски науки, академско пишување и научни истражувања. Тој е страствен истражувач за развој на образованието за кои се претставил на повеќе меѓународни конференции.

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè