fbpx
 

Проф. д-р Светомир Шкариќ е роден во Дојран во 1941 година, во селско семејство. Основно образование завршил во Дојран и Гевгелија, а гимназија во Струмица. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Белград, под менторство на проф. Јован Ѓорѓевиќ. Биран е за асистент на проф. Евгени Димитров, а потоа за доцент и проферсор по предметот Уставно право на Правниот факултет во Скопје. Бил на студиски престој во Гренобл, Сапоро и Токио и визитинг професор во Бордо. Предавал 15 години на политичката школа „Јосип Броз Тито“ во Кумровец, заедно со Киро Глигоров, Предраг Враницки, Мухамед Филиповиќ, Мијат Шуковиќ, Милојко Друловиќ и Славој Жижек. Учествувал на повеќе конгреси на Меѓународното здружение за уставно право (L'AIDC), Меѓународно здружение за политички науки (IPSA) и Меѓународно здружение за истражување на мирот (IPRA). Поднесените трудови се објавени во книгата „Македонија на сите континенти“ (2000). Автор е на книгите: Law, Force and Peace - Macedonia and Kosovo (2002), Democratic Elections in Macedonia 1990-2002 (2005), Научно толкување - Устав на Република Македонија (2014) и Уставно право, осмо издание (2015). Подолго време работи на учебниците: „Политички теории - нова доба“ и „Уставното право на Европската унија“. Подготвува дваесетина есеи по повод одбележувањето на 70 години од постоењето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (1951-2021). Преку блоговите уставното право го доближува до граѓаните, до државната власт и до опозицијата.

„Мајтап“ амандманите се шлаканица за парламентарната демократија

проф. д-р Светомир Шкариќ

Svetomir Skaric 400x500Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата. Не станува збор за опструкција на законодавниот процес (filibustering), како што се зборува, туку за блокада на постапките за донесување на законите (blockade), непозната во парламентарната демократија.

Повеќе
  3530 Кликови
  0 Коментари

Крвавата среда на САД

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Доналд Трамп не го признава исходот од претседателските избори, и покрај поразот со разлика од седум милиони народни и 74 електорски гласови. Поразот не го признава ни по загубените судски спорови, ни по сертификацијата на електорските гласови. Убеден е дека победата му е украдена. Затоа на 6 јануари го поттикна упадот во Конгресот на САД, сличен на оној во Собранието на РМ од 27 април, 2017.

Повеќе
  3017 Кликови
  0 Коментари

Уставот во судир со пандемијата

Проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Владеењето на правото е под голем притисок. Наместо „поданици на правото“ стануваме заложници на пандемијата, осудени на изолација и карантин.

Повеќе
  2742 Кликови
  0 Коментари

Распуштеното Собрание не може да се врати

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Група од триесет и пет пoранешни пратеници потпишаа барање распуштeното Собрание повторно да се врати на заседание. Нивното барање е поддржано и од Владата и од претседателот на Републиката. Кон барањето се приклучи и Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ. Наспроти нив се исправија Уставниот суд и поранешниот претседател на Собранието. Уставниот суд пресече на штета на поддржувачите на распуштеното Собрание. Излезот треба да се бара во избор на ново, а не во старото Собрание.

Повеќе
  7858 Кликови
  0 Коментари

Правната битка за вонредната состојба

Проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Вонредната состојба е уредена со Уставот и нема потреба од нејзино доуредување со закон. Постојните одредби се доволни за нејзино воведување и спроведување на дело. Уставотворецот од 1991 бил далекувид кога предвидел алтернативно решение за вонредната состојба во случај Собранието да не може да се состане. Правната битка за вонредната состојба може да биде патоказ во кој правец земјата треба да се развива во иднина

Повеќе
  2304 Кликови
  0 Коментари

Правните аспекти на Брегзитот

проф. др. Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Повлекувањето на Обединетото кралство (O.K.) од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото. Повлекувањето тангира три испреплетени правни системи - британското, европското и меѓународното право. Резултатотот од расплеткувањето ќе се види дури по три години од напуштање на ЕУ. Тогаш ќе биде видливо дали Брегзитот е успешен или е грешка.

Повеќе
  1156 Кликови
  0 Коментари

САД се движат кон автократија по судењето на претседателот Трамп

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Судењето на претседателот Трамп во Сенатот без сведоци и толерирањето на опструкцијата на Конгресот од страна на Белата куќа покажуваат дека САД забрзано се движат од демократија кон автократија. Во услови на длабока партиска поделеност на сенаторите, таквиот преседан на судењето целосно го обесмислува импичментот како уставно средство за контрола на извршната власт. По случајот „Украина“ - САД не можат веќе да бидат пример на другите земји во нивната борба против корупцијата, ниту можат да бидат пример за владеење на правото.

Повеќе
  2457 Кликови
  0 Коментари

Отповикувањето на претседателот Трамп

Проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци. Републиканците и демократите се закопани длабоко во своите ровови и не гледаат подалеку од партиските интереси. Затоа, Трамп нема да биде отповикан од претседателската функција иако е обвинет за тешки кривични дела и за флагрантно кршење на Уставот на САД.

Повеќе
  2451 Кликови
  0 Коментари

Распуштеното собрание не може да оживее

Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Самораспуштењето на Собранието и предвремените избори се користат од политичките партии како средство за подолго останување на власт, а не за јавно добро. Прво треба да се донесе решение за распишување на изборите, а потоа да се пристапи кон донесување на одлуката за самораспуштање. Тоа е пологично решение отколку да се постапи обратно, како досега.

Повеќе
  3289 Кликови
  0 Коментари

Прекумерните привилегии на претседателот

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Претседателот на Републиката има привилегии непознати за мала и сиромашна држава. Воведени се набрзина, на мала врата, со обичен закон. Како последица на тоа, Македонија е две децении во парадоксална состојба. Од една страна, претставува „златна земја“ (Елдорадо) за поранешните претседатели и нивните семејства, а од друга, граѓаните се дават во екстремна сиромаштија. Законот треба да се укине оти поттикнува клиентeлизам, корупција и крадливи навики во општеството.

Повеќе
Тагови:
  3962 Кликови
  0 Коментари

Политичка и кривична одговорност на претседателот

ALB

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Претседателот на Републиката има политичка и кривична одговорност за дејствијата што се предвидени во Уставот. Одговара и за неизвршените дејствија ако со нивното  пропуштање значително се   оштетени  државните интереси или интересите на граѓаните. Секое негово поведение може  да заврши како кривично дело ,,Предавство“. Политичката одговорност извира од Уставот, а кривичната од кривичното законодавство и од поширокото гледање на уставната теорија на кривичната одговорноста на претседателот.

Повеќе
  4708 Кликови
  0 Коментари

Парадоксалната положба на претседателот

проф. д-р Светомир Шкариќ

Претседателот на Републиката се наоѓа во парадоксална положба. Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план. Против ваква неправда не се побунил ниту еден од предходните претседатели. За разлика од нив, новиот претседател веќе бара решение за подобрување на состојбата. А решението може да се најде ако се определи за поширока употреба на указите и ако на јасен и предвидлив начин ги димензионира обраќањата и пораките до Собранието и граѓаните. Тоа би значело значително иновирање на претседателската функција и нејзино подигање на повисок ранг.

Повеќе
  3136 Кликови
  0 Коментари

Прашања за новиот претседател

проф. д-р Светомир Шкариќ

Петтиот по ред шеф на македонската држава веќе покажа знак на независност, наспроти притисоците што доаѓаат од страна на политичките партии што застанаа зад неговиот избор. Тоа е добар знак дека сака да биде личност, а не послушник. Ако така продолжи тогаш ќе има право да се претставува како претседател на сите граѓани. Како граѓанин го прашувам: дали има доволно инструменти за остварување на своите надлежности; дали сака својата функција да ја стави под уставна контрола и да биде одговорен претседател; и дали по истекот на претседателскиот мандат ќе ги користи истите привилегии како и неговите живи претходници?

Повеќе
  3160 Кликови
  0 Коментари

Цензусот е услов да имаме нов претседател

проф. д-р Светомир Шкариќ

Ако нема цензус во вториот изборен круг земјата може подолго време да остане без претседател. По вториот неуспешен круг веднаш ќе мора да се распишат нови претседателски избори со нови кандидати. Ако и тие избори бидат неуспешни, тогаш политичките партии треба да се договорат што понатаму. Дали ќе се распишат трети избори едно подруго или ќе се менува Уставот, со цел да се симне цензусот од вториот круг или пак претседателот да се избира во Собранието со двотретинско мнозинство гласови. Постои и трето решение - веднаш по вториот изборен круг од 5 мај да се распишаат предвремени парламентарни и претседателски избори.

Повеќе
  2495 Кликови
  0 Коментари

Колку се остварливи ветувањата на претседателските кандидати?

проф. д-р Светомир Шкариќ

Блерим Река би ја затворил Палатата на Водно и сака да биде со народот. Го препознава монархискиот карактер на сегашниот претседател кој живее изолирано на Водно, со дворско опкружување и гломазен кабинет, без советнички тим. Гордана Силјановска - Давкова би ги укинала привилегиите - претседателската пензија и претседателската канцеларија. Македонија е сиромашна држава и не може да поднесува такви привилегии кои третиот по ред претседател ги користи веќе десет години. А Стево Пендаровски ги смирува вработените во Претседателската палата да не стравуваат од партиски реваншизам. Досегашната кампања јасно ја покажува разликата меѓу кандидатите.

Повеќе
  2984 Кликови
  0 Коментари

Само независен кандидат може да биде успешен претседател

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Независноста на кандидатот е предуслов за успешно извршување на претседателската функција. Таа е на прво место а на второ се знаењето и политичкото искуство на кандидатот. Независноста треба да биде барем на нивото на претседателот Киро Глигоров, ако сакаме да имаме корисен шеф на државата во наредниот период. И обратно, без таков степен на независност, избраниот кандидат може лесно да прерасне во партиски активист, со готовност да се втурне во кршење на Уставот и законите, секогаш кога тоа ќе му го наложи партијата што му дала поддршка на изборите. Тоа е кристално јасно од десетгодишниот мандат на сегашниот претседател, од чии недела општеството долго време тешко ќе може да излезе на крај.

Повеќе
  2875 Кликови
  0 Коментари

Уставните амандмани се политичко а не стручно дело

 ALB

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Aвторите на Договорот од Преспа имаат современ пристап кон државјанството. Со такво сфаќање на државјанството, македонското општество побрзо ќе се трансформира од мултиетничко во граѓанско општество и посигурно ќе се движи кон ЕУ.

Повеќе
  3453 Кликови
  2 Коментари

Договорот со Грција и уставните промени

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Причините за настанување на Договорот со Грција се од внатрешен, а не од надворешен карактер. Тоа не го гледаат опонентите на Договорот, иако е видливо дека судирот со Грција започнува уште од самиот почеток на формирањето на македонската држава - со Манифестот на АСНОМ од 1944 година. Во тој документ недвосмислено се изразува ,,неостапно сакање“ за обединување на Македонија. Доблесно е што владите на двете држави одлучиле судирот да го отстранат по 74 години негово опстојување и што односите меѓу Грците и Македонците сакаат да ги направат пријателски како во времето на ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и ДАГ (Демократска армија на Грција). Таков потег можат да преземат само левичарски влади, со европска ориентација и космополитски поглед.

Повеќе
  13524 Кликови
  2 Коментари

Без Договорот со Грција, Македонија и натаму ќе остане без државно име на меѓународен план

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Уставното име е неодбранливо, иако е признато од 137 држави во светот. Во негова одбрана застана само Арбитражната (Бадeнтерова) комисија на Европската заедница во јануари 1992 година. Драмата на спорот околу името произлегува од зборот ,,Македонија“ и од неговото различно поимање од страна на Република Македонија и Република Грција. Ако Договорот со Грција не помине на референдумот на 30 септември, акронимот ,,фиРОМ“ останува во трајна употреба во Обединетите Нации, а Република Македонија ќе се лиши од можност да стане членка на Европската Унија.

Повеќе
  2654 Кликови
  0 Коментари

Одлуката на референдумот е налог за пратениците и претседателот Иванов

проф. д-р Светомир Шкариќ 

svetomir skarik 200x250Во фокусот на референдумското прашање треба да биде Договорот, така како што е насловен, со полно име. Референдумското прашање треба да гласи: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Повеќе
  10475 Кликови
  7 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè