fbpx
 

Да се опстане во светот на пост-вистината

Даниел Т. Блумстајн (Daniel T. Blumstein)

Daniel BlumsteinИ покрај лагите кои некои политичари ги продаваат, фактите уште се важни, а точното сфаќање на тие факти е од пресудна важност за опстанок. Го знам ова затоа што често ги гледам смртоносните последици од погрешно разбраните факти.

Повеќе
  2763 Кликови
  0 Коментари

Стоп на кич патриотизмот под државна капа за Илинден

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiНовата влада и Министерството за култура треба да ја прекинат својата поддршка во рамките на научно-културните средби „Десет дена Крушевска република“ и во иднина да биде вклучено пристигнувањето на коњаниците „Илинденски марш 1978“ од Лисиче, бидејќи тоа претставува псевдо историски настан кој не се темели на научно поткрепени факти и настани врзани за Илинденското востание. Никој не го оспорува правото да се продолжи со Маршот, кој секоја година почнува на 27-ми јули, но тој треба да биде граѓанска иницијатива, која не е дел од државното одбележување.

Повеќе
  7422 Кликови
  1 Коментар

„Трета мајка“ за чествување на Илинден

проф. д-р Тодор Чепреганов

Todor Cepreganov 200x250Најдобар пример за чествување заеднички празник од минатото меѓу две соседни држави е денот „Д“ на Франција и Германија. Се користи за давање почит кон сите загинати на тој ден, а воедно и како можност за зближување, поврзување, па и за помирување и простување, но не и за заборавање. Каде во заедничкото чествување на Илинден е чинот на извинување на Бугарија за се` што има направено во и на Македонија низ историјата?!

Повеќе
  5700 Кликови
  2 Коментари

Ерупција на локалните референдуми

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија Езерото кое е прогласено за споменик на природата. Со локалните референдуми, граѓаните одлучија да ја напуштат послушноста кон партиите и нивните лидери, да стапат непосредно на политичката сцена и да ја покажат својата моќ.

Повеќе
  11689 Кликови
  0 Коментари

Три причини зошто ВМРО-ДПМНЕ треба да замине во историјата

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogМакедонското општество треба да расчисти дали го доживува Никола Груевски како франкенштајновска аномалија на ДПМНЕ или како вмровски производ пар екселанс. Оваа дилема на „кокошката VS jajцето“ не може да ја реши никакво обвинение на СЈО, ниту пак судска пресуда. Кажано со груевистички речник, неа навистина мора да ја реши – народот.

Повеќе
  9591 Кликови
  0 Коментари

Зошто се во право реформаторите на партиите?

проф. д-р Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Менувањето на сликата за партијата не се постигнува со шминкање или со „гола пропаганда“, туку со промена на нејзиното дејствување, нејзините клучни политики и на носителите на тие политики. Враќајќи го СДСМ на неговиот граѓански концепт и отфрлајќи го кокетирањето со финансиската олигархија, Заев и новото политичко раководство ја ребрендираа партијата. И иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ се на добар пат со барањата за внатрешно демократизирање на партијата.

Повеќе
  3875 Кликови
  0 Коментари

Кои реформи му се неопходни на образованието во наредниот период?

проф. д-р Ненад Новковски

nenad novkovskiВо образованието едновремено беа правени промени во неколку циклуси што се поврзани, пред да се сочека да бидат завршени промените во претходниот циклус на кои би требало да се надоврзе следниот. Како резултат на тоа, образовниот систем наместо да биде еден од најстабилните потсистеми на општеството, стана генератор на големи нестабилности во други општествени сфери.

Повеќе
  4403 Кликови
  0 Коментари

Теориите на заговор како популистичка алатка за релативизирање на вистината

м-р Борјан Ѓузелов

borjan gjuzelov 200x250

Популистичките режими се служат со лажни вести и теории на заговор за да ја релативизираат вистината и да го зацврстат своето демагошко владеење.

Повеќе
  6043 Кликови
  0 Коментари

Како да се спречи нова партиска чистка

Гоце Трпковски

goce trpkovski webslikaМалку внимание се обрнува на тоа дека партиската чистка не подразбира само отпуштање од работа. Една од најголемите чистки се случува во т.н. трет ешалон на власта. Именуваните функционери, директори, раководители, и други позиции, редовно се предмет на распределба меѓу коалициските партнери, и на централно и на локално ниво.

Повеќе
  4802 Кликови
  0 Коментари

Суперкупот и непостоечкиот план за евакуација на арената „Филип Втори“

Милорад Стојмановски

Milorad Stojmanovki 200x250Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. Лично Бутрагењо и Саха дојдоа во Скопје да го промовираат, од 13 јуни веќе е почнато аплицирањето за влезници со локација Скопје, македонските екипи во еврокуповите се „избркани“ за да се сочува тревникот, Реал и Манчестер резервираа хотели, а од последната контрола, на 23 јули, до 8 август останува премалку време за евентуални промени. Но ако се пропушти и оваа шанса за поправање на пропустите, пред сѐ на безбедносните стандарди, опасноста ќе остане да ни виси над глава.

Повеќе
  4182 Кликови
  0 Коментари

Зошто треба да го заштитиме Скопје 2014?

проф. д-р Минас Бакалчев

minas bakalcev 200x250Скопје 2014 треба да стане продуктивна основа за реконтекстуализација на градот, поттик за критика, развој и за можна креативна ретроактивна логика на градот. Затоа сите фасади, сите згради, сите мостови, сите канделабри, сите скулптури, сите балустради, сите палми, треба да се видат и на друг начин, да станат повод за креативно преобмислување на градот.

Повеќе
  19839 Кликови
  1 Коментар

Пет еколошки приоритети за новиот владин состав

Кирил Пржо

Przo200x250Доаѓањето на новата владина гарнитура треба да донесе промени во областа на заштитата на животната средина. Креирање национална стратегија за загадување на воздухот, заштита на урбаното зеленило, унапредување на мрежата на заштитените подрачја, прогласување на Шар Планина за национален парк и заштита на балканскиот рис треба да се првите приоритети на кои треба да се работи.

Повеќе
  6418 Кликови
  0 Коментари

Наместо економска обнова во 100 чекори, ни треба економска слобода веднаш!

академик Абдулменаф Беџети

Abdulmenaf Bedzeti 200x250Со најавата на новата влада за ребаланс на буџетот во септември, во последното тримесечје од фискалната година нема да може да се рационализира, крати и штеди речиси ништо, освен нереализираните капитални инвестиции, односно таму каде најмалку треба. Како да го гледаме истиот „фискален“ филм од 2009-тата до денес. Ако нешто е најитно, тоа е ребаланс на буџетот. По 3-4 месеци можен е и втор ребаланс! Зарем ништо не е научено од Ставрески, кој во текот на кризата правеше по два ребаланси годишно!

Повеќе
  6163 Кликови
  0 Коментари

Хулиганското навивање го уништи славјето на улиците на Скопје

м-р Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Откако „Вардар“ го освои пехарот на ракометната Лига на шампиони се испиша уште една страница од спортската историја на независна Македонија. Таа страница ќе беше беспрекорно чиста и целосно за гордеење ако не беа националистичките и фашистички извици на одредени навивачи кои ја славеа шампионската титула на улица.

Повеќе
  9283 Кликови
  0 Коментари

Трнливиот пат на новата Влада кон реформите и ЕУ

м-р Ардита Абази Имери

ardita abazi imeri 200x250Одвојување на државата и партијата, итни реформи за независно судство, реформска јавна администрaција и ставање крај на деструктивниот национализам се некои од реформите со кои Македонија може да ја врати демократијата и владеењето на правото и да ја одблокира евроатлантската интеграција.

Повеќе
  10175 Кликови
  0 Коментари

Неуставни и незаконски игри со локалната власт

д-р Маја Стојанова

Maja Stojanova 200x250Договорот меѓу политичките партии да го продолжат мандатот на градоначалниците до 15 октомври, кога треба да се одржат локалните избори, не е трајно решение. Со него повторно не е креирана правна ситуација на која може да се повикаме во случаи кога локалните избори не можат да бидат распишани навреме. Трајното решение е можно само преку законски измени, а тоа е во рацете на Собранието.

Повеќе
  3571 Кликови
  0 Коментари

„Џелат“ или заштитник на пазарот: Комисијата за заштита на конкуренцијата

м-р Константин Битраков

kostantin bitrakov 1Комисијата за заштита на конкуренцијата е пазарен „џелат“ кој може да ги изрече највисоките глоби во македонскиот правен систем. Тие достигаат и до 10 проценти од вредноста на вкупниот годишен приход на една компанија. Има ли доволно гаранции за независноста на оваа комисија, чиј замав може да урниса цели компании?

Повеќе
  4094 Кликови
  1 Коментар

Три работи што идната влада ќе мора да ги направи за економијата

проф. д-р Никола Поповски

nikola popovski 200x250Ако главната економска цел на Владата е зголемување на стапката на стопанскиот раст и намалување на сиромаштијата, тогаш е важно да се направат неколку приоритетни работи: фискална консолидација, промени во даночниот систем и враќање на довербата во државата како непристрасен регулатор на економскиот живот.

Повеќе
  13310 Кликови
  1 Коментар

„Кембриџ“ треба да се прилагоди на возраста на учениците

М-р Ирена Христовска

irena hristovska 200x250Реформи во образованието секако дека се потребни, но тие треба да се базираат на цврсти докази поткрепени со позитивни резултати за напредок. Можеби е кус периодот од воведувањето на најкрупната реформа во образованието, адаптираните програми според Кембриџ. Сепак, досегашното искуство покажува дека тие треба да се реорганизираат.

Повеќе
  9999 Кликови
  3 Коментари

Живееме прилагодени на интернетот или интернетот ни го определува животот

Александар Самарџиев

Aleksandar SamardjievПостојат кафе барови каде стои натпис дека немаат интернет па препорачуваат луѓето да си прават муабет како порано.  Некои користат интернет и додека се во тоалет.  Основачот на Фејсбук сака да донесе интернет до секој човек на планетата. Треба ли интернетот да се користи во секој аспект од животот или значително помалку?

Повеќе
  5853 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè