Иван Колевски
Новото законско решение за урбанистичко планирање, изгласано пред распуштањето на Собранието, ја легализира можноста општините да прогласуваат „мораториум“ во примената на веќе донесените урбанистички планови, но тоа не е во согласност со Уставот и со Законот за локална самоуправа, според кој единиците на локалната самоуправа имаат право да донесуваат и да менуваат урбанистички планови, но не и да ги суспендираат од примена откако се донесени.