fbpx
 

Соња Стојадиновиќ е родена во 1979 година во Велес. Таа е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кадешто магистрирала на отсекот Меѓународна политика на тема „Ненасилната борба во политиката: фактори за успех и неуспех“. Работи како фриленс автор за хрватските регионални портали Lupiga и Bilten и е активист на левичарското движење Солидарност.

Национализација во време на КОВИД-19: логично решение за излез од кризата

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош. Државата им излезе во пресрет, ги национализираше нивните загуби за време на корона-кризата, но време е да почне сериозно да размислува да ги национализира и нивните профити, барем делумно, откако кризата ќе помине.

Повеќе
  2179 Кликови
  0 Коментари

Трговските договори помеѓу ЕУ и Меркосур или колку не трујат во интерес на профитот

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Мора да се внимава со увозот на производи од Јужна Америка, посебно храна, соја и џигер од Бразил, говедско од Аргентина и користењето на глифосатот. На списокот земји кои го забраниле глифосатот, Македонија ја нема, но тоа не треба да значи дека храната е целосно безбедна.

Повеќе
  1873 Кликови
  0 Коментари

Ветингот во Македонија: промени кон подобро или лажна надеж?

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

Повеќе
  1371 Кликови
  0 Коментари

Се плашат ли владата и газдите на текстилните фабрики од социјализмот?

Соња Стојадиновиќ

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. Без работник, нема производство, а уште помалку профит

Повеќе
  3778 Кликови
  0 Коментари

Пост мандатни бенефиции на македонскиот претседател - или плата без работа

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Освен што претседателот доживотно има право на користење на канцеларии и услуги од тројца советници, нема никаква регулација на неговите одговорности кон државата за да се оправда доживотно гарантираната финансиска поддршка.

Повеќе
  1762 Кликови
  0 Коментари

Ако Владата навистина сака да се бори против лажните вести, нека почне од сопствениот двор

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Првите битки треба да се почнат од партиските редови, да се забранат лажните профили на Фејсбук и Твитер поттикнати од партиите за зголемување на рејтингот. Да се лоцираат и забранат порталите за кои се знае дека се финансирани од политичките партии и зад кои нема импресум.

Повеќе
  1331 Кликови
  0 Коментари

Како може Скопје да се приближи до Виена и успешно да рециклира ѓубре?

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Виена, како некогашен царски град, сега главен град на Австрија, стана пример како се собира, рециклира, искористува па дури и профитира од ѓубрето кое се создава од граѓаните. Ако сакаме во ЕУ, мора да си го исчистиме ѓубрето, без разлика колку тоа ќе не боли.

Повеќе
  2187 Кликови
  0 Коментари

Европските десничарски движења не ја заобиколуваат Македонија

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Слоганите на Тврдокорните и на Христијанските браќа не можат да се разликуваат од десничарите кои како чума се шират низ Европа. Со извиците „Чиста Македонија“, со името Христијански браќа, отворено се декларираат рамо под рамо со нео нацистите од Полска кои бараат чиста полска нација.

Повеќе
Тагови:
  4458 Кликови
  1 Коментар

Како почна, а каде заврши Шарената револуција?

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Шарената револуција ја создадоа граѓаните, но некои ја искористија за лични интереси со што директно ги навредија сите чесни и искрени учесници на протестите. А и да потсетиме дека очекуваното ослободување не почна во 2016 година.

Повеќе
  14810 Кликови
  0 Коментари

Да се биде трудница во Македонија

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Третманот на мајката во перидот на бременоста, заедно со пораѓањето се лице на степенот на развиеноста на едно општество. Нашето според сликата во македонското здравство, најверојатно датира помеѓу постмрачниот век и ренесансата.

Повеќе
  12386 Кликови
  0 Коментари

Хулиганското навивање го уништи славјето на улиците на Скопје

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Откако „Вардар“ го освои пехарот на ракометната Лига на шампиони се испиша уште една страница од спортската историја на независна Македонија. Таа страница ќе беше беспрекорно чиста и целосно за гордеење ако не беа националистичките и фашистички извици на одредени навивачи кои ја славеа шампионската титула на улица.

Повеќе
  9129 Кликови
  0 Коментари

Популизам: за народот или за политички поени?

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

Повеќе
  2916 Кликови
  0 Коментари

Македонски свилен гајтан за политичката сатира

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Во историската сцена при крајот на филмот „Името на розата“ кога гори библиотеката на бенедиктинскиот манастир, фратарот кој е виновен за убиствата, пред да загине извикува: кога има смеа, нема страв, а кога нема страв, нема вера. Верата во избраните политичари во Македонија последниве 10 години достигна на ниво на религија. Не смееш да му се спротивставиш на пастирот, да го критикуваш, исмеваш, ако еднаш е избран, тоа останува за навек, исто како што верникот не смее да прашува зошто Бог дозволува војни и трагедии на земјата. Сепак, хуморот и смеата се корисно оружје и алатка во изразувањето на револт, отпор, бунт против постоечкиот систем.

Повеќе
  7680 Кликови
  0 Коментари

Тендерско поигрување со животите на граѓаните со дијабетес

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Гласот на жртвите на бизнис калкулациите на министерот за здравство Никола Тодоров почнува се` повеќе да се шири и да се слуша. Малку се жртвите кои паднаа во заштитата на бизнис интересите за Центарот за сколиоза (во изградба), а сега, по втор пат, министерот ги става животите на дијабетичарите на коцка со штетната тендерска политика.

Повеќе
  6450 Кликови
  0 Коментари

Интеграција со сегрегација во македонското образование

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Врвот на уништувањето на образовниот систем во Македонија се достигна со масовната и политички поттикнатата сегрегација која се врши по етничка основа. На почетокот на 1990-тите, имаше основни и средни училишта во кои учеа деца од различни етнички групи, иако разделени по смени, како во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и во основното училиште „Братство Миѓени“ во Тетово. Денес, училиштата се физички раздвоени и во нив учениците освен со припадници од својот етникум, не се сретнуваат ниту се дружат со деца од други етнички заедници.

Повеќе
  4476 Кликови
  1 Коментар

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè