м-р Ненад Тониќ, д.с.и.
Нееднаквиот социо-економски статус на двата пола им дава предност на мажите при користењето на приватните возила во редовните патувања до работното место и условува поголема ориентираност на женската популација кон јавниот градски превоз. Традицијата, всадената полова сегрегација и стравот за личната безбедност ú оневозможуваат помасовен пристап на жената и до велосипедскиот превоз.