Слаѓана Коматина
По изборите во јуни, владејачката Српска напредна партија има причини да биде до одреден степен незадоволна од епилогот на овој изборен циклус. Фактот дека не постои „вистинска“ опозиција во парламентот е нешто што сигурно ќе остави дамка на супериорниот резултат што го оствари оваа партија. Партиите кои се залагаа за бојкот се наоѓаат во момент на преиспитување на своите политички потези и позиционирање на своите сили за новите предизвици што ќе се најдат пред нив уште во 2022 година. Вистинскиот успех на бојкотот ќе се види во наредните две години.