fbpx
 

Златко Јакимовски е докторанд на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во текот на додипломските студии на Правниот факултет престојувал неколку месеци на Универзитетот Ломоносов Москва и работел како правен советник во неколку адвокатски канцеларии. Бил анагажиран како предавач во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ по предметот Вовед во правото како надворешен соработник на НВО „Коалиција сите за правично судење“. Јакимовски учествувал и бил говорник на неколку конференции и семинари.

Долгот како привилегија во доба на корона

Златко Јакимовски

Zlatko Jakimovski 200x250Со двете уредби на Владата со кои се одлага извршувањето на доспеаните долгови на граѓаните на ниту еден начин не се помага, затоа што се промашува суштината. Македонската влада се ориентира кон одлагање на плаќањето на обврските на граѓаните, не како последица на сеопфатна економско-финансиска анализа туку како потрага по социјален мир, што е апсолутно ирационално.

Повеќе
  2003 Кликови
  0 Коментари

Утопијата наречена даночна реформа

м-р Златко Јакимовски

zlatkoМакедонската економија денес личи на „лонец“ кој е празен и во кој никој не сака да стави ништо, а сите се тепаат за „црпката“. Логично е дека пред да може да се подели нешто од тој лонец, истиот треба да се наполни!

Повеќе
  6346 Кликови
  0 Коментари

Mоралноста на криминалното низ призмата на економскиот криминалитет во Македонија

Златко Јакимовски

zlatkoКриминалот не би смеело да се „исплати“, односно никој не смее да профитира од своите криминални активности. Ова е основен вредносен постулат околу кој гравитира или во најмала рака би требало да гравитира секоја заедница која што пледира да се нарече општество. Самото вреднување на нешто како (не)исплатливо не наведува дека би требало да се движиме во зоната на прометот, односно реалните економски односи, што поврзано со криминалот логично е тема на интерес на економското казнено право како чиста догматско-јуридичка наука и криминологијата како првенствено социолошка дисциплина.

Повеќе
  11741 Кликови
  0 Коментари

Бунтови, промени, што потоа?!

Златко Јакимовски

zlatko jovanovskiСеријата граѓански протести во последниот период, организирани од движењето #Протестирам, а познати како Шарена револуција, едноставно не можат да не побудат интрига кај секој поединец со изразена социјабилност. Навестувајќи го крајот на една епоха, Шарената револуција полека ги отвара дилемите на новото уредување и го поставува прашањето за граѓанскиот придонес во промените кои претстојат, а кој би требало да биде каузален, одлучувачки, а не аксесорен, споредено со придонесот на политичките партии.

Повеќе
  5571 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè