fbpx
 

Лажните придобивки од слободните економски зони

Константин Битраков

kostantin bitrakovТехнолошко-индустриските развојни зони се економска преродба или економски спин? Истражувачите ги истакнуваат огромните трошоци кои ги сноси државата за поддршка и помагање на инвеститорите во слободните зони. Без измени на законодавството, власта со парите на граѓаните само ќе продолжи да им „плаќа“ на инвеститорите да вложуваат во зоните, без притоа крајниот бенефит да го почувствуваат самите граѓани.

Повеќе
  7751 Кликови
  0 Коментари

Битката за заштита на јавниот интерес низ призмата на Чешка

Зоран Ќука

zoran kjuka„Работа на медиумите е да ја заинтересираат јавноста за јавниот интерес“. Ова е една од многуте искажани „мудрости“ која има значење и на исток и на запад. Борбата за здраво демократско општество во која е клучна улогата на медиумите како чувари на демократијата никогаш не престанува, бидејќи независноста на медиумите е се уште релативна и во таканаречените слободни општества.

Повеќе
  2891 Кликови
  0 Коментари

Јавниот интерес во медиумите – заложник на бизнисот и власта!

Петрит Сарачини

petrit saraciniВо отсуство на постојаност во медумската политика и јасно дефиниран јавен интерес во медиумите, низ годините, медиумите се` повеќе стануваа плен на политичкиот и економскиот интерес, занемарувајќи го интересот на широката јавност. Наместо одговорни пред јавноста, тие станаа поле на борбата помеѓу парцијалните интереси отсликани во уредувачката политика. Најголем губитник е граѓанинот.

Повеќе
  7442 Кликови
  0 Коментари

Ловење на големите риби: oд селективна пасивност кон бескомпромисна активност?

м-р Борјан Ѓузелов

borjan gjuzelovЌе успее ли Специјалното јавно обвинителство предводено од Катица Јанева да започне поширока борба против корупцијата од високо ниво? Возможно ли е само една институција да ја демонтира ваквата корупција и да го реши проблемот на „заробена држава“ каде што институциите наместо решение, претставуваат дел од проблемот?

Повеќе
  4212 Кликови
  0 Коментари

Растот на јавниот долг во Македонија

проф. д-р Никола Поповски

nikola popovskiЈавниот долг на Македонија постојано расте. Расте вкупниот долг, расте надворешниот долг, расте внатрешниот долг, расте неговото учество во бруто домашниот производ (БДП). Таа појава е особено загрижувачка за економијата, но и за општеството.

Јавниот долг по дефиниција претставува акумулиран буџетски дефицит, односно состојба кога јавните раходи на државата се повисоки од јавните приходи. Сведоци сме дека буџетските дефицити во Македонија постојано се високи и сè уште растат. Во последниве седум години (2009-2015), на пример, тие кумулативно изнесуваат околу 23 отсто од БДП или просечно околу 3,3 отсто од БДП годишно. Според моите пресметки, кумулираниот апсолутен износ на дефицитот во овој период е околу 1,8 милијарди евра и затоа не треба да сме изненадени што и јавниот долг постојано се зголемува.

Повеќе
  8247 Кликови
  1 Коментар

Колку се „економски“ мигрантите што не се бегалци од војна

Гоце Трпковски

goce trpkovskiЕдна од највпечатливите карикатури за бегалската криза во Европа беше онаа што прави алегорија со средновековниот лов на вештерки. Жената виси на лост над река и чека да биде спуштена, а извршителот на тоа дело вели - ако потоне, значи е бегалец, а ако плови, тогаш е економски мигрант. Секако, ситуација во која нема поволен излез за жртвата.

Повеќе
  3946 Кликови
  1 Коментар

Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот

Кирил Пржо

kiril arsovskiИнформациите за загадувањето на воздухот во Македонија, нас, граѓаните, не доведуваат во состојба како кога имаш камче во чевелот што ти пречи, но не знаеш колкаво е, од каде е, колку време ти е во чевелот и како ќе влијае врз твоето здравје. Никој во Македонија не знае точно колку е загаден воздухот бидејќи податоците кои се достапни во државава се непрецизни и не може да ги сметаме како вистинити.

Повеќе
  5660 Кликови
  0 Коментари

Загадување на воздухот: требаат енергични мерки за да не дишеме на „жабри“

м-р Анета Шијакова

aneta sijakovaПовеќето општини во Македонија изготвија локални еколошки акциски планови, но константната загаденост на воздухот укажува дека недостигаат стратегиски и долгорочни решенија. Непреземањето на енергични мерки за ваков сериозен проблем не смее да се толерира, особено што во државата има експерти со релевантни предлози од оваа област. Истовремено, Македонија не е првата држава во светот која се соочува со загадување на воздухот и треба да ги искористи добрите практики од други земји за да се справи со овој проблем.

Повеќе
  6978 Кликови
  0 Коментари

Тајните за прислушкувањето

м-р Предраг Тасевски

predrag tasevskiOд почетокот на годината, поточно од 9 февруари до денес, граѓаните се опседнати со аудио-снимките од прислушкуваните телефонски разговори и транскриптите од таканаречените „бомби“ кои ги објави опозицијата на своите прес-конференции. Станува збор за вкупно 36 „бомби“ кои се достапни на веб страницата на ПРИЗМА - Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор. Скандалот предизвика политичка криза, чија разрешница по Договорот од Пржино и формирањето на специјалното обвинителство треба да ги открие и вистинските виновници за неовластеното прислушкување.

Повеќе
  6550 Кликови
  0 Коментари

Кои се алтернативите на децата од улица?

м-р Анета Шијакова, новинар

aneta sijakovaСпоред податоците на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ 18.500 деца во Македонија се исклучени од основно образование, a 30 отсто од нив се без родители и родителска грижа. Под притисок на ваквите фактори дел од нив стануваат деца на улица. Македонија тешко се справува со сиромаштијата и социјалната исклученост на овие наши сограѓани.

Повеќе
  4371 Кликови
  0 Коментари

Како да се врати јавниот интерес во јавниот сервис - МТВ?

м-р Зоран Димитровски, уредник во „Фокус"

zoran dimitrovskiМора да се шегуваат! Ваква ми беше првата реакција кога од Македонската радио-телевизија неодамна објавија дека ќе донесат Етички кодекс, а Здружението на новинарите на Македонија побара да почекаат со неговото усвојување и да го остават во нацрт-фаза, пред за него да се изјасни и своите забелешки да ги достави новинарската фела.

Повеќе
  2862 Кликови
  0 Коментари

Универзитетската автономија – етичко или законско право

проф. д-р Весна Шопар, Институт за комуникациски студии

vesna soparЗаконот за високо образование до сега има претрпено бројни реформи. Последните предизвикаа најсилна реакција на академската и пошироката јавност со сериозни предупредувања за атак врз автономијата на високо-образовните институции во Македонија. Нормативно, Уставот на РМ гарантира универзитеска автономија (член 46), а постоечкиот Закон за високо образование (член 11) дефинира дека академската автономија ја гаранитира интелектуалната слобода на членовите на академската заедница и творечката природа на истражувачкиот и образовниот процес, како врвни вредности и способности. Проблемот се појавува ако на универзитетската автономија се пристапи етички.

Повеќе
  3587 Кликови
  1 Коментар

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè