м-р Петар Гошев
Во рамките на општиот процес на суспендирање на уставната позиција на институциите (таканареченото „киднапирање на државата“ од страна на владеачката врхушка во земјата) се одвива опасен процес на милитаризација на полицијата. De fakto, таа израснува во паралелна војска на АРМ - но, задолжена, главно, за борба против „внатрешните непријатели“ на државата. Поради големата моќ - цивилно неконтролирана - и големите лични привилегии од нејзината злупотреба, сите се „грабаат“ за МВР.