fbpx
 

Д-р Ненад Живановски е независен новинар од Скопје, кој живее во Лондон. Има долгогодишно новинарско искуство, соработувајќи со медиуми од Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Норвешка и Германија. Дипломирал новинарство и бизнис менџмент, магистрирал европски студии и докторирал општа и компаративна лингвистика на тема Говор на омраза во политичкиот дискурс во медиумите.

Автор е на книгите „Некои аспекти на косовската криза - Косово меѓу историските митови и вистински европски проблем“, објавена во Германија на англиски јазик, потоа книгата „Говор на омраза“, објавена на англиски и бугарски јазик и „Говор на омраза - теоретски преглед и истражување Бугарија во македонските медиуми“, објавена на македонски јазик.

Негов фокус на академски интерес се нормативите во политичкиот новоговор, геополитиката на Балканот и големите сили и современите односи меѓу балканските народи.

Како известувал британскиот Форин Офис (Foreign Office) за Македонија во 1917 година

д-р Ненад Живановски

nenad ziavanovski

Подготвувајќи ја својата делегација за Париската мировна конференција во 1918 година, британскиот Форин офис (Министерството за надворешни работи) во 1917 година изработил извештаи за секоја поединечно земја, регион, област или остров во светот. Намерата била британската делегација на претстојната конференција да биде што е можно подобро подготвена за преговорите за новото преуредување на светот по Првата светска војна.

Повеќе
  3994 Кликови
  0 Коментари

Веб наследството како артефакт за идните генерации

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovski 400x500Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини. Некои подолговечни портали, со чести редизајни, исто така, трајно ја губат својата архива и сведоштва за настаните. Зачувувањето на објавените материјали во интернет просторот треба да претставува приоритет и обврска на сопственикот, кои мораат да се решат и системски, за идните генерации да не дојдат во ситуација да се информираат за нашето време и за настаните во нашата земја од странски извори и со нивен агол на гледање.

Повеќе
  739 Кликови
  0 Коментари

Британската поп музика и еманципацијата на социјалистичката младина

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovski 400x500Овој блог е обид да се оповргнат тврдењата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, за тоталитарниот и диктаторски режим во социјалистичка Југославија, преку сторија за поп музиката во поранешната држава и влијанијата кои непречено доаѓале од Западот, најмногу од Велика Британија. Воедно и „homage“ за четириесетте години од убиството на Џон Ленон (08.12.1980) - родоначелникот на она што денес е познато како британски поп.

Повеќе
  1174 Кликови
  0 Коментари

Слободата на говор не смее да се замолчи

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiЕдна сосема тривијална ситуација со коментари на мојот фејсбук профил ми го сврте внимането (и отвори очите) колку реално се загрозени нашите права на слободен јавен говор и на какво искушение е ставено ова право кое е гарантирано со десетици меѓународни и домашни конвенции, закони и резолуции и за кое политичарите така здушно и со полна уста збoруваат дека го почитуват додека се на власт.

Повеќе
  3809 Кликови
  0 Коментари

Заборавете на фејк њуз, подгответе се за дипфејк!

д-р Ненад Живановски

Nenad Zivanovski profile

Дипфејкот, покрај тоа што претставува вовед во нов вид технолошка манипулација, тој е и веројатната идна замена за снимените прислушкувани разговори, кои на светската сцена на политичките интриги кулминираа преку аферата Вотергејт, а во наши локални рамки, својата експлозија ја доживеаја со т.н. „бомби на Заев“.

Повеќе
  3469 Кликови
  0 Коментари

Британското напуштање на ЕУ може да ја подели Европа и да доведе до конфликт

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiБрегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомнеж ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент. Историјата не учи дека во минатото поделбите на Европа, многу често, воделе кон конфликти од регионални или од светски размери.

Повеќе
Тагови:
  1682 Кликови
  0 Коментари

Брегзитот е шанса да се укинат британските визи за македонските граѓани

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiМакедонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото Кралство. И сопствениците на дипломатски пасоши не се ослободени од тоа, ниту оние кои транзитно патуваат преку тамошните аеродроми.

Повеќе
  5292 Кликови
  0 Коментари

(Зло)употреба на зборот „педер“ низ призма на изјавата на Премиерот

ALB

Ненад Живановски

nenad ziavainovskiДеликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста. Од тие причини, за премиерот Зоран Заев помалку штетен избор би бил ако останел на првичната изјава дека еден „педер“ нема да му ја рушел владата, отколку да се заплеткувал во дообјаснување дали за него „педер“ значело она што го кажувала етаблираната лигвистика или она што се подразбирало од народниот јазик.

Повеќе
  3460 Кликови
  0 Коментари

Владиниот план против дезинформации: задоцнет или непотребен?

д-р Ненад Живановски

Како времето поминува и почнуваат во јавноста да се откриваат скандали и коруптивни афери, така секоја влада почнувала својата декларирана демократска ориентација да ја редуцира и во пракса да ја заменува со рестриктивен однос кон медиумите. Тоа се случува сега и со премиерот Заев - кога неговата влада е длабоко начната во моралната чесност на нејзиното владеење, осомничена од јавноста за коруптивни афери и непотизам, потребата од овој Акциски план е депласирана.

Повеќе
  2572 Кликови
  0 Коментари

Потребен ли е Хајд парк за говорот на омраза

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiТрауматичното искуство од повеќегодишното толерирање и стимулирање на говорот на омраза кон политичките опоненти на Никола Груевски и владеачката ВМРО-ДПМНЕ, по промена на власта, постои опасност да застрани во друг екстрем - премногу ревносната законска интервенција во јавниот говор, под закрилата за борба против говорот на омраза, да ја загрози слободата на говор и да почне да создава чувство на автоцензура кај слободно мислечките граѓани. Зошто и во кои ситуации е пожелно говорот на омраза да биде толериран?

Повеќе
  2549 Кликови
  0 Коментари

Кога родово сензитивниот јазик е применлив во македонскиот јазик?

ALB

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovski„Граѓанки и граѓании сограѓанки и сограѓани“, може да се прочита во колумна, во која авторот овие зборови опсесивно ги повторува до баналност и по десетина пати, веројатно понесен од желбата да ја покаже својата наклонетост кон родово сензитивниот јазик. Меѓутоа, во истиот текст, авторот ја употребува и синтагмата „криминалците од ВМРО-ДПМНЕ“, со што ја напушта својата доследност во примената на родово чувствителниот јазик, одредувајќи ја криминогеноста како иманентна за машкиот пол, при тоа занемарувајќи дека во перцепцијата на многу читатели Гордана Јанкуловска, Елизабета Канческа-Милевска, Силвана Бонева, Даниела Рангелова веќе се препознаени и како „криминалките од ВМРО-ДПМНЕ“.

Повеќе
  3012 Кликови
  0 Коментари

Политичка коректност или историски факти во односот со Бугарија

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiПолитичката коректност е американска иновација од крајот на седумдесеттите години на минатиот век, која се однесувала на јазик со кој се избегнувало да се упати навреда, особено кога се опишувале групи кои се идентификувале според надворешни карактеристики како раса, пол, култура или сексуална ориентација. Денес, нејзиното влијание ги надминува иднивидуалните обележја, сѐ повеќе дифузирајќи се во различни општествени сегменти, при тоа неодминувајќи ја и науката.

Повеќе
  5314 Кликови
  0 Коментари

Реформа на правосудството - што со неправдите на државниот правобранител?

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiАвторите на Нацрт – Стратегијата за реформа на правосудниот сектор точно ја констатираат состојбите во македонското правосудство во последниве десет години, заклучувајќи дека независноста и непристрасноста на институциите од правосудството биле уназадувани со груби непочитувања на законските норми, нивно „растегливо“ толкување и директно вмешување на извршната власт во работата на судството и јавното обвинителство. Меѓутоа, дали препораките и мерките кои ги предлагаат се доволни за сеопфатно и ефикасно исправање на неправдите кои правосудството им ги нанело на граѓаните?

Повеќе
  4132 Кликови
  0 Коментари

Стоп на кич патриотизмот под државна капа за Илинден

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiНовата влада и Министерството за култура треба да ја прекинат својата поддршка во рамките на научно-културните средби „Десет дена Крушевска република“ и во иднина да биде вклучено пристигнувањето на коњаниците „Илинденски марш 1978“ од Лисиче, бидејќи тоа претставува псевдо историски настан кој не се темели на научно поткрепени факти и настани врзани за Илинденското востание. Никој не го оспорува правото да се продолжи со Маршот, кој секоја година почнува на 27-ми јули, но тој треба да биде граѓанска иницијатива, која не е дел од државното одбележување.

Повеќе
  8031 Кликови
  1 Коментар

Лојалност кон државата или подаништво на партијата

д-р Ненад Живановски

И покрај несомнениот успех на опозицијата на последните избори и лошиот резултат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, она што претставуваше големо изненадување е како после сѐ што се случи во државата во последните десетина години и после сѐ што преживеаја граѓаните од оваа власт, сѐ уште може да постои завидна бројка од 455.000 граѓани кои и понатаму гласаат и ја поддржуваат владеачката партија? Имајќи ја предвид сеопштата катастрофална состојба до која доведе неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, здраворазумско е прашањето дали овие 455.000 гласачи можат да имаат црвена линија на нивната лојалност кон ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ?

Повеќе
  7427 Кликови
  0 Коментари

Зошто праќањето на Ќосето и крстот за Заев мораат да бидат санкционирани

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiЗаканата со Ќосето, упатена од Никола Груевски кон Зоран Заев, како и носењето на крст со заковано име и презиме на лидерот на опозицијата се инциденти кои не смеат да се изостават за на јавноста да не ѝ се објасни дека говорот на омраза не претставува само експлицитно изречена омраза, туку дека тој може да биде и во прикриена форма, со употреба на метафори и симболизми. Независно од начинот на кој тој јавно се манифестира, неговата законска санкција мора да биде облигаторна.

 

Повеќе
  7897 Кликови
  0 Коментари

Дали метеоролозите треба да одговараат за погрешна временска прогноза?

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiНастаните од 6 август, како ретко кога пред тоа, го фокусираа интересот на пошироката јавност кон Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), барајќи, евентуална, нејзина одговорност за трагичните последици од невремето во кое животите ги загубија 23 лица. Сепак, и во вториот месец по невремето, сѐ уште нема иницијатива за истрага која би утврдила дали во критичните часови УХМР постапила соодветно и согласно своите законски обврски за предупредување и најава на временски непогоди.

Повеќе
  13934 Кликови
  0 Коментари

Легитимност на насилието во политиката

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiДискретната закана на Никола Груевски дека едвај ја држел ситуацијата под контрола, дека народот вриел и дека можело да му дојде преку глава, потсетувањето на Ѓорѓи Иванов дека имал опција да ја активира армијата за смирување на ситуацијата, како и предупредувањето на Зоран Заев дека ако власта се дрзне да го укине СЈО ќе ги повикаат граѓаните да ја земат правдата во свои раце, сублимирано значат дека во целиот период од траењето на политичката криза постојано е присутен и факторот насилие како начин за разрешување на проблемот. Дали во демократијата насилието може да има легитимност, и, доколку – да, кој има право да го употреби?

Повеќе
  5732 Кликови
  0 Коментари

Снимени разговори – Интернетот посилен од законот

д-р Ненад Живановски

nenadПроблемот со нелегалното објавување на снимени разговори, гледано од формално-правен аспект е решен или со Законот за заштита на приватноста или преку члeновите 151 и 152 од Кривичниот закон. Сепак, кога ќе се случи злоупотреба на приватни разговори со нивно јавно објавување, а оштетениот заштитата ќе ја побара на суд, можно е да настане ситуација во која правото ќе биде немоќно да ги санкционира дејствијата кои ќе ја оневозможат или обесмислат примената на наведените закони.

Повеќе
  4199 Кликови
  0 Коментари

Дали Груевски може да ни се повтори?

д-р Ненад Живановски

nenadПоразот на здравиот разум и агонијата на животот кои ни се случуваат последниве десетина години, кај многумина го поставуваат прашањето дали сето ова можело да се предвиди, па и да се спречи!? Барањето одговор како си го дозволивме ова, консеквентно води и до ново прашање дали истото може пак да ни се повтори.

 

Повеќе
  7385 Кликови
  3 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè