fbpx
 

Одлуката на референдумот е налог за пратениците и претседателот Иванов

проф. д-р Светомир Шкариќ 

svetomir skarik 200x250Во фокусот на референдумското прашање треба да биде Договорот, така како што е насловен, со полно име. Референдумското прашање треба да гласи: „Дали сте за Договор за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанок на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратегиско партнерство меѓу страните?“ „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Повеќе
  9941 Кликови
  7 Коментари

Прво промена на Уставот, а потоа референдум за членство во НАТО!

Ѓорѓи Спасов

Gjorgji Spasov 200x250Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот. Оттука владиното и парламентарното мнозинство треба да се концентрираат на најважната цел. Обезбедување мнозинство за промена на Уставот, негова промена заедно со импичмент на претседателот Иванов и дури тогаш референдум кој е задолжителен при влегување во сојуз со други држави и за проверка на исправноста на одлуките.

Повеќе
  9414 Кликови
  1 Коментар

Референдумите против мигрантите се неуставни и нецивилизациски

проф. д-р Светомир Шкариќ

svetomir skarik 200x250Треба да се создава хармонија меѓу човекот и граѓанинот, а не да се копаат нови ровови помеѓу нив. Одлуките на советите на општините за одржување референдуми против мигрантите го прават второто со цел опозицијата да победи на локалните избори. Се шири страв од нешто што реално не постои, бидејќи престој досега побарале не повеќе од десетина мигранти. Македонија не смее да се однесува на ист начин како и државите што подигаат високи sидови и што покажуваат нецивилизациски однос кон мигрантите. Тоа е спротивно на нејзиниот хоспиталитет и на визијата за Европската унија како космополитска држава кон која тежнее.

Повеќе
  3925 Кликови
  0 Коментари

  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.

    Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил.

    Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите.

    Повеќе

  • 1

Следете нè