fbpx
 

Од иста ситуација не може да се продуцираат две вонредни состојби

Димитар Апасиев

dimitar apasiev picture

Претседателот на РМ – сосема противуставно, паушално и арбитрарно, донесе нова, т.е. втора деклараторна Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба дополнителни 30 дена (што значи, вкупно, 60 дена)!? Токму овој спорен акт е правно недозволив чин на пречекорување на уставните овластувања на Претседателот на РМ, затоа што тој се темели на веќе исцрпена, потполно иста фактичка и правна ситуација која била причина за прогласувањето на првичната вонредна состојба!

Повеќе
  4306 Кликови
  0 Коментари

Противуставноста на можноста за суспензија на урбанистичките планови

Иван Колевски 

Ivan Kolevski200x250Новото законско решение за урбанистичко планирање, изгласано пред распуштањето на Собранието, ја легализира можноста општините да прогласуваат „мораториум“ во примената на веќе донесените урбанистички планови, но тоа не е во согласност со Уставот и со Законот за локална самоуправа, според кој единиците на локалната самоуправа имаат право да донесуваат и да менуваат урбанистички планови, но не и да ги суспендираат од примена откако се донесени.

Повеќе
  1199 Кликови
  0 Коментари

Парадоксалната положба на претседателот

проф. д-р Светомир Шкариќ

Претседателот на Републиката се наоѓа во парадоксална положба. Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план. Против ваква неправда не се побунил ниту еден од предходните претседатели. За разлика од нив, новиот претседател веќе бара решение за подобрување на состојбата. А решението може да се најде ако се определи за поширока употреба на указите и ако на јасен и предвидлив начин ги димензионира обраќањата и пораките до Собранието и граѓаните. Тоа би значело значително иновирање на претседателската функција и нејзино подигање на повисок ранг.

Повеќе
  2410 Кликови
  0 Коментари

Поделбата на општеството на „про-западно“ и „про-источно“ оневозможува аргументирана дебата за „НАТО ефектот“

МК   ALB

м-р Џелал Незири

Xhelal blogМакедонија, нејзините институции и факторите кои го одредуваат политичкиот курс во земјата несомнено треба да го задржат овој курс, не заради западот или истокот, туку затоа што оваа обединувачка ориентација за сите партиски, етнички или религиозни групи е единствениот начин кој гарантира мир и развој.

Повеќе
  1552 Кликови
  1 Коментар

Собраниската одлука за уставни измени не може да произведе правно дејство

доц. д-р Димитар Апасиев 

dimitar apasiev200x250Виртуелното создавање на некаков си имагинарен „правен основ“, на мала врата, да се заобиколи народната волја и одлуката на граѓаните од задолжителниот Референдум 1991 во иднина да не биде обврзувачка за Собранието е правно недопустливо и невозможно да се изведе без правење стек на тешки кривични дела од сферата на сериозниот т.н. антидржавен криминалитет, за кои е пропишана максимална затворска казна од 15 години.

Повеќе
  12252 Кликови
  3 Коментари

Прво промена на Уставот, а потоа референдум за членство во НАТО!

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот. Оттука владиното и парламентарното мнозинство треба да се концентрираат на најважната цел. Обезбедување мнозинство за промена на Уставот, негова промена заедно со импичмент на претседателот Иванов и дури тогаш референдум кој е задолжителен при влегување во сојуз со други држави и за проверка на исправноста на одлуките.

Повеќе
  9285 Кликови
  1 Коментар

Уставот не дозволува опструкција за конституирање на Собранието

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Уставот на Република Македонија не дозволува опструкција за конституирање на Собранието и формирање на Владата на Република Македонија. Роковите за нивно формирање се фиксни (преклузивни), без можност за нивно пролонгирање, под никакви околности и со никакви политички условувања од страна на било кој.

Повеќе
  12284 Кликови
  0 Коментари

Без оглед дали ќе биде поништена или не, аболицијата нема правна сила

доц. д-р Димитар Апасиев

dimitar apasievКонтроверзната и избрзана „аболиција“, дадена ненадејно од страна на Претседателот на РМ – проф. д-р Ѓорге Иванов, може да се спори по најмалку три правни основи. Притоа, заклучокот до кој ќе дојдеме е дека таа е противправен, уставно невалиден и законски недопуштен правен акт кој не може да произведе никакво правно дејство, по сите долунаведени основи.

 

Повеќе
  20929 Кликови
  0 Коментари

Да се запре власта – тоа е суштината на Уставот

д-р Димитар Апасиев

dimitar apasievНека овде ми биде дозволено стручно да спорам со уставните судии, провоцирајќи ја нивната професионална етика, граѓанска свест и човечка совест, бидејќи „она што е личноста за поединецот, тоа е уставот за општеството“.1 Притоа, јас не би им го поставил Раселовото прашање „Како“ – како тие ги носат одлуките?, туку Шопенхауровото прашање Зошто – зошто, по ѓаволите, постојат во нашиот правен систем?

Всушност, јас ја проблематизирам нивната комотна и неодговорна позиција, јавно прозивајќи ги за тоа што се ставија во улога на уставотворци и законодавци, па преку нечесно изигрување на правото дозволија Претседателот на Републиката повторно да може да помилува педофили, нарко-дилери, терористи и изборни местачи.

Повеќе
  7676 Кликови
  1 Коментар

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè