fbpx
 

Доц. д-р Весна Попоска е универзитетска професорка, независна експертка и долгогодишна активистка. Докторската дисертација под наслов „Меѓународно-правни аспекти за заштита на критичната инфраструктура од современи безбедносни закани“ ја одбранила на Воената академија во Скопје во 2019 година. Магистрирала на катедрата за меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е авторка на повеќе научни и стручни трудови во нејзината област. Таа е алумни на Школата за политика на Советот на Европа. Работи на Меѓународниот универзитет Визион од неговото основање во 2015 година, каде во март 2021 е избрана за деканка на правниот факултет.

Република во пламен

Весна Попоска

Vesna Poposka 400x500Пожарите ги обелоденија пропустите во системот за управување со кризи, кој всушност е тешко да се нарече „систем“. Во истиот повеќе преовладуваат недостатоците отколку решенијата. Ова не е проблем создаден од последните избори до денес, туку состојба која се развива уште од стекнувањето на независност на земјата, и покрај обидите да се воспостави некаков систем за реакција и превенција.

Повеќе
  1852 Кликови
  0 Коментари

Колку е слободна слободата: мерките во борбата со тероризмот како неопходност или изговор?

м-р Весна Попоска

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

Повеќе
  2065 Кликови
  1 Коментар

Камбаните на референдумот

м-р Весна Попоска

Vesna Poposka 200x250Референдумот беше услов без кој не се може токму за најголемата опозициска партија, чија пратеничка група веќе нема да има изговори за неприфаќање на уставните измени кои претстојат. Впрочем, обидот на било кој политички субјект во земјата да се спротивстави на 600 илјади гласачи кои дале поддршка на референдум кој е консултативен, не би бил ништо друго освен обид за политичко самоубиство, особено во светло на отворената можност за предвремени парламентарни избори.

Повеќе
  8234 Кликови
  0 Коментари

Договорот со Грција низ призмата на меѓународното право: водич за почетници

м-р Весна Попоска

Vesna Poposka 200x250Меѓународно-правната позиција на договорот е кристално чиста: договорот својата правна основа ја наоѓа во резолуциите на Советот за безбедност на ООН и ја еманира јасно изразената волја на меѓународната заедница за разрешување на несогласувањата помеѓу двете земји. Тоа навлегува во она што пи-ар службите забораваат да го спомнат: дека не е името, туку времената референца она за што се преговарало.

Повеќе
  3698 Кликови
  0 Коментари

Gaudeamus igitur: за предлог-законот за високото образование

м-р Весна Попоска

Vesna Poposka 200x250Текстот на новиот Закон за високото образование се очекуваше со нетрпение и во голема мера одговори на дел од барањата. Но, се` уште постојат неколку клучни опасности кои треба да бидат адресирани, во насока на изнаоѓање што посоодветно законско решение кое ќе ги интегрира европските перспективи и македонските прилики и можности.

Повеќе
  3807 Кликови
  1 Коментар

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè