fbpx
 

Заживеаните евро-перспективи на Западен Балкан

Алфонс Ракаџ и Леони Ракаџ Вругтман

Rakaj RakajСолидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

Повеќе
  1236 Кликови
  0 Коментари

Четири приоритети за Глобална стратегија за пандемијата

Џозеп Борел (Josep Borrell)

Josep Borrell 200x250Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно. Сега е јасно дека единствен излез е заедничката соработка.

Повеќе
  961 Кликови
  0 Коментари

Вештачката интелигенција ќе има огромно влијание врз глобалната политика во следниве десет години

ALB  ENG

Сабин Селими

Sabin Selimi 200x250За правилно постапување по прашањето на ВИ, потребна ни е посилна соработка помеѓу државните институции: владите, агенциите за спроведување на законот, правосудството и парламентите; приватниот сектор, академијата, граѓанското општество и општата јавност.

Повеќе
  1412 Кликови
  0 Коментари

Истражувањето на вселената како „стратешка неопходност“

Алфред Марлеку

alfred marleku200x250Креаторите на политики, државите и проучувачите на меѓународното законодавство за Вселената, треба да размислат за ажурирање и унапредување на законодавството од оваа област, со цел вселената да продолжи да се смета како потенцијал за развој на целото човештво и во следните 50 години.

Повеќе
  1708 Кликови
  0 Коментари

ЕУ постојано ги разочарува Балканските земји

Сабин Селими

Sabin Selimi 200x250ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

Повеќе
  1374 Кликови
  0 Коментари

Британското напуштање на ЕУ може да ја подели Европа и да доведе до конфликт

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiБрегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомнеж ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент. Историјата не учи дека во минатото поделбите на Европа, многу често, воделе кон конфликти од регионални или од светски размери.

Повеќе
Тагови:
  1645 Кликови
  0 Коментари

Исцрпувачката опсесија на САД со Блискиот Исток

Брама Челани (Brahma Chellaney)

Brahma Chellaney 200x250Претседателот на САД, Доналд Трамп, во една прилика потврди дека сè додека се заглавени во бескрајни војни на Блискиот Исток, САД нема да може да вложи значајни напори за справување со заканите од Кина. Но, тоа не го спречи да продолжи со контра-продуктивниот американски интервенционизам на Блискиот Исток.

Повеќе
  1218 Кликови
  0 Коментари

САД се движат кон автократија по судењето на претседателот Трамп

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Судењето на претседателот Трамп во Сенатот без сведоци и толерирањето на опструкцијата на Конгресот од страна на Белата куќа покажуваат дека САД забрзано се движат од демократија кон автократија. Во услови на длабока партиска поделеност на сенаторите, таквиот преседан на судењето целосно го обесмислува импичментот како уставно средство за контрола на извршната власт. По случајот „Украина“ - САД не можат веќе да бидат пример на другите земји во нивната борба против корупцијата, ниту можат да бидат пример за владеење на правото.

Повеќе
  2452 Кликови
  0 Коментари

Се вмешува ли Русија во македонските избори?

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Пред изборите на 12 април, се чини дека Москва го има својот фаворит во Македонија. Таа од свои најегоистични причини, полага надеж во можната победа на Мицкоски на изборите, кој е единствената надеж ВМРО да остане продолжена рака на руската дипломатија во Македонија. Зошто? Затоа што Мицкоски е единствениот лидер на сериозна политичка партија кој од една страна постојано повторува дека неговата партија е за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, но истовремено е и за поништување или измена на „капитулантскиот договор“ со Грција со кој беше овозможено тоа членство.

Повеќе
  5903 Кликови
  0 Коментари

Брегзитот е шанса да се укинат британските визи за македонските граѓани

д-р Ненад Живановски

nenad ziavainovskiМакедонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото Кралство. И сопствениците на дипломатски пасоши не се ослободени од тоа, ниту оние кои транзитно патуваат преку тамошните аеродроми.

Повеќе
  5224 Кликови
  0 Коментари

Пиротехничка влада

Зоран Димитровски

zoran dimitrovski 200x250Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања. Техничката влада треба да ја води непартиски државен чиновник, универзитетски професор, правен експерт или друга јавна личност која ужива углед како политички непристрасна, како што е во некои европски земји. Во спротивно, Пржинската влада сто дена пред избори, ќе продолжи наместо техничка, да биде пиротехничка.

Повеќе
  2137 Кликови
  0 Коментари

Мора да се стави крај на песимизмот на Европа

Ана Паласио (Ana Palacio)

Ana Palacio 200x250И покрај песимизмот што ја обзема Европа во последните години, факт е дека ЕУ сè уште е економска и регулаторна суперсила, со огромен дипломатски потенцијал. Ако нејзините граѓани го разберат тоа и си ја вратат колективната самодоверба и преземат конструктивни дејствија, тогаш ги очекува светла иднина.

Повеќе
  1265 Кликови
  0 Коментари

Отповикувањето на претседателот Трамп

Проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци. Републиканците и демократите се закопани длабоко во своите ровови и не гледаат подалеку од партиските интереси. Затоа, Трамп нема да биде отповикан од претседателската функција иако е обвинет за тешки кривични дела и за флагрантно кршење на Уставот на САД.

Повеќе
  2448 Кликови
  0 Коментари

Со развој на цивилната сателитска технологија до поевтини геопросторни податоци

Тимурленк Чековиќ

timurlenk cekovic200x250Во текот на следните месеци и години, компаниите што се занимаваат со сателитски снимки планираат да постават неколку десетици нови сателити во орбитата и очекуваат да постигнат дневна „стапка на освежување“ – нови слики од делови на планетата – барем еднаш на секои 24 часа.

Повеќе
  1884 Кликови
  0 Коментари

Трговските договори помеѓу ЕУ и Меркосур или колку не трујат во интерес на профитот

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Мора да се внимава со увозот на производи од Јужна Америка, посебно храна, соја и џигер од Бразил, говедско од Аргентина и користењето на глифосатот. На списокот земји кои го забраниле глифосатот, Македонија ја нема, но тоа не треба да значи дека храната е целосно безбедна.

Повеќе
  2429 Кликови
  0 Коментари

Години на понижување на Европа

Славомир Шираковски (Sławomir Sierakowski)

Slawomir Sierakowski 200x250Европската унија ја заврши 2019 година навидум беспомошна и резигниранa во пресрет на најголемите предизвици. Ако продолжи оваа стагнација, прашање е само дали Европа ќе стане сателит на САД или Кина.

Повеќе
  1497 Кликови
  0 Коментари

Зелениот договор или ќе ја обедини или ќе ја раздели Европа

Марк Ленард (Mark Leonard)

Mark Leonard 200x250Новото раководство на Европската унија одлучи да вложи голем дел од својот политички капитал во план со кој Европа ќе се позиционира како светски лидер во транзицијата кон економија со нула нето емисии на јаглерод диоксид. Но, ако голем дел од избирачите се чувствуваат како да се жртвуваат за зелена алтернатива, планот никогаш нема да мрдне од нулта точка.

Повеќе
  1388 Кликови
  0 Коментари

Првиот чекор до Балкан без граници: Бенелукс или Шенген?

ALB  SR

Јована Маровиќ

Jovana Marovic 200x250„Мини Шенген“ се покрена како идеја во моментот кога државите од Западен Балкан, фрустрирани од политиката на ЕУ кон регионот, решија да преземат независни чекори за интеграција. Иако е исклучително корисна, иницијативата може да го постигне својот целосен потенцијал само ако учествуваат сите држави во регионот, а треба да доведе и до целосно укинување на внатрешните граници.

Повеќе
  2168 Кликови
  0 Коментари

Победата на Џонсон е загуба за моќта на Британија

Гордон Браун (Gordon Brown)

Gordon Brown 200x250Откако доби мандат на изборите, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, најверојатно без никакви одлагања ќе се зафати со претходно зацртаните планови за укинување на владината Агенција за меѓународен развој и пренесување на нејзините должности на дипломати во Министерството за надворешни работи. Но, иако дипломатијата и развојот се клучни за меката моќ на Британија, тие никако не може да се поистоветат.

Повеќе
  1417 Кликови
  0 Коментари

Договорот за добрососедство е брана за негирањата од Бугарија

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Бугарија не може да бара со некаков нов договор или со декларација да прифатиме дека македонската нација и македонскиот јазик се без сопствена историја и корени. Тоа не спаѓа во сферата на политичките одлуки. Тоа е сфера на политичкото убедување, на научното докажување, па и на човечкото верување кое се гради во секоја нација и опстојува врз основа на вистини, но и на митови и митологизации. Тоа е сфера во која никој не може да тврди дека има монопол на вистината.

Повеќе
  3875 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè