м-р Петар Гошев
Како и многу други дејности, и земјоделството стана жртва на слабостите во личното обрaзование на Никола Груевски и особено на неговите бескрајно популистички политики. Деновиве, тој нé соочи со уште еден бизарен изум. Патентираше ново развојно решение во областа на земјоделието, а со тоа, наводно и за развој на економијата во целина. Заштитното име на патентот е „Од град во село за нов почеток“.