проф. др. Светомир Шкариќ
Повлекувањето на Обединетото кралство (O.K.) од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото. Повлекувањето тангира три испреплетени правни системи - британското, европското и меѓународното право. Резултатотот од расплеткувањето ќе се види дури по три години од напуштање на ЕУ. Тогаш ќе биде видливо дали Брегзитот е успешен или е грешка.