fbpx
 

Сефер Тахири има докторирано на тема „Влијанието на политичките партии врз уредувачката политика на јавниот радиодифузен сервис-Македонска Радиотелевизија (1998-2006 година)“. Предава предмети од областа на медиумите и комуницирањето при Факултетот за јазици, култури и комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и на Институтот за комуникациски студии во Скопје. Тахири има 15-годишно новинарско искуство. Работел како новинар и уредник во весникот Факти, Програмата на албански јазик на МТВ, ТВ АЛСАТ-М и бил дописник на Радио Слободна Европа од Скопје - Програма на албански јазик. Има учествувано во различни истражувачки проекти во областа на медиумите и комуникациите.

Политичкиот хаос по локалните избори

Сефер Тахири

Sefer Tahiri 400x500Победата на ДУИ во 11 општини e засенета од фактот што не успеа да победи во Тетово и Гостивар, битни политички градови за Албанците. Изненадувањето на овие локални избори го приреди Беса, која освои 25 илјади гласови.

Повеќе
  1183 Кликови
  0 Коментари

Се разгорува битката за гласови во албанскиот политички блок

Сефер Тахири

Sefer Tahiri 400x500ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните. Незадоволството во политичка смисла, на овие избори му се „фактурира“ на Заев и социјалдемократите.

Повеќе
  1722 Кликови
  0 Коментари

„Отворен Балкан“ ги подели Албанците во регионот

Сефер Тахири

Sefer Tahiri 400x500Длабоката поделеност околу учеството на Горан Бреговиќ на фестивалот во Корча ја отсликува на најдобар начин поделеноста која владее кон проектот „Отворен Балкан“. Моментално има поддршка само во Албанија, а силно се спротивставуваат политичката елита на Косово, албанската опозиција во Македонија, како и владата на Црна Гора.

Повеќе
  2704 Кликови
  0 Коментари

Албанците со трпение и разбирање околу спорот со Бугарија, но до кога?

Сефер Тахири

Sefer Tahiri 400x500

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање. Но, од друга страна, можеби не толку транспарентно и недвосмислено, го искажуваат ставот дека не се подготвени да чекаат уште 30 години за да се реши овој спор.

Повеќе
  2074 Кликови
  0 Коментари

Зелена ДУИ: маркетинг трик или искрена агенда

Сефер Тахири

Sefer Tahiri 400x500ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото. На социјалните мрежи имаше коментари дека можеше лесно да биде и бело знаме.

Повеќе
  1562 Кликови
  0 Коментари

Политички профил на Блерим Река: Професор со државнички амбиции

Рес Публика почнува со објава на серијал текстови „Политички профили на претседателските кандидати“. Во рамки на серијалот, во наредните четири денови ќе бидат објавени блогови за секој од кандидатите на претстојните претседателски избори - проф. д-р Блерим Река, проф. д-р Стево Пендаровски, проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова како и блог за потребата од независност за успешно вршење на претседателската функција. Првиот блог е посветен на политичкиот профил на проф. д-р Блерим Река.

д-р Сефер Тахири

sefer tahiri 200x250Професорот Река ја објави својата кандидатура за шеф на државата, на многу амбициозен начин и со јасна претензија дека повеќе нема да биде набљудувач и на политиката нема да и пристапи само од аспект на ставовите, туку на прагматичен начин. Меѓудругото, ќе напише „Историјата ја испишуваат државниците, додека интелектуалците само пишуваат за историјата“.

Повеќе
  2988 Кликови
  1 Коментар

Реформите и рефрените

МК   ALB

доц. д-р Сефер Тахири

sefer tahiri 200x250Остануваат уште неколку месеци до денот кога Владата ќе ја одбележи половината од нејзиниот мандат. Граѓаните очекуваа многу повеќе на планот на заживување на реформите, затоа што ветувањата беа многу големи и убедливи. А секогаш кога постојат големи очекувања, разочарувањето, потенцијално, може да биде исто толку големо колку и очекувањата.

Повеќе
  2082 Кликови
  1 Коментар

Kлиентелизмот во медиумите удар врз јавниот интерес

д-р Сефер Тахири

sefer tahiriИлузија е да се мисли дека новинарите имаат слобода да објавуваат негативни вести или да известуваат за спорови за компаниите кои се директни сопственици на медиумите или се во бизнис релации со одредениот медиум. Многу често се емитуваат вести за псевдо-настани односно настани кои имаат маркетиншка или пи-ар функција, иако тоа е спротивно на Етичкиот кодекс на новинарите.

Повеќе
  3614 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè