fbpx
 

Значењето на членството во ЕУ и НАТО за Република Македонија

вон. проф. д-р Јулија Брсакоска Базеркоска

julija b bezerkoskaРепублика Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани. За да го постигне ова потребни ѝ се сојузи и сојузници и на глобално и на регионално ниво.

Повеќе
  4939 Кликови
  0 Коментари

Неопходноста од јавен простор и дебата и Договорот за името

д-р Јана Лозаноска

Jana Lozanoska 200x250Можни се правни и политички импликации кои Договорот за името и комплексниот член 1 може да ги повлечат и внатрешно и надворешно. Тоа не само што ќе се одрази на сегашноста, туку и на иднината, а со тоа и на минатото, и поради тоа неопходна е исцрпна научна и јавна дебата пред да се пристапи кон било какви промени за кои граѓаните не се ни запознаени.

Повеќе
  5518 Кликови
  0 Коментари

Причините поради кои Уставниот суд ќе го поништи илегалниот референдум за „Северна Македонија“

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasiev200x250Со распишувањето на недозволениот консултативен референдум за најважните државно-правни прашања, за кои уставотворецот јасно и изрично предвидел облигаторен и задолжителен референдум, Собранието цели кон тоа, неосновано, да им ја одземе одлучувачката позиција на граѓаните што изрично им ја гарантира Уставот!

Повеќе
  35551 Кликови
  0 Коментари

Договорот со Грција и уставните промени

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Причините за настанување на Договорот со Грција се од внатрешен, а не од надворешен карактер. Тоа не го гледаат опонентите на Договорот, иако е видливо дека судирот со Грција започнува уште од самиот почеток на формирањето на македонската држава - со Манифестот на АСНОМ од 1944 година. Во тој документ недвосмислено се изразува ,,неостапно сакање“ за обединување на Македонија. Доблесно е што владите на двете држави одлучиле судирот да го отстранат по 74 години негово опстојување и што односите меѓу Грците и Македонците сакаат да ги направат пријателски како во времето на ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и ДАГ (Демократска армија на Грција). Таков потег можат да преземат само левичарски влади, со европска ориентација и космополитски поглед.

Повеќе
  13579 Кликови
  2 Коментари

Европските десничарски движења не ја заобиколуваат Македонија

Соња Стојадиновиќ

Sonja Stojadinovic 200x250Слоганите на Тврдокорните и на Христијанските браќа не можат да се разликуваат од десничарите кои како чума се шират низ Европа. Со извиците „Чиста Македонија“, со името Христијански браќа, отворено се декларираат рамо под рамо со нео нацистите од Полска кои бараат чиста полска нација.

Повеќе
Тагови:
  4976 Кликови
  1 Коментар

Позицијата на политички Берлин за Преспанскиот договор е различна од германските научни сознанија за македонското прашање

м-р Свето Тоевски

sveto toevski200x250Во поглед на Преспанскиот договор, политичкото раководство на Германија треба да се потпира на сознанијата на својата научна, културна и филозофска елита, која три векови предничи во светот со објективните истражувања за македонскиот народ, јазик, култура и идентитет.

Повеќе
  6803 Кликови
  0 Коментари

Зошто Договорот со Грција не е „капитулантски“?

проф. д-р Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Секое бојкотирање на Договорот значи застанување на страната на оние кои немаат сериозни и валидни аргументи за неговата штетност. Тоа значи застанување на страната на оние кои не сакаат да дадат одговор што ќе се случува со нашата земја ако ја пропуштиме и оваа можност за интегрирање во НАТО и во ЕУ, незвисно од тоа кој е на власт сега.

Повеќе
  6368 Кликови
  1 Коментар

Неуспешниот референдум значи дефинитивен крај на т.н. Преспански договор

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasiev200x250На 30 септември 2018, доколку граѓаните не сакаат да бидат соучесници на туѓи агенди и платформи и доколку тие достоинствено одбиваат правно да се самоукинат, најдобро е тоа неделно попладне воопшто да не излезат на ова наместено референдумско гласање.

Повеќе
  14954 Кликови
  6 Коментари

Договорот со Грција низ призмата на меѓународното право: водич за почетници

м-р Весна Попоска

Vesna Poposka 200x250Меѓународно-правната позиција на договорот е кристално чиста: договорот својата правна основа ја наоѓа во резолуциите на Советот за безбедност на ООН и ја еманира јасно изразената волја на меѓународната заедница за разрешување на несогласувањата помеѓу двете земји. Тоа навлегува во она што пи-ар службите забораваат да го спомнат: дека не е името, туку времената референца она за што се преговарало.

Повеќе
  3702 Кликови
  0 Коментари

Постигнувањето на Кофи Анан

Рамеш Такур (Ramesh Thakur)

Ramesh Thakur 200x250Потрајната дамка на угледот на Анан беше неговата одговорност за рестриктивните толкувања на овластувањата на ООН за мировните операции во Руанда и Сребреница, Босна, во периодот 1994-1995 година. Всушност, некои луѓе тврдат дека Анан никогаш не ја платил политичката цена за овие две пропусти во должноста.

Повеќе
Тагови:
  1540 Кликови
  0 Коментари

Без Договорот со Грција, Македонија и натаму ќе остане без државно име на меѓународен план

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Уставното име е неодбранливо, иако е признато од 137 држави во светот. Во негова одбрана застана само Арбитражната (Бадeнтерова) комисија на Европската заедница во јануари 1992 година. Драмата на спорот околу името произлегува од зборот ,,Македонија“ и од неговото различно поимање од страна на Република Македонија и Република Грција. Ако Договорот со Грција не помине на референдумот на 30 септември, акронимот ,,фиРОМ“ останува во трајна употреба во Обединетите Нации, а Република Македонија ќе се лиши од можност да стане членка на Европската Унија.

Повеќе
  2694 Кликови
  0 Коментари

Референдумското прашање е спротивно на европските стандарди утврдени од Венецијанската комисија

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasiev200x250Собраниската Одлука за распишување на референдумот за планираната и наметната промена на уставното име на Република Македонија не е во склад со конституционалниот концепт на народен, т.е. граѓански суверенитет и дозволува неприфатливо мешање во иманентно внатрешните работи на Републиката, оти во јавното право нема повнатрешно прашање од прашањето за уставот на една суверена држава.

Повеќе
  8427 Кликови
  0 Коментари

Пред секоја болница по еден тенк

д-р Здравко Савевски

zdravko saveski1Настрана од прашањето околу името, зачленувањето во НАТО ќе има реперкусии по нашиот животен стандард, реперкусии кои не смееме да ги занемариме, реперкусии поради кои ниту под уставното име не треба да прифатиме зачленување во НАТО.

Повеќе
  9778 Кликови
  0 Коментари

Четири мита во Илинденскиот говор на Иванов и во кампањата за бојкот на референдумот

Кристијан Фидановски

Kristijan FidanovskiblogКако во медиумите, така и на социјалните мрежи, Илинденскиот говор на Иванов привлече далеку повеќе внимание од говорот на премиерот Заев. Но тој што зборува погласно, не секогаш кажува повеќе.

Повеќе
  9287 Кликови
  0 Коментари

Фокус кон „внатре“ - барање од ЕУ и/или насушна потреба на Република Македонија?

проф. д-р Силвана Мојсовска 

silvana mojsovskaОдговорноста треба да биде фундаментот врз основа на кој ќе биде поставен процесот на внатрешни реформи во Република Македонија и тука не смее да има отстапувања, независно во која политичко-економска констелација ќе се проектира државата.

Повеќе
Тагови:
  5468 Кликови
  0 Коментари

Одлуката на референдумот е налог за пратениците и претседателот Иванов

проф. д-р Светомир Шкариќ 

svetomir skarik 200x250Во фокусот на референдумското прашање треба да биде Договорот, така како што е насловен, со полно име. Референдумското прашање треба да гласи: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Повеќе
  10509 Кликови
  7 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè